Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Усвоен планот за изградба на хотели под Кале

Без никаква дискусија и забелешки мнозинството во Советот на Општина Центар го усвои Урбанистичкиот план кој предвидува изградба на пет хотели, катна гаража и спортски комплекс под Кале. Истовремено, зелено светло се даде и за новата верзија на ДУП-от кој овозможува надградба на Домот на АРМ за два ката и на трговскиот центар „Плаза“ за еден кат.

Овој план предвидува и подземно паркирање на две нивоа под сегашниот паркинг кај Министерството за транспорт и врски, како и подземно паркирање на два ката кај новата зграда на Уставен суд што треба да се гради пред Комерцијална банка, на левиот брег на Вардар. Подземните паркинзи под паркот „Жена борец“, до парламентот и покрај „Палома Бјанка“, кои во првичната верзија на планот беа планирани да бидат на две нивоа, сега се предвидува да бидат на три ката под земја.

Точките за урбанистичките планови се усвоија за неочекувано кусо време, иако претходно имаше обид да се симнат од дневниот ред. Советникот Иванчо Вучевски од НСДП, со образложение дека сме на прагот на почетокот на изборната кампања, предложи точките воопшто да не се разгледуваат, но предлогот го поддржаа само четворица негови колеги. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 748 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 01.03.2009 12:25:17
Of mori majko, vo "Las Vegas" samo hoteli se gradat, tamam, od Kale ke mozat da ja vidat gostite mizerijata od grad, narecena Skopje. Ha ha ha

Најди! во Утрински
Насловна
Грчката амбасадорка сред Скопје бараше забрана за уставното име
Политичко враќање на Агрон Буџаку
Насловна
Бесрамна злоупотреба на Шишков
Зденко
Блуд и разврат
Буџетот за 2009 стои на стаклени нозе
Премиерот не го цени туѓото време
Продолжува колапсот на стопанството, нема мерки
Балканска фудбалска лига
Неистомисленици
„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција
Зошто секогаш доцниме?