|
Мислења
„Кои се овие луѓе?“
Драган Поповски
„Сега ја имаме моќта и нам ни е ред да бидеме елита!“ „Кои се овие луѓе“ - се слуша повторно, како некое дежа ви
Осврнувајќи се на развојот на социјалните односи низ времето може да се забележи дека статусот на граѓаните бил дефиниран на различен начин, во зависност од нивната моќ и влијание што го имале во заедницата: матријахат-патријахат, плебс-аристократи, граѓани-селани, генерали-војници и т.н. На моќни и помалку моќни. И секогаш оние со поголемата моќ биле третирани како „елита“ во општеството. „Елитата“, поради воспоставената моќ на мечот или на парите, сметала дека почитта на останатите ја добива сосема природно и заслужено, а на другите им останувало само да се надеваат дека еден ден можеби и тие ќе станат дел од тоа друштво.
Но, времињата се менувале, се менувале и општествените односи, настанувале револуции, се јавувале други „елити“ со поинаков начин на владеење, но секогаш статусот „елитизам“ се засновал на моќта. „Кои се овие луѓе“, се прашувале грчките и римските филозофи бегајќи пред палежите на варварските племиња или, пак, француските маркизи додека луѓето од улицата им ги поганеле раскошните дворци. И, „овие луѓе“, со свои морални кодекси (доколку ги имало) воспоставувале поинакво уредување на државата, но и поинаков начин на однесување, мерила за културата итн.
Со сите овие преломни историски моменти се судривме и ние во годините по револуцијата.
„Сите луѓе живеат под исто небо, имаат исти биолошки, физиолошки, социјални (и не знам какви се') потреби!“ Оваа констатација беше една од темелите на која се темелеше нашето минато социјално (или социјалистичко, или комунистичко) општество. И, констатацијата е сосема в ред (што се однесува до потребите), се' додека од неа не произлезе и став дека поради тоа сите луѓе се исти. А, во првите години на она време не било препорачливо да се прави разлика меѓу луѓето. („Не е фер!“). Кога во сечија биографија пишувало „потекнувам од работничко семејство“, секаков поинаков став бил третиран како елитизам, а тоа било срамно, или во најмала рака, непристојно. „Потекнувам од граѓанско семејство во кое на цена се моралот, културата, уметноста и науката“. Елитистички! Буржоаски! Непристојно! Се протежирала „масовна“ култура, „масовен“ спорт, „масовно“ образование итн., каде што биле застапени само „масите“, а на поединецот му била оставена единствената можност само да се стопи во нив.
„Врвни дострели на македонскиот балет!“ „Признание за спортистите!“ „Пробив на македонската литература во светот!“ Балерините, спортистите, писателите не постојат со име и презиме. Или, ако за некого се напише дека постигнува врвни резултати непристојно било во исто време да се каже дека е и подобар од другите. „Сите сме исти!“ И, не е важно што некои ја знаат теоремата на Питагора, а други не, не е важно што некој го чита Хегел, а друг чита „Три срца“, дека некој поминува год��ни учејќи да го добие „оној тон“ на виолината, а друг за пет минути ги совладува тајните на дајрето. „Сите сме исти!“
Мислејќи дека оваа несоборливаа вистина со кој била извојувана револуцијата е универзална и општоважечка, се пројавија амбициозни луѓе кои, повикувајќи се на своите заслуги во револуцијата - од почитувани земјоделци, занаетчии, домаќини - станаа музичари („И јас сум свирел на кавал!“), писатели („Знам да читам и да пишувам и латиница!“), спортисти („Цело детство го поминав со топката!“), чиновници во администрацијата („Имам и костум и чевли!“).
„Кои се овие луѓе“ - можеше да се слушне во полуглас.
Така беше во првите години. За среќа, тоа прво време брзо помина и со развојот на севкупното општество се развиваа науката, економијата, школството, спортот, уметностите, се создадоа луѓе со сопствено име и презиме со кои се гордеевме низ светот. Се создаде нова елита, овој пат вистинска, што не почива само на моќта, елита на мислечки личности. Но, со сето тоа не можеше да се избегне гневот на просечните и медиокритетите што останаа настрана од овие текови, во својата длабока фрустрација дека никогаш нема да можат да бидат дел од елитата. Никогаш?
„Веќе никогаш нема да биде како што било!“ - грмеше на плоштадите на самостојна Македонија пред насобраните маси нивниот предводник, повикувајќи да се урне дотогашната власт, не претпоставувајќи можеби дека со доаѓањето на нови луѓе, тоа „нема да биде како што било“, ќе се однесува и на долго низ историјата градени морални, културни и секакви други вредности, а не само на начинот на владеење на дотогашните властодршци. Меѓу „новите луѓе“ се појавија и луѓе што донесоа свои нови морални вредности, а не можејќи или не знаејќи ништо друго да осмислат или да направат, се фатија за знамињата, прокламирајќи се за единствени вистински патриоти на браникот на историските неправди со кои се соочуваме. И, за чудо, тие веднаш станаа експерти за архитектура, уметност, наука, станаа бранители на традицијата, „стари скопјани“, „стари битолчани“ и така по ред. „Сега ја имаме моќта и нам ни е ред да бидеме елита!“
„Кои се овие луѓе“ - се слуша повторно, како некое дежа ви.
П.С. Совет за претендентите кон елитите: Кога Големиот Александар во својот поход на светот, на улиците на Атина го сретнал парталовиот Диоген во неговото буре, изјавил: „Да не бев Александар, ќе сакав да бидам Диоген“.
