Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Русија маршираше како никогаш досега

Првпат на парадата учествуваа војници на НАТО

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - Во цела Русија вчера претпладне се маршираше, а десетици илјади воени и други музичари ги свиреа маршевите и песните настанати во времето на Големата татковинска војна и првите години по војната. Јубилејната 65-годишнина на Денот на победата над фашизмот оваа година е одбележана многу пораскошно и помасовно отколку претходно. Дури во 72 града, од рускиот далечен исток па се' до западните граници, беа организирани големи свечености, а вчера во 36 најголеми градови имаше воени паради. Централната прослава традиционално се одржа на Црвениот плоштад. На свечените трибини до ѕидините на Кремљ, покрај највисокото раководство на Русија и ветераните, имаше и претставници на 21 држава, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот лидер Ху Џинтао.

По традиција, точно во 10 часот по локално време почнаа парадите во сите 36 градови. Свеченоста секаде почна со познатата песна „Стани народна земјо“, со чии звуци некогаш советските единици, но и доброволци заминувале да ја бранат својата земја. На годинашнава парада на победата на Црвениот плоштад имаше рекорден број учесници, дури 10.500 од воените служби, но и 256 единици на воената техника. Беа претставени сите родови на војската, како и питомци на воените академии. Имаше 980 странци, Французи, Британци, Американци и Полјаци, со што првпат на парадата и' се придружија и војници на НАТО.

За споредба, пред пет години имаше 8.000 учесници и не беше претставена воената техника. Најмногу ветерани дефилираа пред 10 години, кога преку Црвениот плоштад поминаа 5.000 ветерани. Организаторите посебно истакнуваа дека годинава поминала најмногу воена техника: 160 единици, меѓу кои и многуфалените ракети „топољ-М“ и „искандер“. Над Москва пролетаа 127 авиони и хеликоптери.

На Црвениот плоштад се појавија легендарните тенкови „Т-34“ и артилериските самохотки „СУ-100“. По нив тргна современата техника, како оклопни возила „тигар“, возила за извидување „дозор“, „БТР-80“, пешадиски возила „БМП-3“, тенкови „Т-90А“, самоходно артилериско оружје „МСТА-С“. Во колоната на механизирана воена техника се појавија и добропознатите ПВО-комплекси „бук-М2“, артилерискиот систем „ТОС-1а“, реактивниот систем „смерч“ и многуфалениот ракетен систем „С-400 триумф“, како и „панцир-С“. На крајот на механизираната колона беа оперативно-тактичките комплекси „искандер -М“ и ракетите „топољ-М“.

Руската авијација изведе над Црвениот плоштад многу сложени елементи на летање. Така, екипажот на „СУ-25“ на небото го нацрта руското знаме, а екипажот на „МИГ-29“ и „СУ-25“ го испишаа бројот 65. Над Црвениот плоштад пролетаа и воените транспортни авиони, авионите за специјална намена „ИЛ-80“ и „А-50“, стратешките носачи на ракети и добропознатите „СУ-25“, „МИГ-29“, „МИГ-31“.

Посебна атмосфера на Црвениот плоштад создадоа воените оркестри, оваа година учествуваа повеќе од 50, со 1.200 ��узичари. Меѓу нив беа и воени оркестри од Велика Британија, САД и од Франција. Поради разликите во времето парадите прво почнаа на далечниот исток во Хабаровс и Владивосток, а се славеше и на Сахалин.

Илјадници паркови и плоштади низ Русија вчера попладне беа големи сцени каде што одекнуваа песни на разни поколенија, но секаде посебна чест им беше оддадена на ветераните. И овој пат Русите делеа „медали за сеќавање“ - 65-годишнина од победата и од Големата татковинска војна. Медали добија 285.000 учесници од Втората светска војна.

За парадата не се жалеа пари

За прославата во 72 града беа потрошени многу пари, бидејќи учествуваа повеќе од 200.000 луѓе. Пари не се жалеа, а оправдување беше дека има се' помалку ветерани, па помладите генерации мора со нив да го прослават овој јубилеј. „На официјалната прослава за Денот на победата во Русија се потрошени повеќе од милијарда рубли“, изјави Владимир Кожин, кој раководи со интендантскиот дел во претседателската администрација. По парадата во Кремљ беше одржан голем прием.

