Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Зошто секогаш доцниме?

Исмет Рамадани

Оние што ги следат нашите каприци во политиката велат дека секогаш доцниме кога треба да донесеме важни одлуки за европската перспектива на државата

На една од многуте средби со странски делегации, на времето, како координатор на пратеничката група на Партијата за демократски просперитет, имав разговор со една респективна делегација дојдена во инспекција на политичко-безбедносната состојба и реформите во нашата земја. Шефот на делегацијата во куртоазниот дел на разговорот ми се обрати: „Вие имате прекрасна земја, имате прекрасни луѓе, но вие...!?“ Го разбрав брзо што сакаше да ми каже, го прекинав за момент, се разбира љубезно и со извинување, велејќи му дека ми е јасно - немаме доволно одговорни политичари да се носат со предизвиците на Република Македонија. Тој кимна со главата потврдувајќи дека токму тоа сакал да ми го каже.

Денес, кога го анализирам приодот на одредени политичари на високи функции кон важни прашања во земјата, во истиот момент, по некоја инерција, ретроспективно се враќам на некои случувања и настани во политичките движења од деведесеттите години до денешно време. Тогаш најодговорните политички лидери и државници заслужни за мирната дисолуција на Република Македонија од СФРЈ, не ја искористија доволно таквата предност да воспостават квалитетни механизми за нормален демократски, политички, правен и економски развој на нашата веќе независна и суверена држава. Намерно или од немање храброст и визија, се одеше на дозирани и половични решенија кои продуцираа проблеми во внатрешното уредување, посебно во меѓуетничките односи, а во надворешната политика лесно се наседнуваше на одредени провокации од соседството, на кои често одговорот беше брзоплет и без достоинствен политички и дипломатски речник.



Во 1991 година во фаза на проектирањето на првиот Устав на независна Република Македонија, пратеничката група на ПДП поднесе Декларација за рамноправен статус на Албанците. Во текстот на Декларацијата се третираа прашања од правно-политичкиот статус на Албанците, образованието, јазикот, културата, националните симболи, децентрализацијата и соодветната застапеност на Албанците во институциите на државата. За жал, недостигаше политичка храброст овие прашања да се инкорпорираат на потребно ниво во Уставот на Република Македонија, а како последица на тоа пратениците-Албанци не го изгласаа, а тоа значеше, од една страна, презадоволни граѓани, а од друга, незадоволни граѓани, поделени по етничка припадност, што воопшто не беше добро за државата. Уставот донесен на ваков начин стана генератор на проблеми во меѓуетничките односи, мултиплицирани и во другите сегменти од секојдневјето. За жал, наместо нормалниот тек на решавањето на проблемите со динамика step by step, се случи конфликтот во 2001, најлошата варијанта за да се промени Уставот и да се инкорпорираат речиси истите прашања од Декларацијата, но по десет години, со задоцнет и наметнат Рамковен договор. Кој е виновен што доцниме секогаш?

Да се потсетиме само колку разговори и енергија беа потрошени за да профункционира една медицинска паралелка или еден Педагошки факултет на албански наставен јазик. Тогаш завиден број студенти, етнички Македонци, манипулирани од одредени екстремни политички кругови, без никаков срам извикуваа крајно недолични антиалбански пароли против нивните колеги студенти- Албанци. Времето покажа дека отворањето на универзитети и други државни и приватни високообразовни институции било неодминливо и рутинско прашање во едно демократско мултиетничко општество. Колку сме биле далеку од сегашната реалност само пред неколку години. Каде ни беше политичката храброст и визионерството во согледувањето и решавањето на овие и слични проблеми на вистински начин и во вистинско време. Поради вакви и слични прашања се создаваше нервозен политички амбиент кој се одразуваше врз севкупниот развој на државата, како и врз доцнењето на исполнувањето на критериумите и на стандардите пропишани за членство во меѓународни асоцијации и институции. Албанските партии, незадоволни од нивниот статус и од неможноста за решавање на проблемите со непосреден дијалог со македонските политичари и државници, беа принудени редовно да ја информираат меѓународната заедница за овие проблеми. Се разбира, во ситуација на немање слух за меѓусебен позитивен и продуктивен дијалог, во континуитет бевме следени и се' уште сме под лупата на меѓународната заедница. Сите овие минати години ниеден, ама баш ниеден меѓуетнички проблем не сме го решавале без странски олеснувач или посредник (Герт Аренс, Ван дер Штул, Леотар, Пердју, Брунс, Ле Руа, амбасадори на ОБСЕ, САД, ЕУ итн.) Свесни ли сме колку не сме достојни, одговорни и прагматични во решавање и надминување на меѓусебните проблеми? Неретко се случуваше поради нашите меѓусебни кавги и недоразбирања да доцниме и во аплицирањето за членство во меѓународни структури. Тогаш, со право другите, кои постојано ги следат нашите каприци во политиката, ни велат дека секогаш доцниме кога треба да донесеме многу важни одлуки за европската перспектива на државата.



