Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Грчката амбасадорка сред Скопје бараше забрана за уставното име

Александра Пападопулу ја прекинуваше средбата на министрите за култура на ЈИЕ поради името на Македонија

Сунчица Уневска

На вчерашната конференција на министрите за култура на 12 земји од Југоисточна Европа, кои на иницијатива на Македонија дојдоа во Скопје за да се обединат на културен план во областа на аудиовизуелната комуникација покренувајќи еден заеднички културен магазин, амбасадорката на Грција во Македонија Александра Попадопулу ја прекина средбата со инсистирање да и биде дозволено да го вложи својот протест за употребата на уставното име на нашата земја. Амбасадорката Пападопулу беше толку упорна да го изрази својот став што двапати ја прекинуваше конференцијата барајќи збор. Интересно е дека во срцето на Македонија на конференција на која ние сме домаќини грчката амбасадорка прво си зема за право да го менува редот на обраќањето, бидејќи со неа било договорено да и' се даде збор по обраќањето на министрите, а потоа изразува протест поради тоа што ние на конференцијата го употребуваме своето уставно име, со што сме го направиле невозможно учеството на Грција на оваа средба.

Амбасадорката Пападопулу рече дека доаѓа со големо жалење на оваа конференција, на која инаку беше поканет и грчкиот министер за култура, кој не ни одговори, бидејќи организаторите во сите официјални материјали ги ставиле уставните имиња на земјите-учеснички, а не имињата на самите учесници. Таа рече дека тоа било пракса која Грција ја прифатила за да ја поттикне интеграцијата на Македонија во ЕУ. Освен тоа Пападопулу тврдеше дека уште пред оваа конференција така се договорила со организаторите кои прифатиле да не ги употребуваат уставните имиња.

„Заедно со Министерството за култура ова е злонамерно кршење на времената спогодба која е потпишана во 1995 година и на договорот кој е усогласен со ЕУ, поради што ова прекршување е многу подлабоко. Грција има искрена желба и државна цел да се реши прашањето со името. Оваа иницијатива која промовира соработка е всушност претворена во политички настан и затоа го вложувам овој протест“, изјави амбасадорката, која дојде подготвена со напишана изјава и веднаш си замина.

Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, кој е и организатор на оваа конференција, појасни дека немало никаков договор претходно, бидејќи немало ни потврдено учество на грчкиот министер за култура и барање од негова страна за ваква отстапка. Тој рече дека ова е настан кој се издигнува над политичката реалност и кој не би требало да се меша со политиката, но дека за жал ваквото реагирање не враќа токму на политиката.

Плевнеш ја цитираше мислата на Жан Моне искажана уште во 1952 година дека Европа нема никогаш да се создаде ако се употребува вето како национален егоизам. „А овде го видовме токму тоа, израз на национален егоизам“, потенцира Плевнеш, на што доби аплауз од сите присутни, меѓу кои имаше огромен број гости.

Интересно е дека веднаш потоа беше предвидено обраќањето на високите гости од Регионалното биро на УНЕСКО, Енгелберт Роуз, директорот на Бирото и Владимир Шуха, директор на Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија, кои и даваат голема поддршка на Македонија и на оваа идеја, но никој не и обрна внимание на реакцијата, туку продолжија со своето излагање околу важноста на ова соединување на земјите од Југоисточна Европа. А станува збор за прво поврзување на 12 земји од Југоисточна Европа на ваков начин. Идејата е Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Косово, Романија, Бугарија, Албанија, Турција и Грција да покренат еден културен магазин насловен „Југо-Источна Европа на дланка“, кој ќе се емитува на 12 телевизии со национална концесија. Неговата концепција е тој да биде во траење од 60 минути со тоа што во секое издание секоја од земјите ќе има свое културно претставување од пет минути со се' што е ново на ова поле. Ваквата емисија би се емитувала на сите телевизии еднаш месечно. Со оглед на тоа што ова беше иницијативната средба, првото издание на овој магазин се очекува на почетокот на следната 2010 година.