 


#
Статијата е прочитана 1668 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 10.05.2010 00:55:54
Za zal nie ovde go slavevme denot na Evropa, so kenleri i irsko tancuvanje. Denot na pobedata nad fasizmot go"trampavme", kako sto sv.Trifun go zamenivme so Valentin. Ostana uste da otidevme da im se poklonevme na padnatite fasisticki Bugarski vojnici. Makedonija(zaedno so Jugoslovenskite narodi) bese vo "drustvoto" na Rusija, Anglija, Amerika i Jugoslavija, edinstvenite drzavi vo vtorata svetska vojna koj imaa organizirana vojska koja se borese protiv fasizmot. Site ostanati imaa samo nekakvi si dvizenja/otpor protiv fasizmot,i bea osloboduvani od drugi(od Rusite ili od Amerikancite i Anglicanite).Nie sami se oslobodivme, no za zal nie toa ne go cenime, pa Makedonija ovoj den zaboravi da go odbelezi kako sto dolikuva.Gi zaboravivme site tie sto ucestvuvaa vo taa golema vojna.
Од: ohriganec
Датум: 10.05.2010 01:02:30
За прославата во 72 града беа потрошени многу пари, бидејќи учествуваа повеќе од 200.000 луѓе. Пари не се жалеа, а оправдување беше дека има се' помалку ветерани, па помладите генерации мора со нив да го прослават овој јубилеј - Taka i kaj nas Ilindenci ima se pomalku pa gradime spomenici za mladite generacii
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 10.05.2010 04:00:36
Eve eden mal humor i satira ,no da bide ne navredliv ,na ova proslava falese uste i raketata sto eksplodira vo nasata milia metropola Skopje ,potocno kako Skopska procuena Zelezara nasekade vo Evropa ,kako i vo Balkanot ,pa duri i vo celoiot gEOGRAFSKI SVET.POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: apologet
Датум: 10.05.2010 08:00:10
potpolno se slozuvam so "jovan" i taka e, i samo da dodadam: Namerno e staveno da se sovpadnat denot na evropa so Denot na pobedata nad fasizmot, za da se otrgne vnimanieto i da se podzaboravi pravednata borba i pobeda nad fasizmot..Nie tokmu toa go napravivme.
Од: citatel
Датум: 10.05.2010 08:30:53
Avinite bea Su-27 a ne Su-25.
Од: Ајван Доктор® -До ohriganec: Не Треси Малоумни Глупости!
Датум: 10.05.2010 09:05:40
Слава Победителям!Стотици илјади млади извикуваа гласно большое огромное Спа-си-ба на Учесниците Ветерани и ги пееја во еден глас Песните од Великая Отечественная Война!Илјадници светла ги осветлуваа Московските Барокни зданија!Не сте знаеле?!Таму Барокот Завршил уште пред 300 години!А кај нас,уште не ни почнал!Огнометот започна во 10:00 по Московско време!Траеше Непрекинато повеќе од 20минути!Кремљ,Москва-река,Св.Василиј Блажени,Красная площадь,беа осветлувани со Прекрасниот огномет!Сè под Големата Црвена Петокрака!Кој,кај нас,се Срамува од Петокраката?Најголемиот срам го имаат оние,кои,како припадници на Българската Младеж,стигнаа до Комунистичките Сојузни Височини,а потоа и во самостојните Републички!Се срамуваат од неа,учесници на МРА,сегашни претседатели,умислени дека се Кралот Сонце и бившите припадници на СКЈ,ССМЈ,ССРНЈ,преку кои станаа денешни Господа!И Најмногу „борците“со Два Сведока!Јас,Се Гордеам Со Моите Претци!Тие Победија!Вечна Слава на Југословенските Партизани!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.05.2010 13:35:45
Незнам што повеќе да кажам освен голема срамота и брука од власта и односот кон антифашистичкото движење во Макиедонија.Дали затоа што Бугарија беше од другата страна а и окупатор на Македонија.Ги боли тоа??? Нека се поклонуваат на окупаторот - од нив се може да се очекува.Гадост невидена.Затоа и секој со потсмев ќе не гледа....

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Каде се редарите
Од забава во страшна смрт во амбис кај Калиманци
Македонија опасно се задолжува
Протестите на Албанците - нов аларм за соживотот
Сите скриени пораки на најскапата слика на светот
Координаторката и пратеничката група
Велеа дека не сум доволно убава
„Кои се овие луѓе?“
Крајпатни дебати во пуста Пишица
Биометриските пасоши ги заглавија туристите
Има ли спас за еврото?