Човек не мора да е многу учен за да знае дека кога незаконито се трошат туѓи пари се одговара кривично, прекршочно, материјално или политички
Кога координаторка на пратеничка група од собраниска клупа ќе направи обид да протолкува правна норма, јавноста го доживува тоа не како нејзин личен, туку како заеднички партиски став на пратеничката група т.е. на владејачкото мнозинство. Дури и тогаш кога зад таквата изјава стои личното непознавање на правото, нестручноста и неукоста на координаторката, сепак, таа го отсликува ставот на партијата. А, кога нејзината партија е на власт, тогаш изјавата едноставно станува став на власта. Јавноста не знае ниту, пак, мора да знае дека говорникот место високо образование има вишо правно образование (во говорниот јазик - степен), што значи само основни познавања од правото, недоволни за стручно толкување на материјалното право. Јавноста од овластен претставник на власта го слушна следново: „Ненаменското и незаконито трошење на буџетски средства не значи секогаш криминал и постоење кривично дело!“ И тоа е доволно образложение Собранието да не „крева врева“ и да не се заморува со незаконското работење на носителите на јавни функции констатирано во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР)?
Човек не мора да е многу учен за да знае дека се одговара кога незаконито се трошат туѓи пари! Во зависност од тоа чии и колкави пари се потрошени, кој во кое својство ги трошел и за која цел, се одговара кривично, прекршочно, материјално или политички. Понекогаш се сносат и повеќе одговорности кумулативно. На пример, фактот што двајца високи владини функционери по укажувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата можеби ќе бидат сменети од нивните функции (политичка одговорност) не го занемарува фактот дека ќе треба во буџетот на РМ да ги вратат потрошените пари (материјална одговорност), како и да бидат казнети за злоупотреба на службената должност ако постојат елементи на ова дело (кривична одговорност). Спомнатата координаторка можеби не знае дека политичката контрола врз носителите на јавните функции ја врши токму Собранието. ДЗР врши стручна контрола, но таа не повлекува сама по себе одговорност. Одговорноста ја иницираат Јавното обвинителство, Јавното правобранителство, Владата и, секако, Собранието. Оттука, одземањето на правото на Собранието да ги разгледува извештаите на ДЗР значи негово ограничување во вршењето политичка контрола врз носителите на извршната власт. А, тоа е и ограничување на една од основните демократски придобивки.
Ако ставот на координаторката не е нејзин личен став, туку став на пратеничкото мнозинство, тогаш може ли да се очекува наскоро да се случи следново: Собранието да усвои автентично толкување (автентичното толкување претставува решавање на некои правни дилеми или вакуум содржани во веќе донесените закони и има ис��а правна сила како и самиот закон што се толкува), со кое ќе ги утврди случаите кога буџетските корисници ќе можат незаконито и ненаменски да трошат буџетски средства, а тоа, сепак, да не претставува криминал и кривично дело? Еве, на пример, нека предложи координаторката во кои случаи нераспишувањето тендер за јавни набавки, и покрај законската обврска за негово распишување, нема да биде кривично дело иако е незаконито. Или, кога изборот на најдобар понудувач направен според сопствено наоѓање на министерот/директорот, а не според законски утврдените критериуми и префрлањето буџетски пари на сметката на тој понудувач ќе биде „само“ незаконито трошење буџетски средства без да постои кривично дело? Практиката во работењето на денешниве функционери укажува на зачестена појава на купување хартии од вредност и играње на берза со буџетски пари, како и орочување на непотрошените средства в банка, небаре се наследена дедовина, а не народни пари што кога нема да се потрошат до крајот на годината, треба да се вратат во државниот буџет. Бидејќи никој од функционерите што вака располагаа со државни пари не е обвинет за кривично дело, најверојатно координаторката и нејзината пратеничка група ќе напишат во автентичното толкување дека овие постапки иако се незаконити, сепак, не се кривични дела.
Што останува од одговорноста тогаш? Од кривичната засега нема ништо, а сега се прави напор и од политичката контрола да нема да има ништо, бидејќи неа ја спроведува Собранието, што веќе нема да може да расправа за незаконитите и ненаменските трошења на државни пари, констатирани во ревизорските извештаи. Собраниското мнозинство смета дека оваа надлежност му е вишок (каква коинциденција - и премиерот така смета) и реши да си ја укине!