(Авторот е карикатурист) |
#
|
Статијата е прочитана 1769 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 10.05.2010 01:04:56 |
|
Edna moja stara rodnina koga go vide primitivnoto odnesuvanje na pratenicite n VMRO-DPMNE, vo prviot sostav na Sobranieto na R. Makedonija, samo reche:" Gospode, edni, od 45'-ta ranevme i uchevme, tamam gi izuchivmr, pak od novo!!!" |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 10.05.2010 01:10:20 |
|
Ne ja razbrav basporakata na tekstot..no mozamda kazam edno, jas sum mlada osoba, i ziveam i rabotam vo EU (ova mi e cetvrta zemja), a patuvano (sluzbeno+privatno) vo 29. Mozebi sum se sretnala so poveke "elitni" osobi, da ne ream deka poveketo se poveke od elitni spored makedonski svakana, NO, zborot elita najmnogu go slusam koga sum vo Makedonija ..Samo tuka se slusa za razno-razni eksperti, elitit, kako da ste opsednatiso toa... ELitnosta se sostoi vo toa da si dadete sebe si ona sto sekogas ste go posakuvale tokmu zaradi vas, a ne zaradi nekoj drug, makar i da cuvate Ovci. Najgolem grev e da pravite nesto samo zatoa sto mislite deka toa ve pravi elitni, pravete go ona sto ve pravi srekni. Elitnosta e hipoteticka kategorija..zaboravil da dodade avtorot. Kolku nekoj e naskoluvan ili nacitan nema nikakov pokazatel kolku ke bide sreken vo zivotot, a toa e najvazno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 10.05.2010 06:49:02 |
|
земјоделци, занаетчии, домаќини - станаа музичари („И јас сум свирел на кавал!“ .... Stvarno karikaturalno opstestvo. Jas vo toa vreme ziveev vo Makedonija, za sreca kaj nas ne bese kako kaj avtorot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre od dolnodupeni |
Датум: 10.05.2010 08:06:42 |
|
Какви 45 какви споредувања.Тогаш Европа беше разурната и требаше да се изгради, и се изгради.Ова сега е она-видела жабата коњот се потковува та и таа ја дигнала ногата.Тогаш имало еднопартиски систем е тука е слично, овие на власта би биле максимално среќни да исчезнат сите опозициони партии.
А всушност што се разбираат тие цо демократијата. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 10.05.2010 08:51:46 |
|
Tesko se bega od ovaa opasnost! No opstestvoto moze da ja namali ovaa opasnost so promoviranje na vrednosti, pred se preku primeri vo sekojdnevniot i politickiot zivot. Ako koordinator na pratenicka grupa tolkuva netocno zakonski odredbi i toa "pominuva" vo Sobranieto, togas se promovira nestrucnosta, poslusnosta, povrsnosta, kriminalnosta. Rezultat:Opstestvo so iskriveni vrednosti. |
|
|
|
|
|
|
Од: Neozdanovizam |
Датум: 10.05.2010 10:02:27 |
|
Site nie se prasuvame: Koi se ovie ludje i kako toa ponovo pdnavme na istoto deredje kako vo 1945-46 godina, koga nepismeni diletanti , ama golemi patrioti resavaa za izgradba na gradba na fabriki kulturni ustanovi , spomenici,izdavanje na knigi, cenzuri i sl., a od obrazovanie imaa tri razreda osnovno.Covek ne znae dali da place ili da se smee , koga licnosti so intelektualni i obrazovni kapaciteti od tipot na Djorcev, Ilija, Bicikliski elaboriraat za temi za koi nemaat pojma. Da ne gi spomnuvam Latas , Janko i "piramidalniot"Milienko.Za koi knigi ce se prevedat i koja literatura ce se izdade zapoveda , nasiot Josif Visarionovic Djugasfili I site intelektualci zamolcale , a MANU e vo dlabok son ( ili strav)Zdanovizmot se vraca kaj nas ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Jovan |
Датум: 10.05.2010 10:09:13 |
|
Kako sto razbiram, sega sdsm e elite, a vmro se neovarvarite. Bozhe gospode, zar stvarno mislite deka od opinchari za 50tina godini se proizveduva elita? Priberete se bre, uste se tiskate vo nashite kukji i vo nashiot nameshtaj. Koi bile ovie lugje!? Koi ste bre vie partalkovci so okrvaveni race! |
|
|
|
|
|
|
Од: ЦК СКВМРО® До Neozdanovizam |
Датум: 10.05.2010 13:41:44 |
|
Ставањето на сите во ист кош е токму поентата на Лумпенпролетерската „радост“: „Сите сме исти!“!Погледнете ја Листата на Пратеници во Црвените Општини: Скопје,Куманово,Велес...,на изборите во 1920!Ќе видите дека меѓу нив има Огромен број интелектуалци,професори,доктори,завршени на Сорбона,полиглоти!Тоа е комунизмот во тие години!Но и денес,во светот!За жал,како и по 45-та,во ВМРО и ДУИ,напредуваат тупавите,полуписмените,со неколкудневен курс,удирајќи се во градите!Дури,локалните шерифчиња (маалски пропалици) ти ја кинат пријавата,ако сакаш да влезеш во партијата,а имаш високо образование!Магистерот-Шериф е опкружен со недовршени ученичиња!Па нив најлесно може да ги лаже!Илија,Бициклисти,Репчиња,но и други вечни студенти,кои „ги мразел професорот“,весело скокаат околу него,занесени во улогата!Празноглавата „елита“ е Одлично опишана во текстот,без разлика што се обидувате да импутирате поинакво значење! |
|
|
|
|
|