Уште еден знак за тревога дека нешто чкрипи во меѓуетничките односи! Повеќе албански невладини организации, под мотото „За правдина“, денеска ќе го реализираат од поодамна најавениот протест против, како што велат, политички монтираните судски процеси и дискриминацијата на Албанците во Македонија. Организаторите вчера апелираа до граѓаните што ќе им се придружат да се воздржат од какви било провокации и да се однесуваат европски, за протестот да ја постигне вистинската цел - изразување на граѓанскиот револт преку демократски форми.
Дали најавениот протест е уште еден сигнал за радикализација, по откривањето на бункерот со оружје на Скопска Црна Гора, коминикеата на наводната ОНА, обвинувањата меѓу власта и опозицијата дека се подготвуваат сценарија за дестабилизација... Настани - на кои, пак, им претходеше заедничката изјава на меѓународните претставници, што искажаа загриженост од развојот на ситуацијата во земјава, поради реториката на политичките лидери што зборуваат за конфликт, поделба на државата, напуштање на Рамковниот договор...?
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро, смета дека не постои можност да се повторат настаните од 2001 година и дека денес не постои причина за какво и да е насилство, бидејќи тоа нема да помогне никому. Тој нагласува дека оние што мислат дека на таков начин ќе постигнат нешто, ќе се соочат со осуда од меѓународната заедница.
Амбасадорот Хереро, во интервјуто за Радио Слободна Европа, истакнува дека во 2010 година не треба да има каква и да било употреба на насилство. Дека за се' може да се разговара, бидејќи понекогаш прогресот се постигнува бавно, но мора да постои трпение. „Ние работевме многу на меѓуетничките односи, но многу нешта останува да се направат. Работиме заедно со Владата, со албанските партии и со општинските раководства за да постигнеме напредок на патот поставен со Охридскиот договор, што останува водечки пат и водечки принцип“, оценува Хереро.
Познавачи на состојбите сметаат дека протестот на албанскиот цивилен сектор е уште еден обид да се изврши притисок врз ДУИ, од која се очекува поостро да се спротивстави на етноцентричните политики на својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ и да заземе порешителен став за прашањата што ја тангираат албанската заедница во државава, како хашките случаи, енциклопедијата, „Скопје 2014“... Владејачката партија од албанскиот блок од почеток се воздржуваше од поддршка на најавените протести, за разлика од опозициските и вонпарламентарните партии на Албанците, кои политички ја поткрепија активноста на невладините организации. Од Нова демократија, на пример, отворено ги поддржаа протестите, посочувајќи дека станува збор за револт против владините политики, на кои и тие реагирале во Собранието. Викендов НД ја обвини ДУИ дека е вазал на Груевски, само за да го зачува местото во Владата. „Господа од ДУИ, немате право да тргувате со работи како што се енциклопедијата или ’Скопје 2014’. Немате право да се откажете од Бурмали-џамијата на плоштадот само поради два-три споменика на албански личности според вкусот на Груевски или на вашиот претседател“, изјави пратеникот Абедин Зимбери. Партиите од опозицијата, сепак, потенцираат дека не се вклучени и дека не се мешаат во организирањето на протестите.
Ваљон Беља од Советот на албански организации, во кој партиципирале 43 НВО, вели дека протестите не се насочени кон никоја партија посебно, туку против политиката на дискриминација на Албанците во изминатите 20 години. „Зар не е дискриминација кога Албанците учествуваат во буџетот со 40 проценти, а им се враќаат само два процента, кога се издвојуваат само 50 илјади евра за албанската култура, кога не се градат спортски сали во албански училишта“, прашува Беља.
Тој очекува на улица да излезат од 10 до 20 илјади Албанци, чиј протестен марш ќе почне пред Судската палата, ќе помине покрај Собранието и ќе заврши пред Владата. „Сметаме дека нашата реакција е во вистинско време и дека ќе ги освести надлежните. Но, ако протестот не ја постигне целта, ќе размислиме и за други методи на дејствување“, вели Беља.
Se tece ,se se menuva, samo albanskite idei se nepromenlivi!! Pokraj tolku izreceni nevistini ova so ucestvoto na Albancite vo bugetot so 40% e vistinski biser.Od kade go polnat budzetot !? Od Bit pazar!?Ili pak dobrovolno gi prijavuvaat prihodite i radosno go polnat budzetot!?25%(sic!!) od graganite davaat 40% vo budzetot!?Bas bi sakal da go vidam toa cudo.