„Оваа иницијатива ги унапредува прашањата потребни земјите на Југоисточна Европа да продолжат со обновување на дијалогот, почитувањето и признавањето на културната разновидност“, рече Енгелберт Роуз потенцирајќи дека клучна улога во надминувањето на стереотипите, всушност, имаат масовните медиуми. На тоа господинот Шуха додаде дека културната разновидност е важна за економскиот растечки концепт во Америка, но се' повеќе и во Европа. Тој нагласи дека новите креативни индустрии не се доволни, дека е потребна креативна отвореност како еден вид антидоза против ксенофобијата и национализмот.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека оваа конференција има цел да потврди дека културата и аудиовизуелната комуникација се вектори на мирот и на европската иднина на земјите на Југоисточна Европа и дека само со меѓусебна отвореност и дијалог можеме да постигнеме успех и просперитет.

На оваа средба на која главна тема е токму аудиовизуелната комуникација и медиуми и новите креативни индустрии, покрај министрите поканети се и гости од областа на театарот, публицистиката и новинарството од земјите на Југоисточна Европа, но и од Франција, која како дел од ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, исто така, е иницијатор и дел од овој проект.


Статијата е прочитана 2706 пати.

Испрати коментар

Од: ANTIKA
Датум: 28.02.2009 00:03:04
Poradi propustot 1944 Evropa ke mora da prifati realni makedonci bez aleksandar, a Makedoncite ke mora vo glad i beda da finansiraat ludacki proekti, dok ne im tekne da go vratat nazad toa sto ne e nivno.
Од: R.R.
Датум: 28.02.2009 00:11:29
E ova e da si puknes od maka,em doma em da ti kazuvaat kako da se vikas! Neka si zamine za Atina pa tamu neka ne vika kako saka zasto i toa nema da go ima! Naskoro Gruevski ke ja iznese seta pravda na videlina!
Од: Sasho
Датум: 28.02.2009 00:13:10
Za mene beshe ovaa shock, cudo, nesvatlivo kako moze da se odi tolku daleku so tolkava drskost. Me intaresira sto ke pishuvaat nasite makedonci za ovaa statija, pogotovo ; ovcarot od EU.
Од: Boshko
Датум: 28.02.2009 00:20:35
Odlichna ideja samo daj boze da se ostvari i da proraboti kako takva,a Grcite neka odat kaj shto im e ,,mestoto''
Од: Irina,kavadarci
Датум: 28.02.2009 00:20:44
A be mnogu silni ova grcite,se naogaat u Makedonija pa tuka ke ni kazuvaat koe ime da se upotrebuva...?!?!sramota!!!!!!!!!!
Од: citatel
Датум: 28.02.2009 01:41:54
bez pocit kon zemjata kade e primena, primitivno odnesuvanje bez presedan persona non grata - nadvor od Makedonija
Од: Makedonec vo EU
Датум: 28.02.2009 01:42:58
Sega na glupaviot poteg od Grcija ovcarot ke odgovori so uste poglupav. Ping-pong politika.
Од: SAD
Датум: 28.02.2009 01:48:34
Grckata ambasadorka nasla so kogo da si igra i si igra. Neka i recat nesto na Turcija skoro sekoj den i go narusuva vozdusniot prostor so borbeni avioni. Vo nikoj smisol popustanje ne. Nema poplaslivci od grcite. Tuka vo SAD kako ligusi se molat na sekogo. Vinovna e Turcija sto im dozvoli da ziveat vo Balkanot.
Од: Greski i gafovi
Датум: 28.02.2009 01:54:34
Okolu ovoj slucaj napraveni se nekolku gafovi i greski! 1) diplomatskiot pretstavnik na Grcija voRM ne e ambasador, tuku sef na Kancelarijata za vrski 2) Ni vo edna druga normalna zemja na skandalot so napustanjeto na konferencijata ne bi mu se pridavalo kakvo bilo znacenie vo mas-mediumite! 3) Do koga Makedonija ke inicira i ke trosi pari za vakvi manifestacii, koi i nanesuvaat samo steta, a od koi korist imaat samo poednini megalomani, paraderi i profiteri? 4) Kakva e toa regionalna konferencija ako na nea ne ucestvuvaat site zemji od regionot? Vo nasata drzava ima mnogu drugi povazni i poprioritetni raboti (glad, beda i siromastija, ekonomija vo kolaps) otkolku zadovoluvanjeto na ambiciite na nekoi samobendisani egoisti, koi se odnesuvaat kako da ne se od ovde.
Од: rakitq
Датум: 28.02.2009 03:55:14
Pa jas ne go gledam Branko ovde ,kako problem ,tuku organizatorot; Vladata sto ja organizirase..Ovaa Prezentacija;Kulturata i Audio Vizuelnata Komunikaciaja. E sega Vladata neka ni kaze ,zasto go dozvoli ovoj nemil istap. A vecer odma so sliki na Branko , Kolku ste naivni, aman,ama pak Vecer e dobar i za rem ne do uceni. Vecer kogaj nema komentar Blenduva Fotografii.i.Misrepresantion,a i samiot znae toa e kaznivo..Site fotofrafii sto gi pogazuva Vecer na B ranko,se Krajna Vulgarnost na Vecer,
Од: Eli
Датум: 28.02.2009 04:02:01
I pozeluvam na nasata zemja uste mnogu vakvi sredbi, se razbira, pod naseto ustavno ime!
Од: Dimitar
Датум: 28.02.2009 05:39:20
Не само дека го трујат цел свет со погрешни историски информации, ама побезобразни и побезобразни стануваат ова Грциве кога доаѓа зборот околу нашето име. Продолжуваат да ја ставаат во пракса идејата дека нападот е најдобрата одбрата, ама мислам дека не знаат баш со кој си играат.
Од: jimmy1
Датум: 28.02.2009 06:48:14
A bre luge, do koga ke trpime podcenuvanje od fasisticka grcija. Srbija go protera nasiot ambasador poradi priznavanjeto na Kosovo, a nie gi trpime i dozvoluvame da ne negiraat duri i vo sred Makedonija. Ovaa ambasadorka trebase da bide proterana uste od porano, a ne da i dozvoluvame da ne negira i da ni soli pamet. Ne samo sto treba pod hitno da se protera, tuku ako e potrebno neka se zatvori Grckata ambasada i da se prekinat site diplomatski odnosi se dodeka pravat vakvi cuda vnatre vo Makedonija. Grcite ne se svesni, e mesaat politikata vo sve, vo sport, kultura i red drugo. Ova ne im e prv pat ali ne treba do tolku da im dozvoluvame da e koristat nasata dobrota i da vrsat gnasna propaganda i toa vnatre vo nasata drzava.
Од: Бастион
Датум: 28.02.2009 09:13:19
До кога Ние и Европа ќе трпиме и толерираме вакво нацистичко однесување на нашиот јужен сосед.Ние и не сме толку моќни,но ЕУ треба веднаш да ја потсети Грција,дека таа и Словенија се единствени кои ги нарушуваат единството и хармонијата во ЕУ!
Од: Vodno
Датум: 28.02.2009 09:15:14
Toa sto go napravi Ambasadorkata e greska od strana na Grcija, sto ne e prva! No nasata nadvoresna politika vozvraca na vakvi provokacii so isti i uste poneproduktivni merki i zatoa sme na ova deredze. Koga bi mozele da ja vratime sostojbata od pred 3 godini koga cel svet bese na nsa strana i Grcija bese osudena no sega e kasno, diletantite se poigraa?
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 28.02.2009 09:38:07
