Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Има ли спас за еврото?

Џозеф Штиглиц

Не е предоцна Европа да ги спроведе реформите, а со тоа и идеалите на солидарност

Грчката финансиска криза го стави на коцка опстанокот на еврото. Кога се создаваше еврото, многумина беа загрижени за неговата долготрајна одржливост. Кога се' помина добро, таа загриженост беше заборавена. Но, прашањето како би биле направени приспособувања ако дел од еврозоната биде погодена од силен неповолен шок, остана. Добитникот на Нобелова награда, Роберт Мандел, ги проектираше условите под кои може да функционира единствената валута. Европа не ги исполни тие услови во тоа време и се' уште не ги исполнува.

Некои се надеваа дека грчката трагедија ќе ги увери креаторите на политиката дека еврото не може да успее без поголема соработка и фискална помош. Но, Германија беше против да и' се даде потребната помош на Грција. За многумина во Грција и надвор од неа, тој став беше необичен: се потрошија милијарди за спас на големи банки, но, очигледно, спасување на земја со 11 милиони жители е табу! Пропаднаа серија полупонуди и неодредени ветувања, наменети за да се смири пазарот. Прашањето беше кои услови ќе и' бидат наметнати на Грција? Колку големо ќе биде неповолното влијание? За помалите земји од ЕУ, лекцијата е јасна: ако тие не ги намалат своите буџетски дефицити, постои голем ризик за шпекулативен напад, со мала надеж за адекватна помош од нивните соседи.

Можеби би било корисно проблемите на еврото да се гледаат од глобална перспектива. САД се жалеа на кинеските вишоци на тековна сметка, но како процент од БДП, вишокот на Германија е уште поголем. Да претпоставиме дека еврото е воведено така што трговијата во еврозоната како целина, приближно е во рамнотежа. Во таков случај, вишокот на Германија значи дека останатиот дел од Европа е во дефицит. Фактот дека тие земји увезуваат повеќе отколку што извезуваат, придонесува за нивните слаби економии. Америка се жалеше поради одбивањето на Кина да дозволи нејзиниот девизен курс да се зголемува во однос на доларот. Но, евросистемот значи дека девизниот курс на Германија не може да се зголемува во однос на другите членки од еврозоната. Ако се зголеми девизниот курс, за Германија би било потешко да извезува, а нејзиниот економски модел, што се базира врз голем извоз, би се соочил со предизвик. Останатиот дел од Европа би извезувал повеќе, БДП би се зголемил, а невработеноста би опаднала. Германија (како и Кина) ги гледа своите високи заштеди и вештината за извоз како доблести, а не како мани. Но, Џон Мејнар Кејнс укажуваше дека вишоците водат до слаба глобална вкупна побарувачка - земјите што имаат вишоци применуваат „негативна надворешна карактеристика“ врз нивните трговски партнери.

Социјалните и економските последици од актуелните аранжмани треба да бидат неприфатливи. Оние земји чии дефицити се зголемија како резултат на глобалната рецесија, не треба да бидат форсирани во спиралата на смртта - како Аргентина пред една деценија. Едно од предложените решенија е: тие земји да го испланираат еквивалентот на девалвација - униформно намалување на платите. Тоа е недостижно, неговите поединечни последици неприфатливи, а социјалните тензии би биле огромни. Второ решение е: излез на Германија од еврозоната или поделба на еврозоната на подрегиони. Има и трето решение, кое Европа можеби ќе го сфати како најнадежно за сите: да се спроведат институциски реформи, вклучувајќи ја и потребната фискална рамка, што требаше да се направи кога беше воведено еврото.

Не е предоцна Европа да ги спроведе тие реформи и така да ги исполни идеалите на солидарност, кои го потпираат создавањето на еврото. Но, ако Европа не може да го направи тоа, можеби е подобро да го признае неуспехот, отколку да плаќа висока цена во името на погрешен економски модел.

