Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Продолжува колапсот на стопанството, нема мерки

Се прогнозира натамошен пад на БДП и на производството

Маја Томиќ



Продолжува да паѓа индустриското производство во земјава. Веќе четврти месец едноподруго, статистиката бележи намалување на индустрискиот раст. Според завчера објавените податоци, во јануари годинава падот е за 16,7 отсто, во однос на истиот месец минатата година. Во декември минатата година, пак, производството забележа пад од 10,1 отсто во споредба со истиот месец 2007 година. Индексот на индустриското производство во јануари, пак, во однос на просечното производство во 2005 година, е намалено дури за 18,8 отсто. Статистиката констатира дека континуираниот пад на производството е последица на глобалната финансиска криза.

Падот на производството најмногу е резултат на затворањето на погоните на домашните компании од металуршкиот и текстилниот сектор, како и од кожарската дејност. Експертите уште есента 2008 укажуваа дека најпогодени од кризата ќе бидат металуршкиот и текстилниот сектор. Во последните неколку месеци околу 3.000 работници се на принуден одмор или се прогласени за технолошки вишок. Статистиката регистрира намален број на работниците во индустријата за десетина проценти во декември 2008 година. И градежните компании регистрираат драстично опаѓање на работата дома и во странство, што се потврдува и со неофицијалниот податок дека „Усје“ во изминатите месеци регистрирал за 25 отсто помалку приходи од продажбата во регионот.

Експертите предвидуваат дека овој процес и натаму ќе трае и апелираат дека Владата мора да преземе мерки за спас на економијата, како што тоа го прават многу влади во светот. Сепак, некои од експертите констатираат дека земјава нема да падне во длабока рецесија, во која веќе се навлезени сите земји од еврозоната и пошироко.

Според професорот на Универзитетот на ЈИЕ Абдулменаф Беџети, не треба да се биде крајно скептичен, иако е факт дека структурално има тенденција на перманентен пад на индустриското производство. „Динамиката навистина е загрижувачка, имајќи ја предвид структурата на домашниот бруто-производ. Падот на производството, па макар и за еден месец може да има големи негативни ефекти врз БДП“, смета Беџети.

Џевдет Хајредини, поранешниот министер за финансии, е на ставот дека Владата мора да преземе соодветни мерки. „Треба да се поддржат големите компании-извозници, но Владата не презема ништо да им помогне, како што го прави тоа целиот свет. Наместо помош, таа им порача да ги трошат добивките и профитите“, изјави Хајредини.

Преработувачка индустрија, според статистиката, опаднала во јануари годинава за 24,9 отсто, во споредба со истиот месец лани. За Марјан Николов од ЦЕА беше очекуван падот на индустриското производство, токму поради тенденциите во преработувачката индустрија. „Намалената побарувачка, нестабилната макроекономска околина и финансирањето, се главните проблеми поради намалениот обем на производството кај фирмите“, смета Николов.

Тоа дека состојбата со домашните капацитети, односно со нивната ликвидност станува се' поалармантна, покажува и најновиот податок од Централниот регистер, а кој го пренесува порталот „Тотал“. Според него, бројот на фирмите со блокирани сметки во последните три месеци се зголемил за 88,5 отсто, во однос на претходното тримесечје, август, септември и октомври, и изнесува 1.928 фирми.

 


Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 28.02.2009 00:26:49
Zalosno ama vistinata e surova.Ova ne e samo slucaj vo nasata zemja,toa se slucuva nasekade,ama ovaa svetska ekonomska kriza mu dojde dobredojde na SDSM za da ja kritikuva Vladata.Samo nedorazvien mozok moze da go prifati ona sto ne ubeduvaat sdsm-ovskite eksperti!
Од: acko
Датум: 28.02.2009 01:05:40
Celo vreme se potencira losa ekonomska sostojba a ovie nesposobnive forsiraat antikvizacija.........Ke ispadne vistina izjavata na Tunevski deka na bukefal ne mu treba struja i onaka vo toa vreme nemalo struja.......A na s ni ostanuva da se otkazeme i od vozduhot i disenjeto.........
Од: mitko za vladata
Датум: 28.02.2009 01:11:10
Narode koga ke pocnete da se davite razmislete sto fakticki napravi za narodot ovaa vlada. Nikogo ne vraboti (samo onie visoci vo administracijata pred izborite). Ne donese stranski investicii. Go zgolemi deficitot na platniot bilans. So neartikulirani detski postaki ja odaleci vladata od svetskite integracii. Ne e ova najdobrata vlada nitu e ova vlada sto treba da ja ostavite da raboti na mir pa se ke se sredi. Na kraj eden sovet od mene kupete si maski za gnjurenje ve ceka potop.
Од: Дичо-Кубура
Датум: 28.02.2009 10:14:28
Ако, ако, а македончето ја чува „Кубурата за не-дај боже“.
Од: Verag
Датум: 28.02.2009 15:42:47
Ова секако нема врска со Владата, но неразумното трошење и тоа како има.
Од: Dace
Датум: 28.02.2009 19:34:53
Kolku rekovme stanovi na mama se sobraa? Kolku rekovme bratucedi na funkcii se postavija? Kolku rekovme kumasini za zamenici premieri se postavija? Kolku rekovme pari drzavata izgubi od ogromnite zdelki so uvozot na struja? Kolku rekovme pari se potrosija za kupuvanje na naklonetosta na mediumite? Kolku rekovme pari se potrosija na besvrska patuvanjata na ministercinjata za prosetka i soping? Kolku rekovme ministri koi pojma nemaat od problematikata se postaveni poradi slepata poslusnost? Kolku pari rekovme se potrosija vo ovaa kriza za glupavi bezvedni skulpturi, od koi poveke od polovina vo partiskata kasa na dpmne? ..... Uste ? Od ovie raboti na Vladava i AMERIKANSKO STOPANSTVO KJE KOLABIRA A NE PAK NASEVO
Од: Bond james
Датум: 28.02.2009 22:17:24
Ako Ako.. Pagjalo proizvostovoto. Ne gi sakaa RWE so 750mil. evra investicii. Cekaa 8 meseci da dadat mito, ama na ovie ne im teknuva. Bidejki nema mito go ponistija tenderot.. Dilei

Најди! во Утрински
Насловна
Грчката амбасадорка сред Скопје бараше забрана за уставното име
Политичко враќање на Агрон Буџаку
Насловна
Бесрамна злоупотреба на Шишков
Зденко
Блуд и разврат
Буџетот за 2009 стои на стаклени нозе
Усвоен планот за изградба на хотели под Кале
Премиерот не го цени туѓото време
Балканска фудбалска лига
Неистомисленици
„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција
Зошто секогаш доцниме?