Од: diplomat
Датум: 10.05.2010 01:04:58
Zosto sudovite(ustavniot,druite sudovi)ne gi razgleduvaat po sluzbena dolznost protivustavnite,protivzakonskite odluki na vladata,ministerstvata,drugite drzavni organi,kako sto go pravi so zakonite na sobranieto?!Ovaa e normalna praksa vo evropa,vo germanija,avstrija,svajcarska..!!!So toa se garantira pravnata drzava,znaci pravednosta na demokratski(mnozinski)nacin vo parlamentot,vladata..donesenite zakoni,odluki.. od sudovite,tretata vlast-"cheks and ballances"!So toa bi se resil ovoj gruevski sindrom!!Ima dva modela:Ili toa go pravi samo ustavniot Sud,ili site sudovi!Vo RM se pokrenuvaat samo inicijativi za ustavnosta na zakonite,doneseni od parlamentot?!
Од: Silvester SIdnej
Датум: 10.05.2010 02:32:37
Gospodinov Belja ako moze da gi pothrani brojkive i procentite so fakti, togas mozebi "ugnetenite" i imaat pravo na protesten mars. No dlaboko sum siguren tokmu na sprotivnoto. Ova ne e nisto drugo osven istaknuvanje na svoi licni celi, dusegriznici za svoite, bez obraz za drugite. Ulicata sekogas e dvonasocna, nikogas ne smee da e ednonasocna, togas se stvaraat problemi.
Од: Dosta bese genocid "Otade Grupcin"!
Датум: 10.05.2010 04:10:14
Dali samo jas geladam deka ova e se del od konceptot za etnicko cistenje koe sto ne prestanalo poveke os sto godini a s sproveduva i den denes OTADE GRUPCIN?
Dosata se lagi i zamajuvanje. Prozborete site javno za etnickoto cistenje na Makedoncite vo Makedonija, neka se cue ednas vistinata. Da ne dozvolime t.n. nevladini organizacii da nametnuvaat t.n. baranja za "prava" i da ja zamagluvaat vistinata za genocidot otode Grupcin.
Na Obedineti za Makedonija po povod nivniot kongres im bese isprateno pismo od 91 nevladina organizacija na Makedoncite od Dijapsorata. Nitu eden medium ne dade soopstenie za toa, osven edna TV koja pusti samo edna recenica,...Koga od Kosovo idat NVO site mediumi se na gotovs da im dadat prostor. Za kogo rabotite????
Од: goran
Датум: 10.05.2010 05:59:02
ova e veke preterano. Jas neznam za koja diskriminacija zborat sega. ili pak neznaat za sto da cmizdrat veke, pa ajde najdi nesto. kako odat ovie raboti vo drzavava, nie Makedoncite ke izlezeme diskriminirani na kraj. Pa ako sme pocivilizirani od albancite, ne znaci deka treba da im dozvolime na glava da se kacat
Од: Ицо
Датум: 10.05.2010 07:17:45
Веќе чуено, видено и доживеано! Еве откриено е оружје без фатени виновници, слушаме комуникеа и соопштенија на криминалците маскирани со униформите на УЧК со предупредување дека тие се тука подготвени понови да припукаат на државата која им пречи, еве и масовни протести и бунтови на кутрите угнетувани Албанци по улиците на Скопје, лелекање по светот и во парламнетот за обсправеноста на Албанците заради тоа што не им е дозволена и трета албанска држава, потоа повремени насилства и убиства, непремени изјави на странците за бесмислата на намерното создавање меѓу етничка напнатост, но и изјави на власта дека ги држи под контрола настаните, преставува стандардна појава! Недостига уште Снежана Липеска да открие бандити некаде на границата подготвени поново да го доосвојат она што не успеаја претходниот пат! Но ете останува отворено прсашањето: Овој пат кој ќе ја брани Македонија!!??
Од: pameten
Датум: 10.05.2010 07:20:06
Albancite nikogash nema da prifatat da bidat malcinstvo vo drzhava na Makedoncite. Pred nezavisnosta na Kosovo mozheshe da se dogovorime duri za razmena na teritorii. Denes sostojbata e poteshka. NO mora da se sfati dilemata. Nekogash taa bila sojuz so Srbija i Grcija, ili podelba megju Albanija i Bugarija. Denes, dilemata e RAZLICHNA - ili vleguvanje vo Albanskiot komonvelt (so podrzhka na Turcija i Bosna, ili sojuz so Bugarija (prifaten, duri so podrzhka od SRBIJA I GRCIJA). SAmo pravoslaven sojuz megju Grcija, Srbija i Bugarija kje gi sopre Turcija i Albanija. Cenata na Bugarija za vleguvanje vo ovoj sojuz e Srbija i Grcija da prifatat deka taa ima "specijalni odnoisi" so MAkedonija, kakvi sho ima Grcija so Kipar i Srbija (mora da ima ) so Crna Gora. Tie se svesni za dilemata i ovo kje go prifatat.