Од друга страна, без никаков проблем, без дилеми и поделеност во ставовите, истото ова парламентарно мнозинство немаше ништо против кога избра член на Судскиот совет што во животот не стапнал в суд. Правник што не видел, а не, пак, да решил судски предмет. И, тој треба да избира, казнува и да разрешува судии во сите судски инстанци и да одлучува за нивното стручно и совесно работење! Кога на собраниска седница се наоѓа нечија интерпелација, тогаш се гледа вистинскиот квалитет на составот на нашево собраниско мнозинство. Напишани текстови, се' во еден стил, се читаат (едвај) од страна на тотални анонимуси чии имиња и ликови се непознати во јавноста и по три и пол години седење пред камери.
Но, што му останува на македонскиот граѓанин свесен за сето ова? Да го смени парламентарното мнозинство, час поскоро!
Голем број пратеници не само што немаат стручно знаење за законите што ги носат (вклучувајќи ги и наводните пратеници правници), туку многу од нив се со многу ниско ниво на резонирање што ме наведува да помислам дека се веројатно со низок IQ. Не верувам дека ќе го разберат и текстот на Даневска .
Од: diplomat
Датум: 10.05.2010 01:34:01
Zosto sudovite(ustavniot,druite sudovi)ne gi razgleduvaat po sluzbena dolznost protivustavnite,protivzakonskite odluki na vladata,ministerstvata,drugite drzavni organi,kako sto go pravi so donesenite zakoni na sobranieto?!Ovaa e normalna praksa vo evropa,vo germanija,avstrija,svajcarska..!!!So toa se garantira pravnata drzava,znaci pravednosta na demokratski(mnozinski)nacin vo parlamentot,vladata,ministerstvata..donesenite zakoni,odluki.. od sudovite,tretata vlast-"checks and balances"!So toa bi se resil ovoj gruevski sindrom!!Ima dva modela:Ili toa go pravi samo ustavniot Sud,ili site sudovi!Vo RM se pokrenuvaat samo inicijativi za ustavnosta na zakonite,doneseni od parlamentot?!
Од: Lile
Датум: 10.05.2010 04:57:05
Odlicno kazano profesorke!
Од: Stojadin
Датум: 10.05.2010 06:51:09
Kakvo znaenje sakate od koordinatorkata i od
ostanatite pratenici,koga niv ne gi bira narodot,tuku
edna licnost i pritoa bez da gi poznava-samo po
lobiranjata a ne po sposobnosta.Zalno e za drzavata
sto mora da gleda vakva nekadarnost,no toa nema da se smeni i ponatamu ke gledame nesposobni
pratenici,pijani gradonacalnici i taka do beskraj.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.05.2010 08:00:06
ДПМНЕ во целост стои зад она -ДРЖАВАТА ТОА СУМ ЈАС.Така ја поимаат и демократијата, затоа нема дијалог, затоа нема отчетност,затоа се расфрлаат со народните пари,затоа директорот поради рекет, го назнчуваат на високоплатена позиција,затоа вработуваат (незаконски )еден куп партиски војници на непостоечки места или со несоодветни квалификации,затоа ја партизираат судската власт како впрочем и целата држава,затоа сакаат да ја вмроизираат и црквата,затоа директно се мешаат во спортот,затоа одредуваат што е уметност,затоа организираат хајка по неистомислениците( а1ТВ, пред штабот на СДСМ, повик за одлучен бој)...Затоа прават што ќе и текне на партијата а во име на народот и државата...Не ќе да е на добро? А колку пари се одлеале во нивните конта ???? Кој ќе да знае??????Не ќе да се многу ...ПРЕМНОГУ СЕ!.
Од: prvnicka
Датум: 10.05.2010 10:12:25
Ubavo i argumentirano napisano, no za kogo!Polupravnicite na DPMNE se 'pojaki" i od sudiite na ustavniot sud i od profesorite na pravniot f-tet.Ako toa me zagrizuva, uste poveke me zagrizuva totalno inertniot odnos na Javniot obvinitel.Zar ne e dovolno sto izvestaite se javno obznaneni. Zar mora nekoj da inicira postapka. Zar obvinitelot zaboravil deka i dopreniot glas do nego e dovolno da inicira postapka? No go sfakam i nego. Ako pokrene postapka po izvestaite za nenamenskoto trosenje na sredstva od budzetot od strana na Vladata i ministerstvata, vednas ke bide razresen poradi "nestrucno i nesovesno" vrsenje na obvinitelskata funkcija.Slicno na ona sto ke mu se sluci na Violeta Duma i sto mu se sluci na poveke sudii.
