Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Биометриските пасоши ги заглавија туристите

Неизвесноста околу земањето на пасошот навреме е проблем за граѓаните и за туристичките агенции

Миркица Поповиќ

Ќе ви биде ли готов новиот биометриски пасош пред заминување на летен одмор? Оваа тема, иако го засега целото семејство или друштвото со кое планирате летен одмор, од друга страна, ги засега и туристичките агенции. Олеснувањето на визниот режим, кој беше голема воздишка за сите оние што досега имаа тешкотии со вадење виза, се' уште не е реалност за сите македонски граѓани. Па така, се чини дека долгите процедури за издавање биометриски пасош и чекањето да се подигне ги заменија долгите чекања пред амбасадите.

Од туристичките агенции велат дека веќе се појавија првите случаи на граѓани, кои поради проблеми со биометрискиот пасош, принудени се да ги откажат резервираните пакет-аранжмани за мајските патувања. Александар Чоневски од туристичката агенција „Игуана“ вели дека досега имале неколку вакви случаи и смета дека ова може да биде реална причина за загриженост на туристичките агенции, особено во екот на сезоната. Иако туристичките агенции им советуваат на граѓаните да ги средат работите со патните документи пред да уплатат целосно за аранжманот, за жал, има случаи каде што поради оптимизмот на граѓаните дека ќе имаат в раце биометриски пасош пред тргнувањето на одмор, доаѓа до конфликт со агенцијата.

Како што раскажува Чоневски, граѓаните изреволтирани од долгото чекање на пасошот што во одредениот случај им ги урива плановите за одмор, започнуваат кавги со агенцијата, барајќи да им помогнат преку јавување во МВР за да се забрза процедурата за издавање на нивниот пасош. Најголемиот проблем, секако, е откажувањето на резервацијата и барање целосно да им се врати уплатениот износ.

Тука се појавува проблем за повеќе страни. Пред се', со договорот што го потпишуваат со туристичката агенција, странките се согласуваат на условите со кои е предвидено дека за отказ на резервацијата 30 дена пред патувањето се наплатува 5 отсто од сумата, 21-15 дена пред тргнувањето 20 отсто, 14-8 дена 50 отсто и за отказ 7 до 1 ден пред патувањето се наплаќа 90 отсто од вкупната уплатена сума за аранжманот. Менување на терминот е малку побезболна опција и доколку се направи 15 дена пред тргнувањето и, секако, доколку организаторот е во можност да ја изврши промената на резервацијата. Во овој случај се наплаќаат само манипулативни трошоци во износ од 10 евра.

Во вакви случаи туристичката агенција се соочува и со проблем од друга страна, односно партнерите од хотелите и апартманите со кои соработуваат. Чоневски истакнува дека партнерите воопшто не ги засегаат причините поради кои се откажуваат резервациите и очекуваат да бидат донесени договорениот број гости или, пак, да им биде платено за откажаните резервации. Ова ги растргнува туристичките агенции меѓу клиентите, кои не ги добиваат пасошите и по 2 месеца чекање, па потоа бараат враќање на парите, и меѓу партнерите од хотелите и апартманите, кои бараат да им се плати за направените резервации.

Се чини дека грешките при организација за издавање пасоши во МВР може да ги чини граѓаните еден цел годишен одмор.


