Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Каде се редарите

Снежана Калабакова

Доколку европските градови можат да се пофалат со тоа колку малку ѓубре подигнале, ние се' уште успешноста на акциите за чистење ја мериме по тоа колку многу ѓубре сме собрале. Бројките што ги објавуваат комуналните претпријатија доволно зборуваат за тоа дека се мали ефектите од Законот за јавна чистота. Дури и во нив не мора да се гледа, зашто тоа го потврдува сликата со догорчињата од цигарите фрлени на улиците, за што казната изнесува 50 евра.

По речиси две години од донесување на Законот во општините се' уште на терен не се појавуваат униформирани комунални редари. А, колку врева се крена кога беше донесен Законот за јавна чистота. Во јавноста се пласираа бројни информации за тоа колку казни се изречени од комуналните инспектори и од полицијата, па колку изнесувала казната за недисциплинираните, па колкумина прифатиле и биле испратени на одработување на казните... На граѓаните им влезе страв в коски, па тој септември 2008 година, кога беше донесен Законот за јавна чистота, многумина што живеат во станбени згради останаа без ајвар. Не можеа да ги распалат ќумбињата во парковите и да лупат пиперки од страв да не бидат казнети.

Но, како и за многу други работи кај нас, па и за оваа со Законот за јавна чистота се случи – секое чудо за три дена. Законот се донесе, се потрошија многу зборови и пари, некои беа казнети, а ефектите слаби или никакви. Повторно многумина заборавија на казните и на Законот, па одново ги зедоа в рака цревата во парковите и се вратија на старите навики да ги перат теписите и да ги мијат автомобилите. Други, пак, се' уште не се одвикнаа да го фрлаат каде било својот шут. Токму затоа се поставува прашањето зошто ни се закони, ако кон нив не се придржуваат ниту граѓаните, а уште помалку оние што ги донесуваат.


#
Статијата е прочитана 1435 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.05.2010 10:25:03
Појавата на „почитување“ на законот е највоочлива по празниците и прославите - Купишта Ѓубре!„Првомајските“излетници оставија огромно ѓубре!Купиштата хартија и друг отпад беше видлив,уште додека седеа во природата!Како да Јадеа и пиеа во Контејнер!Воопшто Не им пречеше!Никому да му текне да се помрдне за да си го фрли Отпадот што тој самиот го расфрлил!Не постои казна која ќе го спречи тоа!Не постои закон,кој може да ви ја Надгради Културата!Повторно ќе гледа да го фрли парчето хартија,овојпат,внимавајќи да не го фатат!Не постои сила што ќе го спречи Вадењето „руда“од нос,плукањето,’ркањето!Значајно е што Законот важеше единствено на територијата на Скопје,исклучиво за Централното подрачје!Никаде на друго место!Сè почесто се прашувам,дали намената не му беше само за да се пофалиме дека имаме ваков закон?Закон за една употреба,или исклучиво за реклама?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.05.2010 11:06:49
Текстот да го пишуваше во некој друг весник ќе,,држеше вода,,вака имаме ,,премет назад,,.Прво кога се донесе законот жалопојки за сиромашкиот народ на кого државата сурово му пишува казни за фрлање отпадоци.Сега имаме повик,,каде се редарите,,Дали свативте да народот во меѓувреме закрепнал да сега може да се испоказни,или се што прави власта не чини.Казни-не чини,неказни-пак нечини.Пак ќее до второто.
Од: ZZ
Датум: 10.05.2010 15:50:40
Prvo kanti za otpadoci - posle kazni !!!

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Од забава во страшна смрт во амбис кај Калиманци
Македонија опасно се задолжува
Протестите на Албанците - нов аларм за соживотот
Сите скриени пораки на најскапата слика на светот
Координаторката и пратеничката група
Велеа дека не сум доволно убава
„Кои се овие луѓе?“
Крајпатни дебати во пуста Пишица
Русија маршираше како никогаш досега
Биометриските пасоши ги заглавија туристите
Има ли спас за еврото?