Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

„Биг с адреналин“

Имаме големи амбиции

„Биг с адреналин“ свират алтернативен рок, а на пошироката јавност и' станаа познати благодарение на синглот „Personal Moon“

Катерина Шекеровска


„Биг с адреналин“ е група млади и амбициозни момчиња што свират алтернативен рок. На пошироката домашна, но и балканска јавност и' станаа познати благодарение на синглот „Personal Moon“, со кој се најдоа на топ-листата „Домаќица“, која се емитува на популарниот музички канал Ем-Ти-Ви Адрија. Велат дека популарноста не ги променила и дека со трезвени глави продолжуваат натаму, со уште поголеми амбиции и апетити. Во фиока веќе имаат подготвено албум, а пред неа - песна за која видеоматеријалот е во интензивна подготовка.

„Не живееме во илузија и ниту сакаме да се променат работите нагло затоа што со големи промени доаѓаат и големи проблеми. Моментално сме презадоволни како се одвива напредокот што значи воспоставување контакти и соработка со лица вмешани во оваа дејност и најважно позитивни критики од луѓето што ќе ја слушнат песната“, велат момците од бендот.

Кој се членува во групата и колку нејзините членови се задоволни од досегашниот тек на работите. Веќе во јануари ќе го прослават вториот роденден... „Речиси сите имавме соработувано на музички план пред настанокот на бендот, така што сегашната формација започна моментално да функционира како да постоела многу долго. Бендот е составен од: Перо Балџиев (вокал), Бојан Арнаудовски (гитара), Александар Павловиќ - Таци (гитара), Филип Шахпаски (тапани) и Димитар Мирчески (бас-гитара). Никој од нас не е официјално музички образован, но сите се занимаваме со музика долго време. Некои од нас се веќе дипломирани, а некои на крајот од студирањето покрај музичари, ќе станеме инженери, филолози итн“.

Момците од бендот велат дека првичните очекувања за сериозноста и интензитетот со кој се развива бендот се повеќекратно надминати. Горди се што прават нешто поразлично за нашето поднебје. „Наједноставен одговор околу дефиниција на сопствениот звук би бил алтернативен рок. Со оглед на тоа што стилот е многу разнообразен треба долго дообјаснување. А постојат и влијанија од многу други музички правци што придонесуваат да звучиме различно“.

„Биг с адреналин“ е исклучиво машки бенд. Зошто во својата постава немаат девојка? „Немаме некое посебно објаснување или причина зошто е тоа така. Се надеваме дека во иднина ќе се случи соработка со некој женски вокал, па ќе видиме како ќе звучиме тогаш“.

Тие се комплетни автори на нивните песни и досега веќе имаат доволно материјал за снимање албум. Токму затоа и минатата година прекинаа со настапите во живо со цел да се посветат максимално на авторскиот проект. „Поминаа две години и зад нас имаме еден готов спот, снимена песна за која видеоматеријалот е во подготовка и подготвен албум, кој чека да се реализира. Со оглед на развојот на настаните, амбициите ни се зголемија и посакуваме да бидеме слушнати од што повеќе публика што ќе го прифати нашиот звук“.


#
Статијата е прочитана 655 пати.

Испрати коментар

Од: Elena
Датум: 23.12.2010 03:36:27
Definitivno bend koj vleva nadez deka i vo makedonija ke se podobri muzickata scena !!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Граѓаните ќе се удават во новите поскапувања
Колку УДБ-а беше нашата судба (11)
Маневски може да биде спокоен
Нема замена за Бранко во СДСМ, барем засега
Славомакедонија најдобро ви стои
Нешто сме нервозни!
Тендерите ја задушуваат конкуренцијата
Слободанка Јовановска ја прими наградата „Јасмин“
Новогодишно пушење
Судот ослободи двајца лекари за случајот „Кметовска“
Каролина на календарот на „Витаминка“
Шопинг или производство?
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks