Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Сите скриени пораки на најскапата слика на светот

Анализата на најскапата слика на светот, „Акт, зелени лисја и гради“ на Пикасо од 1932 година, која неодамна на аукцијата во „Кристи“ во Њујорк беше продадена за неверојатни 106, 5 милиони долари била насликана само за еден ден.

На сликата е Мари Тереза Валтер, една од љубовниците на Пикасо и муза која го инспирирала. Кога го сретнала Пикасо имала само 17 години и долго време врската ја држеле во тајност. Кога Мари Тереза забременила во 1935 година повеќе врската не можела да се крие и само една година откако е родена нивната ќерка Маја, уметникот ја сретнал својата нова љубов Дора Мар и ја напуштил. Мари тереза била мошне љубоморна и постои приказна дека двете љубовници на уметникот се степале во неговото ателје. Подоцна самиот уметник раскажувал дека тоа е еден од неговите најомилени спомени. Во 1977 година Мари Тереза се самоубива, само четири години откако Пикасо умира во 91 година од животот.

Што се однесува до позата, анализите на познавачите потврдуваат дека големото платно ја покажува љубовта на Пикасо во вистинска големина, во нежно виолетова боја која биле една од омилените бои на уметникот. Девојката заспала во позата во која во потполност е предадена, но на тој начин се рефлектира и неговата опсесија ја потчинување и поседување.

Сликата е насликана во еден ден и Пикасо ја насликал во периодот кога бил на врвот на својата кариера. Таа им припаѓала на филантропи од Лос Анџелес и Сиднеј, кои ова дело со кое мошне се гордееле што го имаат во колекцијата го купиле за 17.000 долари. Продажбата на сликата во „Кристи“ се одвивала телефонски и купувачот сакал да остане анонимен. Се претпоставува дека станува збор за руски олигарх, кој во моментот кога чеканот конечно престана да удира на сумата од 106, 5 милиони долари, стана сопственик на најскапата слика на светот, воопшто во историјата. (Н.П.)

Скриениот Пабло - Ако подобро се погледне сликата во заднина може да се забележат темната силуета на препознатливиот нос на Пикасо и устата, а скриен е зад сината ткаенина. Ова, всушност, ја означува неговата тајна врска со неговата муза

Бистата на љубовницата - Над фигурата на Мари Тереза е нејзината биста на класичен постамент како знак на големата доверба на Пикасо во неа. Една година пред да ја наслика сликата Пикасо направил биста на својата љубов. Според тврдењата на неколку кустоси, меѓу кои и Конор Џордан, задолжен за модерна уметност во њујоршкиот „Кристи“, на сликата е присутен и елементот во кој уметникот сам на себе си честита за својата виртуозност. Бистата е покажана тродимензионално

Темна опсесија - Двете сенки што паѓаат на голото тело на Мари Тереза се тајна во толкувањето и за најголемите стручњаци. Некои веруваат дека станува збор за еротска потч��нетост на Пикасовата љубовница, додека други сметаат дека сенката преку вратот на девојката е референца на славната слика на Матис, која што Пикасо ја поседувал, а на која што е прикажана млада девојка која носи црн ѓердан

Листови на љубовниците -Големите зелени листови му припаѓаат на филадендронот, растение кое што е често присутно во домовите и чиј колоквијален назив е љубовно дрво. И Пикасо во својот дом имал такво растение, било сместено во бањата каде што одлично се развивало. Пикасо сметал дека му го презема животот, но можеби тоа била референца на неговата исцрпувачка врска со Мари Тереза

Забрането овошје - До образот на саканата Пикасо насликал чинија со јаболка, што уште од библиско време е симбол на искушението


#
Статијата е прочитана 2170 пати.

Испрати коментар

Од: Teknuvalo
Датум: 10.05.2010 09:10:22
Секогаш сум се прашувал како да гледам некоја слика изложена во некоја галерија и исто така знам дека пристапот е индивидуален и дека зависи и од моменталното расположение,но со објавување на вакви и слични анализи на познати слики сигурен сум дека во многу ќе им помогнете на љубителите на ликовната уметност , а и на оние кои помалку се разбираат во таа работа!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.05.2010 11:39:56
Ниту е пристапот индивидуален,ниту е во зависност со индивидуалното расположение! Огромен е бројот книги издадени во светот,каде теориски е разглобен начинот на гледање на Уметничките дела!Така се осознава и големината на Кичерајот „Скопје 2014п.н.е.“!Но и „Утрински“заборавил да напомене, дека изворот на текстот од анализата е од Дејли Мејл,а преводот,или идејата за преписот е од вчерашниот брат близнак во Загреб - „Jutarnji“!Сликата вреди само 106,5 милиони долари (Вреди за секој нејзин милиметар,што е платен),што е многу помалку од „нашиот“Монументален Барокоиден кичерај, чија вредност е еднаква на сликите пред трговски (50€, кило,или метар,сеедно)!
Од: Strana Gledano
Датум: 10.05.2010 12:21:29
Sega sum ubeden deka slikata stvarno i tolku vredi!
Од: intelekt
Датум: 10.05.2010 14:50:23
genijalecot e vecen!

Најди! во Утрински
Насловна
Од забава во страшна смрт во амбис кај Калиманци
Македонија опасно се задолжува
Зденко
Каде се редарите
Координаторката и пратеничката група
Велеа дека не сум доволно убава
Протестите на Албанците - нов аларм за соживотот
Русија маршираше како никогаш досега
Крајпатни дебати во пуста Пишица
„Кои се овие луѓе?“
Има ли спас за еврото?
Биометриските пасоши ги заглавија туристите