Кога мислевме дека се засити нашата политика со меѓуетнички кавги, низ голема врата, кога е најмалку потребно, кавгите добиваат во интензитет со опасни поделби и внатрешна нетрпеливост за концептуалните разлики за историското потекло на македонскиот идентитет. Овој опасен синдром ги ослабнува позициите во преговорите со Грција за името, а во исто време, збунети од историјата, ја замаглуваме иднината на Македонија во евро-атлантските интеграции. Во искрената намера за изнаоѓање компромисно решение за името, се разбира не за идентитетот, нема фајде од инаетење и лекување на фрустрациите со телефонски јавувања од далечната дијаспора. Ја почитуваме нивната носталгија и љубов кон татковината, но емоциите никогаш не гарантираат здрав резон за вистинска и паметна политичка одлука. Бидете убедени дека еден ден ќе се најде компромис со Грците, но не верувам дека времето ќе работи за нас за некое поповолно позиционирање, напротив, веќе има јасни индикации кои не одат во наша корист. Изгледа дека е време и во македонскиот политички кампус да се појави опција слична на Нова демократија. Нашите пријатели кои во последно време се' помалку ги има, уште ја повторуваат забелешката - зошто секогаш доцниме. Како и да е, почитувани, нека важи народното за малку оптимизам, подобро некогаш, отколку никогаш.

(Авторот е политички аналитичар)