Ne treba da se voznemiruvame okolu beskrajnite infantilni ispadi na grckata diplomatija. Treba samo da se sobiraat podatocite, da se registriraat site vakvi nemili nastani i provokacii i da se izvedat kako argumenti pred Hag. Ocigledno e deka Grcija zapocna mediumska vojna na site frontovi, i makedonskata diplomatija ke mora da se podgotvi da vleze vo taa bitka. Grcite ke potplakaat, ke placat, ke vreskaat do beskraj, no nema da mozat da platat i da ubedat ama bas sekogo. Na lagata i se kratki nozete i grckata sizofrenija ke bide naskoro razotkriena. Kolku poveke krevaat vreva okolu teritorijalnata opasnost koja im se zakanuva od Makedonija, tolku poveke, kako sto odminuva vremeto, svetot ke ja sogleduva besmislenosta i zlonamernosta na nivniot plac.
Од: Iskra
Датум: 28.02.2009 09:56:36
Ako drzime do sebe pod hitno ambasadorkata treba da se proglasi "PERSONA NON GRATA". Ministerstvoto za nadvoresni raboti ne treba da "spie"
Од: По Орвел-2009
Датум: 28.02.2009 10:06:56
Колку да копаме по античките корени, и Ние и Тие, остануваме закопани во балканската кал. Мене ме чуди само Нивната глупост. Зарем ќе им го земеме Партенонот, или пак Епидаурус, и т.н.? Мене, уште повеќе, ме чуди, но и ме загрижува, Нашата глупост. Зарем ќе ја закопаме иднината во калта на минатото?Малкумина знаат како „Големиот брат“ ја крои Иднината, менувајќи го Минатото.
Од: Davor Kamenko
Датум: 28.02.2009 10:31:37
Boze lugje, kolku ste samo glupi i prosti.... Kriva vi e Grcija, a? Krivi se Grujo i Vmro be tokmaci niedni!!! Nie prisvojuvame nesto sto ne e nase a ne oni.. Sekoj normalen i racionalen covek ke go svati toa.. Zosto ne se zalagavme volku za Aleksandar do pred 8 godini? Se prasuvate? Zatoa sto nashata istorija nema nikakva vrska so Aleksandar.. Treba da se gordeeme so Kiril i Metodij, koi sto dale pismenost na pola svet sto sega ja koristi kirilicata, a ne na nekoj varvarin sto e poznat po toa sto go napravil prviot genocid vo svetot za koj sto se znae.. A vie skokajte uste za Aleksandar.. Pred oci ni se unistuva drzavata, i alal da im e, so Aleksandar mnogu ubavo go vrtat vnimanieto od bitnite raboti.. Ama ako vie gi glasavte, a bogami site ke gi trpime... Eeee "Makedonci"... Do vcera bugari bea, sega "Makedonsi" stanaa.. Bravo!
Од: Cobe
Датум: 28.02.2009 11:00:57
Najtazno e shto site vie shto kometirate i chitate letoska pak ke odite vo grcija na odmor i ke se tepate za vizi pred kancelariata za vrski. Dosta veke so lokal patriotizam
Од: andrej
Датум: 28.02.2009 11:18:28
dali mak tuka nee vo pravo?dali mak voopsto ima pravo da go koristi imeto na medjunarodni sredbi i vo mak?sto stoi vo O.N.?samite go izabravme imeto firom a sega grcite ni se krivi??????????
Од: pejoska liljana
Датум: 28.02.2009 11:28:37
edna marionetka na grcka vlada ete toa e taa gospogja, tie glupavi i tvrdoglavi grci pocnaa veke da se odnosuvaat kako sopstvenici na celata teritorija na Makedonija. Treba reagiranje kako shto odgovara na vakvo odnesuvanje; SRAMOTA_FASHISTICKO PLEME!!!!!!!
Од: Vesna
Датум: 28.02.2009 12:07:47
Se slozuvam so jimmy1: pod hitno da se protera ambasadorkata; vednas da ni ja napusti zemjata! Za mnogu pomali uvredi se proteruvaat diplomati! Navistina se prasuvam sto ceka Makedonija?! Pa od jasno-pojasno, naj-jasno e se!