Од: Ljube
Датум: 10.05.2010 11:02:45
Ne ubavo kazano tuku prekrasno.No za kogo.Pa zarem ne gledata pocituvana profesorke,srednoskolci,Nikolovski i Gjorcev,pratenici na VMRO DPMNE,na profesor od praven fakultet,Buckovski,mu "solat" pamet od pravni nauki.Koga deklariranata "pravnicka" Boneva im e koordinator i dava pravni tolkuvanja,jasno e "kolku e saatot".No tesko na ovaa Makedonija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.05.2010 11:39:38
Би ве парафразирал за вашиот осврт на некомпетентност во дискусиите во парламентот,од стручен аспект.Се сложувам со вас со освртот кон координаторката.Е сега ве прашувам каков е стручниот бекграунд на ваши колеги од правниот,електро, информатичкиот факултет визави коментирање на економските проблеми плус носење буџети или нивни ребаланси.Според вашата теза за стручност знаењето визави економијата се никакви,а не малтретираат со идеи за решавање.Се расфрлаат со проценти вакви или онакви.Или тие се вундеркинди виножитни.
Од: Tanja-Skopje
Датум: 10.05.2010 11:45:11
Sosema ste vo pravo profesorke, no mislete deka koordinatorkata i tie okolu ne ake ve razberat?. Zamilete, nezakonsko koristenje na narodnite pari ne bilo kriminal! zatoa tie gi trosat parite na graganite kako sto sakat a ne spored pravila i proceduri, A sto e ako ne kriminal?pa i dete vo prvo oddelenie ke vi se nasmee na ova. Kade li odi ovaa nasa jadna zemja , koga ovakvi nepismeni luge sedat vo Parlament, pa zgora na toa se i koordinatori. G-go Daneva, itno da i odrzite osnovna obuka na koordinatorkata, za toa sto e kriminal, odgovornost, moral. Mozebi nesto i ke nauci.
Од: goran stip
Датум: 10.05.2010 12:34:07
Браво професорке!!!
Текстот е на место и не ми е јасно како овие од ВМРО-ДПМНЕ не можат да сватат дека оваа Влада преобрна се што беше нормално како процедури, закони и др.
И не ми е јасно дали и они мислат дека мнозинството навистина работи како што треба бидејќи претставниците од власта така вика и демек така е, другите нема што да коментираат.
Срамота за споменатата координаторка на пратеничка група. Но не е траги-комично тоа што не знае координаторката, туку што не се труди ни да праша некој што се разбира во таа проблематика.
Од: zoro
Датум: 10.05.2010 13:34:00
Ana. Sekogas so zadovolstvo gi citam tvoite komentari, kolumni i sum navistina vooduseven od ona sto objektivno e kazano.Vo konretniot slucaj mislam deka ste vo pravo za koordinatorkata, no nemoj da si zacudena videjki vladeackata partija navistina ima nedostig od kadar pa zatoa i stepenas im e koordinator na pratenicka grupa. A kolku vredi najdobro znaat strumicani na lokalnite izbori koga bese katostrofalno porazana. Dali e toa dovolno neka oceni javnosta.
Од: До ФЕЛИКС
Датум: 10.05.2010 13:55:15
Среќко на Бате, очекував да прокоментираш како овој Криминал не е Криминал, а за исти работи имаме распишани меѓународни потерници а богами некои се и веќе осудени на повеќегодишни затворски казни. Инаку уште во првиот пасус авторот вели дека не треба да си експерт па да знаеш што е што така да твојата теза за тоа кој кементира економија брате е навистина `глупа`, впрочем не само сега.
Од: павле АЛИМАСКА ,Прилеп
Датум: 10.05.2010 14:50:29
и честитам на професорката за извонредниот напис и сакам да напоменам се дури има вакви инфантили како тој ФЕЛИКС, ДПМНЕ ќе владее и ќе ја турка државата во провалија.
Од: Од редовен читатаел
Датум: 10.05.2010 15:48:58
Професорке, Ве молам почесто да пишувате на вакви и слични теми, можеби децата од власта ќе научат дека власта, пред се, значи одговорност.
Од: DO FELIKS
Датум: 10.05.2010 16:01:01
Kolumnata e prekrasna,precizna i jasna.A ti drag Feliks pak naogjas mana,a za tvoe dobro eve ti eden besplaten sovet>
Dobro e koga za ekonomija diskutiraat i visoko obrazovani lugje so fakultetski diplomi zatoa sto nesto naucile ,no koga um delat srednoskolci (Nikolovski,Gjorcev,Dimovski)e togas e tragedija zatoa sto vo Makedonija sega e jasno deka i so fak.diploma si nepismen a ne pak so sredno zatoa sto vo R.M.denes ima mn.kvalitetni magistri i doktori na nauki koi ne mozat da pokazat sto znaat od seznajkovcite koi kako tebe i drugar ti Kimov non stop znaat se i za se i sesto.