#
Статијата е прочитана 2883 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 10.05.2010 00:12:32
ima i druga rabota, ima mnogu otkazuvanja na aranzmani vo Grcija poradi situacijata tamu, zatoa Hrvatska ima mini bum na bukingot, a moze i Ohrid ke se ofajdi.. a za Bugarija i ne e problem, lesno se vadi viza, za Turcija i Albanija ne treba, a za Egipet mislam site vadat viza na aerodrom
Од: ohriganec
Датум: 10.05.2010 00:52:33
E sakame nie 5 do 12 sve da napravime.E ne odi toa taka.Kako moze jas vo rok od edna nedela da izvadam pasos.A vie sakate den pred odmorot da vi dadat.Pa dobro bre normalni ste razmislete malku.Ta posle kriv gruevski kriv nato i drugi treti.se poglednuva i vo sebe nekogas vo ogledalo...ama dzabe izgleda e se.se pravime pametni site ama za nikade sme
Од: s.m.
Датум: 10.05.2010 01:06:25
poradi toa nie gggraganite sme prinudeni da vadime biometriski pasosi po itna postapka koi cinat po 4750 den. ili pak da se vratime na stariot nacin so vadenje vizi, koi cinat po 35 evra, ili vo kraen slucaj da se otkazeme od odmor nekade na more ! neviden haos i bezredie !!!
Од: Petre
Датум: 10.05.2010 02:10:50
Za sramota kakva drzava sne nie koga grajgjanite ne mozat vo normalni uslovi da si gi ostvarat svoite prava a toa e pravoto sekoj grajgjanin da poseduva patna isprava i da patuva onamu kade sto saka ,nie sto imame imame drzava vo koja ne mozi normalno da izvadis pasos ne mozi normalno da izvadis licna karta ne mozis da izvadis tablicki za avtomobil ne mozis da patuvas ednostavno receno nie sne drzava vo koja narodot ne gi ima elementarnite uslovi za zivot.Gospodine Gruevski ova e makedonski narod svestete se deka narodot go izmacuvate.
Од: dejan
Датум: 10.05.2010 02:14:32
jas neznam veke koj bi koristel nashi turistichki agencii so nivnite glupavi ponudi koi se von site standardi za patuvanje mislam kakov e toj odnos ako otkazam rezervacija 25 dena pred trganje da mi zemat 5% mislam GLUPOSTI toa nikade vo svet go nema
Од: Bitolcanec
Датум: 10.05.2010 02:29:28
Vakvo glupo nesto dosega uste ne sum procital!Pa kolkav idiot treba da bidis za da rezerviras odmor na zapad,a da nemas biometriski pasos v race??????????
Од: Kimov
Датум: 10.05.2010 03:04:42
Koga pravite anketa pomegu narodot okolu aranzmani za patuvanje kazuvate deka ! narodot nemal pri i nezaposlenosta ne im dozvoluva takov luksuz. A seka za neazurnosta za izdavanje na biometriski pasosi krivi bile vnatresni. Pasosi vo ovoj se izdavaat se poveke za diasporata so sto Makedonija ke ima pogolem broj na turisti od koi ke ostava deviza.
Од: isa
Датум: 10.05.2010 07:42:59
A sto ke bese da bevme NR Kina - tamo dnevno umirat/se radjaat kolku sme naselenie... kako uspevat tie da gi resavat problemite so dokumenti....
Од: Dzevelekov
Датум: 10.05.2010 08:27:29
Vo ovaa zbrka ima i edna ubava rsbota. Imeno, na stotici prodadeni dusi ne ke mozat da gi napolnat grckite letuvalista, a uste poveke prodavncite za da potrosat miliuoni evra. Nim ne im e griza deka nasata zemja e terorizirana od grcite, deka tie sakaat das ne nema na zemjinata topka. E takov rasipan materijal ima vo izobilstvo megu nas. Sramota.
Од: APEL DO MVR
Датум: 10.05.2010 08:45:18
Ve molam Vas od MVR na site Skopjani da im dadete pasos vo rok od 1 den vo sprotivno site ce dojdat vo Ohrid i ce ni ja rasipat sezonata kako na nas od Ohrid a taka i na drugite gosti a ce vlijae na ekologijata nema vozduhot da ni se smrdi na piperki .Tolku.
Од: забеган
Датум: 10.05.2010 09:03:50
Што ако бевме Држава од Стотина-Милиони НАРОД????.Остваруваме 24/7,Овија погрешно го читат времето од 09-до-15,30 е 24 часа.
Од: До ohriganec
Датум: 10.05.2010 10:08:25
?????
Од: Апатрид
Датум: 10.05.2010 10:40:36
Сè повеќе се сомневам дека на повеќемесечното чекање за пасош му кумуваат охриѓани!Наместо да идат у Грција,Бугарија,Турција...ќе си седат пресреќни у Охрид! :) „Ш’о сакаш, Рибааа?!“ -„Немет!“Гледам и „нашиот“ohriganec си извадил за една недела!Браос!Кај го вадеше?У Скопје ли?Или чекаше ред со „нашата“министерка,к`о „обичен граѓанин“?
Од: Трпе
Датум: 10.05.2010 12:20:50
Европа ни ги отвори границите,нашата блада ни ги затвори.Е ова се вика народна блада,која мисли како да си ги зачуваме парите.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.05.2010 14:02:07
ВЕМЕРО и се е можно.Пак е врзано со пари, итно давај пари,поитно давај пари...Срамота невидена - каде го има тоа а што е поважно поитното е поспоро од она некогашно издавање напасоши - и без компјутери и без толку вработени.Тоа бил комуњарски режим ќе ви кажат вемеровци. Народот сака услуга а режимот си е режим. Циркусот продолжува а циркус се и одбраните од страна на привилегираните партиски војници.Упикувачи колку сакаш. Сакам да ми одговори некој ЧОВЕК не војници.
Од: realnost
Датум: 10.05.2010 14:07:06
pa neli vo mk ima mnogu strucni kadri koi se nevraboteni ,?Togas vo vakvi slucaevi bi trebalo da gi vrabotat za odredeno vreme za da im se ovozmozi na graganite na pobrz nacin da gi podignat pasosite.sram e ova za Mk znaci ako platis moze pobrzo ,togas znaat poseriozno da rabotat ako ne bez pari covek ke umre od cekanje...

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Каде се редарите
Од забава во страшна смрт во амбис кај Калиманци
Македонија опасно се задолжува
Протестите на Албанците - нов аларм за соживотот
Сите скриени пораки на најскапата слика на светот
Координаторката и пратеничката група
Велеа дека не сум доволно убава
„Кои се овие луѓе?“
Крајпатни дебати во пуста Пишица
Русија маршираше како никогаш досега
Има ли спас за еврото?