Од: Мима
Датум: 10.05.2010 07:38:08
И после толку години никако не ми е јасно зошто во медиумите се користи и се пишува ОНА а се сто реално сме во можност да видиме е со знакот на УЧК. Колку што ми е познато тоа не е баш исто ?
Од: flying-monaco
Датум: 10.05.2010 07:54:31
Gospodin Herero zaboravil montiranite si vakvi scenarija se podpomognati i dobredojdeni ne samo od Albanskite opozicii tuku najprvin od nasata opozicija. Go cheka momentot bez razmisluvanje na cenata i posledicite, samo tie da se dochepat na vlast. Niv im falat nekogashnite fotelji.Si mislat deka samo tie go imaat ekskluzivitetot na vladeenje.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.05.2010 08:19:43
VMRO-DPMNE = Destabilizacija+diktatura=partizacija na celata dr\ava
Од: mkm
Датум: 10.05.2010 08:28:57
А, што демек соживотот зависи само од нив? А се запрашале дали тие сметаат некому?Дали тие воопшто се грижат за соживот. Нивната цел се знае која е, нека бидат еднаш “мажи“ и јавно пред цел свет да ја признаат.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 10.05.2010 09:12:42
Mnogu ubavo se sekjavam na 2001 koga za vreme na demonstracii "protiv diskrimínacija" vo TE pocnaa da pukat tn.borci za covekovi prava!
Se razbira,SK ne e TE,bidejki ako pocnat da se zanesuvaat,togas ne gi pere nikoj i nisto,pa ni EU/OBSE/NATO,pa od taa pricina ne veruvam deka ke se sluci "Tetovskoto scenarijo 2001".
Sepak si postavuvam prasanjeto,
do koga mnozinstvoto ke dozvoli da bide ucenet,
umalovazuvan i zakanuvan od malcinstvo,samo poradi toa sto zad nego stoi megjunarodniot faktor i gi loupotrebuva Albancite kako 5-ta kolona?
Mozebi navistina ne e loso so Albancite mirno i so dogovor da se razdruzime,zosto se vide nivnata "zelba" za sozivot,sto vo prevod znaci nisto drugo nego "juznoafriskanski uslovi" odnosno vlast na malcinstvoto nad mnozinstvoto.Epa taka ne moze!MKcite go poseduvaat gospodovo pravo na spokojstvo i mir,pa ako nekomu ne mu se svigja vo MK-neka poveli i se iseli tamu kade misli
deka ke mu bide arno.Nema mesto za lutez tuka!Licno mi e preku glava so niv!
Од: Душан
Датум: 10.05.2010 10:45:06
Подобро да имаме соживот со сите етнички народи кои што живеат во нашата држава,отколку со сите овие народи да се гледаме и бркаме на нишан.Верувајте никој од нас без ралика на вероисповед не ја сакаме војната а и знаеме колку таа може да боли.Затоа разберете ги пораките кои што ги пренесуваат овие народи. Стоп за Омразата меѓу малцинствата.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.05.2010 11:19:07
Би било интересантно да се види и прочита ставот на Еу амбасадорот за овој ,,допринос,, за меѓу етнички соживот.Во написот намерно е изоставено барањето за пуштање на слобода на осудените за Сопот и Бродец.Така на дупенчанецот му се сервира само енциклопедијата, Скопје 2014 дури и хашките случаеви, демек владата е виновна,и тој одма се лепи.Неверојатна перверзност кон сопствената држава.
Од: Violeta
Датум: 10.05.2010 11:57:59
A sto pa sega im fali????? Veke go preteraa so nivnite baranja,vecno se diskriminirani,se nesto im fali a najgolemiot kriminal bas oni go vodat vo drzavava. Celiot sverc so droga,oruzje,prostitucija i ostanati kriminalni dejstvija e vo nivni race. Ne se oni za sozivot tuku sakaat da ja albaniziraat drzavava. Site Makedonci se svesni za toa i ne se veke interesni so ovie gluposti.