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 28.02.2009 12:32:09
Грците веќе стануваат излишни во нивните коментари, нека се помират веќе со фактот дека Република Македонија постоела и ќе постои, нема никакво отстапување со името.
Од: Gospod
Датум: 28.02.2009 13:17:06
Drskosta ne poznava granici isto kako i sleposta. FYROM-izeruvanjeto sama Makedonija si go prifati. Pa i narodot kumuvashe so precutno prifacanje na ubeduvanjata od strana na liderite koj ja vodea M. Tie sto ucestvuvale vo sozdavanjeto na Krushevskata republika i site koi bile okolu Goce Delcev - JASNO i mnogu GLASNO rekle NE na terorot i bile protiv ugnetuvanjeto na Makedonskiot narod. Za vozvrat dobivale toplota od svoite jataci. Dodeka tie sto prifatija FYROM se za gubenje na sekakov identitet i toa vo 21-vi vek kade informaciite i moznostite za krevanje glas se daleku podostizni i poglasni. I pak se bara krivicata i odgovornost vo tie sto go krevaat glasot. Ko porano receno mnogumina se samo za davanje i prodavanje pamet od foteljata doma a drug ce stoi vo prvite redovi i ce se bori. Ko srbite koi sobiraa M-ci za prvite borbeni redovi. I taka do nedogled. Borcite koi otvoreno digaat glas se omalovazuvaat od foteljashite. Lustracijata gi vadi na videlina Foteljashitei Predavnicite.
Од: Podvizhanec od Sydney
Датум: 28.02.2009 13:30:07
Nema potreba da ja komentiram Papa-dopolu, ama komentar za Davor Kamenko - kamenja da ti pagjaat na glava chovek. Shto ja meshash istorijata so ovoj napis? Papa-dopolu ne te priznava ni kako chovek ni kako zemja, a ti pak frlaj so kamenja po tvojot narod. Od shutraci kako tebe ne mozhe da ni pojde na poarno.
Од: realen
Датум: 28.02.2009 13:48:14
Vakov gest ne zasluzuva komentar, za ova se dava demars, a vo kraen slucaj se proglasuva za nepozelna licnost. Za zal, situacijata nie matna, pa i ova ke projde so komentari, komentari - kako i mojov.
Од: Bojan Holandija
Датум: 28.02.2009 14:48:15
Kaj i da e makedonskite zeni cje poitaat za Solun za 8-mi mart! Nema nadez!
Од: bracko
Датум: 28.02.2009 14:52:01
Grckata ambasadorka da se istera od makedonija za da ne moze uste ednas da dava izjavi sto gi ucela po grcki skoli,zasto ako ne se kazni istoto ce go pravi i vo idnidna.so pozdrav do site Makedonci vo celiot svet od bracko toronto.
Од: rodjon
Датум: 28.02.2009 15:43:17
Ova e samo supata sto Saska im ja svari na nekoi t.n. Politicari i mediumi. Ako ne im e zeska neka si ja srkaat. Po supata od Todorka ke dobijat i rucek. Zatoa Makedonija e edinstvenata zemja na svetot sto granici sama so sebe.
Од: kumanovec
Датум: 28.02.2009 17:57:45
eve ti go ovoj ovcarot od EU pak tresi gluposti sega pak i ping pong pocnal da igra samo edno me interesira sto si ti voopsto makedonec ne si sigurno pa potpisi se ednas sto si vistina ovcar , komunjara , ili nekoj glupak.......... sekogas ima eden kup glupavi komentari ama tvoite sekogas se na prvo mesto
Од: тупаџија
Датум: 28.02.2009 21:59:34
neka si odi od takvi komsii preku onaa rabota ni e
Од: branko
Датум: 28.02.2009 22:28:29