(Авторот, професор на универзитетот Колумбија и добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1398 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 10.05.2010 00:36:56
Gospodinov dava ocenki spored toa kako bi im odgovaralo na Amerikancite. Evroto ke opstane, bidejki poinaku nemoze.Mnogu ja kostase Evropa voveduvanjeto na evroto, a izleguvanjeto ke gi kosta uste poveke.No ako veke "propaga" Evroto(hiperinflacija)togas uste posigurno e deka ke propadne i Dolarot, a toa znaci ke propadne celiot zapaden finansiski sistem.Ova e mnogu poverojatnata opcija otkolku da propadne samo Evroto, i taka se da se zavrsi. Na zapadniot fin.sistem mu predstoi totalen remont/reset, a toa ke go platat site gragani od zapadniot blok(pa i nie).Standardot ke se srozi drasticno, valutite ke im dviraat drasticno,na rabotnikot ke mu bide nametnato povtorno ropstvo.Doaga vreme koga ke go baraat komunizmot da gi spasi od toa novo/staro ropstvo.Grcija e samo uvdot vo vtoroto poluvreme od krizata,a tamu se vmesa i ideologijata veke.Rabotnicite tamu nosat crveni znaminja.Haosot zapocna.
Од: k2
Датум: 10.05.2010 02:48:33
Abe Jovan covekot e nobelovec ...ama ti go nadmina vo objasnuvanjeto...mora da si od partiskiot vrv na SDSM
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 10.05.2010 04:15:10
Ne sum ekonomist i ne bi sakal da ja osporuvam reputacijata na Nobelovecot Stiglic, za kogo inaku imam visoko mislenje, no mi se cini deka ovoj negov prilog e dosta zlonameren i licemeren. Da se posocuva Germanija kako glavna pricina za problemite na Evroto denes e poveke od zlonamerno. Ednostavno, ne postoi obvrska za ekonomsko spasuvanje na koja bilo zemja clenka vo Evrozonata, bidejki clenuvanjeto vo nea e dogovor zasnovan na odredeni obvrski, pred se povrzani so dozvoleniot deficit. Osven toa, Stiglic ne ja posocuva razlikata pomegu zadolzenosta na samata drzava nasproti zadolzenosta na nejzinite gragani. Grcija ne gi ispolnuvase uslovite za pristap vo Evrozonata uste na startot, no blagodarenie na laznite finansiski izvestai kreirani od Goldman Saks, na izmama vleze vo elitnoto finansisko drustvo. Sepak, smetam deka Dolarot e vo pogolema opasnost od Evroto vo momentov, a na toa poslednive nekolku meseci ukazuvaat i eminentni ekonomisti od Svetskata Banka.
Од: Steve am Main
Датум: 10.05.2010 11:52:26
Na seto ova sekogas si go postavuvam prasanjeto: Ako Grcija kako 5 pati pogolema od Makedonija, voedno i ekonomski tolku pati porazviena (ako ne i mnogu poveke), togas dali nie ke gi zadovolime standardite za oddrzuvanje na Evroto? Kolku ke mozeme nie da potpreme? Mozebi i treba da podrazmislime malku, pred da izleguvame kako prlinja pred konjite...
Од: Magister
Датум: 10.05.2010 15:40:15
Ovaa kriza vo evrozonata e posledica na nepocituvanjeto na Marstriskite kriteriumi, spored koi ne smee budzetskiot deficit da bide pogolem od 3%, a javniot dolg ne smee da bide pogolem od 60% od BDP i inflacija do 3%. Kolku za potsetuvanje, Grcija ne gi ispolnuvase ovie kriteriumi uste vo 2001 godina koga se vovede evroto. Togas imase golemi debati okolu priemot na Grcija vo evrozonata.
Од: Rade
Датум: 10.05.2010 16:48:20
Апсолутно точна констатација на Штиглиц. Многу прецизно одредно, Уште во самиот почеток на воведувањето на еврото, јас лично предвидов деке нема да има долга иднина. Сега Штиглиц само ми го потврди тоа. Еврото беше воведено повеке од еуфоичен аспект отколку на сериозни припреми на финансискиот пазар. Од една страна се создадоа големи и моќни економски центри наспроти периферните економски слаби слаби држави. Но воведувањеот на еврото значеше и повлекување на една друга парична единица од цел еден континент.Доларот мораше да си оди назад во Америка каде се создаде огромна маса на паричната едница што резултираше во давањето на ефтини кредити и како резултата на тоа беше хипотекарната криза како предвесник на големата економска криза. Американците не можат да го „проголтаат „ појавувањето на еврот и уривањето на нивниот идеал „доларот„. Тие ке продолжат со сите можни сценарија да го уриваат еврото за на крај за неколку годи��и целосно да го снема.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Каде се редарите
Од забава во страшна смрт во амбис кај Калиманци
Македонија опасно се задолжува
Протестите на Албанците - нов аларм за соживотот
Сите скриени пораки на најскапата слика на светот
Координаторката и пратеничката група
Велеа дека не сум доволно убава
„Кои се овие луѓе?“
Крајпатни дебати во пуста Пишица
Русија маршираше како никогаш досега
Биометриските пасоши ги заглавија туристите