Од: imer-minhen
Датум: 10.05.2010 12:01:51
do Nikola od Germanija. Ti kade zivees be kardas,Albancite vo RMKD ziveat 5 milioni godini i se autokton narod-potomci na Ilirite. Nikoj ne ze zalaga za rasturanje na MKD,nego za ravnopravnost na site gragjani.Vo MKD nema mnozinsvo i malcinstvo,2,5 milioni ziteli,zapadna MKD 90% Albanci o kutrik. Ne moze toa taka, kako vo komunizmot.Albancite da sakat,za 24 h ke go rasturat MKD,no toa ne e vo nasiot interes,nie sakame integracija vo Nato i vo EU,kada site narodi ke ziveat slobodno vo demokratija.Onoj sto ke raboti ke ima,a ne kako do sega,Makedoncite(bugari,srbi,vlasi zaedno)da ziveat so tugj znoj,toa veke ne ide.Pozdrav
Од: Zdravko
Датум: 10.05.2010 14:57:32
Ништо не чкрипи во меѓуетничките односи!!! Тие се исти, ни полоши ни подобри, како и пред неколку години. Се е програмирано и наместено од центрите за моќ. Прво, за да се смени името. И второ, нашите политичари (и албански и македонски, и власта, a посебно опозицијата) немаат никакви идеи и програма за развој на Македонија, па ваквите "сценарија" поигрувањата со меѓуетничките односи, промена на името, изолација, антиквизација.... им се совршена можност за контрола на мозокот (стравот) на обичниот граѓанин, за задржување или освојување на власта.
Од: Tvrdina
Датум: 10.05.2010 15:19:47
Dobro spomna Albanskiot politicar za budjetot.A KADE SE ROMITE za podelba na budjetot??ZA NIV NE SE ODVOJUVA NI SKRSEN DINAR,za nivniot razvoj i kultura.Naviki od komunizmot-nacizmot.Najverojatno na pravoslavnite Makedonci bi im odgovaralo,delenje na budjetot,kako vo komunisticko vreme.ZA NIV celiot budjet ,za malcinstvata nisto,i ke gi proglasime "neprijateli na Makedonija"kako vo komunisticko vreme.NE sum Albanec,vo podelbata na budjetot gi podrzuvam i imat pravo
Од: Filkoski
Датум: 10.05.2010 15:54:39
Koga nasite novinari kje plesnat nesto vo ovoj stil: "Познавачи на состојбите сметаат дека протестот на албанскиот цивилен сектор е уште еден обид да се изврши притисок врз ДУИ, од која се очекува поостро да се спротивстави на етноцентричните политики на својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ и да заземе порешителен став за прашањата што ја тангираат албанската заедница во државава, како хашките случаи, енциклопедијата, „Скопје 2014“... ", navistina zvucat kako padnati od Mars. Toa e navistina prasanje na elementarna pocit kon sopstvenata drzava!
Patem, vo Makedonija nema albanski ucilista. Takvi ima vo Albanija, a vo Makedonija ima makedonski ucilista na dominantno albanski nastaven jazik, vo koi ne se pocituva zakonot za izucuvanje na oficijalniot jazikl na sopstvenata drzava.
Za intelektualecot od Minhen, pred pet milioni godini na teritorijata na MK ziveele majmuni, a ne Iliri.
Од: "vodolija"
Датум: 10.05.2010 16:56:23
Neznam ,so dve tri recenici,za komentar sto bi mozelo naj pametno da se iskomentira. Mnogu ljuge mnogu cuda ,mnogu razlicni mislenja i tolkubanja, i od tuka mnogu razlicni maki i stradanja. Mislam deka Makedonija so vekovi stradala i uste tolku mozebi ke strada ,se dodeka ,vo MAkedonija ne se kompenzirat na nula, izrazite makedonci albanci ili malcinstvo mnozinstvo ,vera ili religija i slicno. Greskata e prosta i ednostavna. Nekoj nesaka da razbere deka ova parce zemja mu e domovina, tatkovina na sekoj onoj koj se rodil na ova parce zemja. Pa od kade sega taa teorija na pogolem patriot ili pomal ili izdajnik??Nema makedonec,nema albanec ,site sme ednakvi i treba da se pridrzavame na zakonskite propisi i odredbi od zakonot. Neka se razvivaat site kulturi i jazici podednakvo, da nebidat samo stetni za eden na drug. Tek togas ke ima sloga i Boga vo taa zemja- drzava. Ovaka kako ziveeme sega vo Makedonija izgledame kako da sme , covek na covek kako volk.!!??