dali taa zena e svesna pa nakrajot neka si odi pa dotolku li sme dojdeni sramota netreba do tolku da padneme grzite se so namera dane zbrisat od planetata neka krsat glava nie nemame problem so naseto ime koj si ima nekamu stoi pzdrav do site makedonci kade i dase.
Од: biljana
Датум: 01.03.2009 00:45:37
nasa greska e sto sme i dozvolile da ja prekinuva konferencijata. Trebalo da se pocituva protokolot i koga ke i dojde redot neka zbori. Kolkava nekultura na papadopulu,ne pocituvanje na zemjata vo koja vo momentot zivee , iako da bidam iskrena od tie ne ni ocekuvam da se kulturni i pametni u krajna linija. Ja pa ne znam nejze ako seto toa i smeta zasto sedi vo Makedonija, kade sto na sekoj cekor moze da go slusne naseto ime. Toa mora da ja izluduva ili pak samo pravi pozi na javni manifestacii.
Од: до коментаторите
Датум: 01.03.2009 10:56:29
Кое едногласно кокодакање се коментариве. Едно исто, како расипан грамофон. Интелигентните мислења на неколкумина се губат во општата врева. Сакав да напишам коментар за статијата но дигнав раце.
Од: Graganin
Датум: 01.03.2009 15:45:52
Na sekoe pole gledaat ofanzivno da ne ponizat.No velat " kolku poveke dlaboko kopas jama na drug za sebe ja kopas"nema da me zacudi eden den koga Grcija ke padne tolku dlaboko sto nema nitu edna evropska zemja da ja spasi, a za SAD i da ne zborime.Veruvam iskreno deka e blisku toj den koga nema da znaat Grcite kade im e glavata i kade im se nozete.Makedonija go ima najsilnoto oruzje , a toa e strplivosta so cela Grcija.
Од: Patriot
Датум: 01.03.2009 15:53:52
Pozdrav do redakcijata i do graganite na R.M.Ne dozvoluvajte na nikoj a posebno na Grcive doma da ni diktiraat kako treba da se narekuvame.Za zal gledam deka i pokraj toa se uste nemame sloga megu sebe i koga se raboti za sustinski prasanja,sekogas nekoj se trudi da profitira na smetka nadrug no sega vlogot e golem.Pa politicarite da razmislat sto pravat.ova ne se sekojdnevni problemi vo igra e opstanokot na Makedonija.vo sledna prigoda poveke.pozdrav od Praga
Од: Македонија
Датум: 01.03.2009 16:21:03
Мои Македонци и почитувани,Ваше височество Скопјани..имам нешто да ви кажам на Македонците...зарем уште не сте свесни ние во другите градови не во Скопје,сме обесправени,се се случува во Скопје,па и хуманитарни акции се во СК и само во Скопје..Скопје е црпи Македонија..Молам да се најде некој кој на Скопје ке му рече НЕ..Македонија цела ни е сиромашна од Скопје, не од тие дебелите грци..тие соработуваат со вас Скопјани во сите далавери да ни е нема Македонија.Мора Европа да и помогне на Македонија, со исклучок на Скопје..Скопје е доволно напреден и доволно вработен..ДОСТА Е МАКЕДОНЦИ.. поправете е сликата на Македонија ..Ние сме Македонија..Скопје е веке држава направена.....Позз.до совесните Македонци......од ВМРО и СДСМ да помогнат на останокот од Скопје..на Македонија и граѓаните!

Најди! во Утрински
Насловна
Политичко враќање на Агрон Буџаку
Насловна
Бесрамна злоупотреба на Шишков
Зденко
Блуд и разврат
Буџетот за 2009 стои на стаклени нозе
Усвоен планот за изградба на хотели под Кале
Премиерот не го цени туѓото време
Продолжува колапсот на стопанството, нема мерки
Балканска фудбалска лига
Неистомисленици
„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција
Зошто секогаш доцниме?