Статијата е прочитана 1031 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 28.02.2009 00:18:26
Zosto docnime???Pa ve molam,prasajte go Crvenkovski i negovata SDSM,zosto docnime tolku godini vo SE??????I ne obvinuvajte ja ovaa Vlada a posebno ne g-dinot Gruevski!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 28.02.2009 07:56:41
G-dine Ismet ! Jas ziveam ovde vo DEMOKRATSKO MULTIETNICKO OPSTESTVO, vie ne !!!! Ovde ima preku 150 narodnosti od cel svet. Makedonija e multienicki kako i Albanija, Grcija, Bugarija... itn...itn... nisto pomalku za edno vlaknence. Albancite ne mozat da bidat ramnopravni so 20 i da receme nekoj%. Sto ako ste 40-45 %? Ovde se pocituva eden jazik,edna himna, edno zname. Dali i Albancite vo Mkd go pravat istoto ? Dali i Makedoncite vo Albanija imaat 1% privilegii kako vas?Zatoa ne go prifacam vasiot komentar i REDNO E AKO AMERIKA VI E ALIBI ZA DEMOKRATIJA I MULTIETNICNI FINTI, BAREM PRIDRZUVATE SE NA PRINCIPITE SO IST ARSIN, ZATOA STO SEPAK MAKEDONCITE OD AVSTRALIJA NE PIJAT MASTILO I MNOGU DOBRO ZNAEME SETO TOA KAKO FUNKCIONIRA.
Од: zelezara
Датум: 28.02.2009 09:43:35
Pa docni premierot docni i Makedonija
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 28.02.2009 10:41:58
Ismet, ovaa nedela imas mnogu slabo obrakanje do javnosta. Tolcis voda vo avan. Ubeden sum deka ne veruvas vo nitu eden zbor sto go imas napisano. Ne docni Makedonija, zatoa sto vo Makedonija nisto ne se promenilo od 1944 godina. Docnat razno-raznite evropski licemeri koi na Balkanot se uste gledaat so ocite na nivnite prethodnici od 19-ot vek. Tuka e problemot. Tie trebase da go integriraat Balkanot uste pred raspadot na SFRJ, i seto toa trebase da bide krunisano so polnopravno clenstvo na Jugoslavija vo EU, togasnata Evropska Zaednica vo 1992 godina vo Mastriht, ako pomnam dobro. A sto se odnesuva do multietnickite opstestva i kako tie funkcioniraat vo porazvientite zemji, mozes podobro da se informiras. Ta sega imame internet i ne mora da se srka od okeanot za da se razbere oti vodata e solena. Bidi pozdraven, i vo idnina ocekuvam od tebe poizdrzani razmisluvanja.
Од: Dragan
Датум: 28.02.2009 12:09:46
Mnogu dobra analiza na nasata tranziciska istorija. Jas bi dodal deka i sporot so Grcija nemase denes da go imame ako, na pocetokot na nezavisnosta, imavme politicari so vizija i smisol za dijalog i dogovor. Politicari koi ke i objasnea na Grcija koja e Republika Makedonija i zosto ne e opasnost tuku sansa za grckiot sosed. Namesto toa bevme svedoci na provokacii - zname Vergina, glupava ustavna odredba za zastita na malcinstvoto vo Grcija a i nekoi drugi mapi i simboli na golema Makedonija. Najmalku sot mozevme da napravime e od niv da se otkazeme. Denes toa go prezentirame kako nasa goooolema otstapka. Smesno! Ako imaaa nasite politicari od toa vreme, Kiro, Branko, Ljubco i sto ti znam uste koj, denes ke bevme vo EU. PS Molba do iselenicite, osobeno onie od Avstralija, da prestanat da né branat! Fala im ama neka si brkaat rabota doma.
Од: od Rano Rani
Датум: 28.02.2009 15:24:50
Koj Rano Rani ( RR ), cel den se prozevaaaaaa. Aman vishe od tvojot otrov. Mora da si "malo" covece. Velat deka otrovot se cuva vo mali shishinja.
Од: Стојко
Датум: 28.02.2009 17:05:11
Затоа што многу ни доцни премиерот!
Од: Makedonski Patriot
Датум: 28.02.2009 21:43:18
Ismet, pa poveli kazi otvoreno deka si Makedonec? Se rodi vo Makedonija, taka e? Ajde de kazi slobodno. Nemas li pocit kun zemjata kade sto se rodi? Odi kazi im na Albancite da se menuvaat vo Srbi pa da vidime sto ke recat. Troparas gluposti. Kako e mozno da se odobruvaat takvi novinski napisi nemam pojma. Taka koga dozvoluvas i ne go stitis svoeto Makedonijo. Sepak kade i da e Makedonecot ke si ja stiti svojata zemja, pa i od Avstralija, Kanada i Amerika.
Од: Bezikovec od Sarafci
Датум: 28.02.2009 23:05:37
G-ne Ramadani, smetam deka vasite konstatacii se tocni. Se postavuva prasanjeto, koi se pricinite za ситуација на немање слух за меѓусебен позитивен и продуктивен дијалог... Mi se cini deka obrazovniot sistem vo RM e pred se odgovoren za vakvata zalna situacija. Balkanskoit narod e mnogu bistar i trudoljubiv, ama (moe iskustvo) od osnovno do universitet: ili predavacot ja raskazuvase novata lekcija, ili ucenicite (studentite) odgovaraa, sto stoi tamu ili sto rekol toj/taa avtor/ka, namesto: zosto e toa taka, kako bi mozelo da bide poinaku, koi idee se prifatlivi za nasite uslovi...diskusija so prisutnite Vtora rabota: integracija i megusebno razbiranje na lokalno nivo skoro da nema(se); se uste se delat lugeto na doselen i tukasen, na selski i gradski, nas i tie... Tuka treba da se raboti
Од: Albanec do Ace od Avstralia
Датум: 01.03.2009 00:18:07
Koci covek! Kaj odis, sto sakas da kazes, da ne mislis slucajno deka toa sto go rece e tocno i tref vo centar!!! Sto podrazbiras ti so multietnicko opstesvo? Avstralia ima edno zname no site nacionalnosti imat svoe zname, i nikoj ne pravi prasina okolu toa. Makedonija e multietnicka no samo za vas vazat nekoji zakoni! Ima vaka vo Avstralia, za edni da vazat za drugi ne? Ne baraj, nema, ne samo tamu nego nikade, osven vo Makedonija. Vie slavo makedoncite ke morate da si go pravite vaseto nacionalno zname, aktuelnovo e drzavno i neka stoji taka. I dosta veke ednas dali Albanija ova ili ona, nie ziveeme vo Makedonija i Makedonija ne interesira. Sekogas se fakjate tamu kade sto ne treba! Da nemate kompleks bre lugje? MKD ne moze da bide stabilna ako nema razbiranje sa site gragjani vo nea. Bez polticka stabilnost nema ekonomski razvoj se e badiala.
Од: Vlado
Датум: 01.03.2009 17:46:41
Затоа што оваа власт не сака да си ги уништи привилегиите кои сега ги поседува.

Најди! во Утрински
Насловна
Грчката амбасадорка сред Скопје бараше забрана за уставното име
Политичко враќање на Агрон Буџаку
Насловна
Бесрамна злоупотреба на Шишков
Зденко
Блуд и разврат
Буџетот за 2009 стои на стаклени нозе
Усвоен планот за изградба на хотели под Кале
Премиерот не го цени туѓото време
Продолжува колапсот на стопанството, нема мерки
Балканска фудбалска лига
Неистомисленици
„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција