Последен пат една селекција играше под името Југославија (ја сочинуваа Србија и Црна Гора) кога загуби од Аргентина на СП во Германија 1996 година со 6:0. Хрватскиот новинар Бранимир Пофук виде во тој резултат некоја симболика. Југославија имаше шест републики, а сега секоја од нив прими по еден гол - и готово е. Конечно распаѓање. Последен свиреж на судијата.
Тоа сега може да биде добра метафора, анегдота, но дали може да се разбере и како нешто што никогаш не може да се промени? Тешко е во моментов да се даде прецизен одговор, бидејќи поминаа веќе шест, седум години откако како резултат на економската шок-терапија, нестабилната спортска, општествена и политичка клима почна да се врши рекреирање на убавата слика за минатото, меѓу другото, и за фудбалското. Деконструктивниот фудбалски амбиент ја конструираше идејата за формирање нова Балканска лига, на која се' повеќе и' се посветува внимание во новинарските текстови, јавните дебати и која добива уште повеќе на сила затоа што низ годините циклично доаѓа од сите бивши ЈУ- републики, како некое повторно откривање на „братството и единството“.
Новата Балканска лига во моментов можеби не е реалност, но самиот факт дека отворено се разговара на таа тема, што до неодамна беше ерес, кажува дека хоризонтите се шират. Илјадници обожаватели на овој спорт се разгалени од помислата дека нивниот тим може да биде повторно дел од една од најсилните пет лиги во Европа некогаш, како алтернативен дискурс за убавото минато, но огромен е бројот и на оние кои во Балканската лига гледаат „Балканска крчма“ од која се надеваат дека побегнале засекогаш, ама сега некој сака повторно насилно да ги турне внатре во димот. За нив тоа е меланхоличен дискурс, кој претставува тотално отсуство на акција, како реакција на целокупната општествена траума. Таа, како што ја нарекуваат тие, сентиментална нуспојава може да биде сол на незалечените рани од војните и страдањата. И веројатно се во право ако се знае дека фудбалот е меч со две сечила - може да биде емоционална опозиција на политиката, но може да биде и политичко оружје.
И фудбалот, како и уметноста и културата, дефинитивно станува дел од денешната комерцијализација на ЈУ-носталгијата. Но, тешко може во моментов да биде трансформиран во чиста спортска форма и да биде растоварен од идеологијата, како што беше досега случајот, да речеме, со музиката. Тоа јасно се виде низ распродадените концерти на „Бјело дугме“ на Здравко Чолиќ. Во Хрватска во моментов владее и турбофолк бум, а главни ѕвезди се српските славеи Миле Китиќ и Сека Алексиќ за чии концерти се бара влезница повеќе. Добро е познато дека нивни верни фанови се и хрватските репрезентативци, кои секоја победа ја слават со нивните славни рефрени во „Лудница“, „Барутана“.....
Незаборавна е и сликата во германскиот „Билд“ на која соиграчите на Шалке, Србинот Младен Крстаиќ и Хрватот Иван Ракитиќ, во „прегрнат транс“ со рацете високо кренати во воздух жестоко пеат заедно со Миле. За дел од хрватската академска јавноста гревот не се ситните часови и алкохолот на Ракитиќ, туку Миле Китиќ и југоносталгијата, која таму се смета за тривијално чувство и ефемерна појава која најчесто се врзува со консумирање жанрови на популарна култура од другите бивши јУ-републики (пред се' од Србија).
Но, Миле не е Звезда! Преамбициозно би било да се мисли дека е така. Никогаш тие големи клубови во бивша Југославија не успеаја да побегнат докрај од канџите на политиката и беа дел од дефиницијата за фудбалот во која се вели дека тој по својата природа во никој случај не е наивно натпреварување.
Во својата книга „Со фудбалот против непријателите“ Сајмон Купер јасно кажува зошто тука нема шега. Тој дава совршен панорамски поглед на културата што го опкружува фудбалот и јасно доловува колку длабоко може 22 играчи да станат шифра за идеологија, религија и љубов.
Тоа е топката, вели тој, која паѓа на целото општество и не ретко пресудно влијае.
Генерално, на идејата за Балканска фудбалска лига не треба да се гледа како на обид повторно да се оживее земјата која се распадна, туку како проект без идеологија. Затоа што феноменот на југоносталгијата, а таков епитет доби и оваа замисла, не е резервиран само за одредени општествени групи кои ги изгубиле своите привилегии, туку тоа е чувство кое го делат многу граѓани на земјите од бивша Југославија: носталгија за „најдобрите“, југословенски години од нивниот живот. Како алтернативен дискурс за минатото, таа на одреден начин помага во надминувањето на конфликтите произлезени од доминацијата на националистичките дискурси и покажува можност за дијалог на овие простори.
Neka mi objasni avtorot, koj ke im garantira sigurnost na Kosovarite vo Srbija, na Srbite vo Hrvatska i obratno, na Bosancite vo Srbija i obratno, itn. Fudbal se igra za publika, nea bez dvoumenje ke ja ima mnogu, no veruvajte deka 80% bi otisle na natprevar samo da obsujat Srbin, Hrvat, Albanec, Makedonec a zasto ne i Slovenec. Mislam deka ranite od 90-tite se svezi za vakva avantura.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 28.02.2009 06:18:01
Bev protiv Tito, komunizam, bratsvo- edinstvo, no... Sega gledam deka site minati i idni premieri i predsedateli ne mozat za maloto prste da mu se fatat na Tito, demokratijata napravi 10 000 siromasni: 1 prebogat... Fudbalot daj Boze da se vrati kako Yu ligata, samo bez sarlatani kako DZARO... I neka site 6 republiki, sega nezavisni, neka bidat zaedno kao Velika Britanija, Skandinavija... oti vaka ne gi gi biva posebno, nikako. Znaci, site so nezavisnost, vo labav sojuz, i neka se goni EU so Furere i " nivnite principi ".
Од: naumce srbinoski pert
Датум: 28.02.2009 08:18:53
Ona sto nie go barame vo evropskata unija, i vo evropskite ligi, go imavne vo Federativna Jugoslavija i vo jugo-ligite. I, OD NIKOGO NE BEVNE UCENUVANI.
Од: kire
Датум: 28.02.2009 21:46:42
Vo Jugosvaija bevme mala evropa!
Од: Risto
Датум: 01.03.2009 16:12:44
Da, i da se vratime vo jugoslavija? Ajde idi si vo srbija.....