Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Нема замена за Бранко во СДСМ, барем засега

За идниот сдсмовски премиер ќе се разговара пред смената на власта

Александра М. Митевска


Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, можеби нема повторно да биде премиер, ако неговата политичка опција победи на следните парламентарни избори, но се' уште е рано да се каже кој, во таков случај, би ја предводел новата левичарска влада. За можниот наследник (од сдсмовските редови) на Никола Груевски на „Илинденска“ би можело да се разговара дури тогаш кога ќе стане извесна смената на власта, односно непосредно пред избори и кога промените во рејтинзите на водечките партии ќе станат позабележливи. Ова го тврдат високи партиски извори, откако поранешниот шеф на државата уште еднаш стави на знаење дека премиерската функција веќе не е толку голем предизвик за него. Во емисијата ХО, на Канал 5, Црвенковски рече дека тој не мора да биде премиер, но оти мора да биде тука за да се порази Груевски. Црвенковски уште еднаш повтори и дека ќе се повлече од политиката ако СДСМ ги изгуби следните избори. Но, прашање е што би претставувало пораз за СДСМ, односно дали за пораз би се сметала ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу пратенички места, но не доволно за да формира влада?

Зоран Јовановски, Радмила Шекеринска, Стевчо Јакимовски... се лицата околу кои најчесто се плетат шпекулации за можен наследник на Црвенковски. Јовановски се спомнува како ново лице во политиката и како истакнат економист, а Шекеринска, поради дебелото политичко портфолио и наводното затоплување на релациите со Црвенковски, иако таа во една пригода изјави дека не е дел од дворските игри во СДСМ за нов премиер. Јакимовски, пак, се посочува како експониран политичар со своја база, иако неодамна тој во изјава за „Утрински весник“ тврдеше дека нема амбиции за премиерската фотелја.

Но, според наши информации, на ниедна од спомнатите личности досега не и' била понудена кандидатура за премиер ниту, пак, такво нешто се планира во догледно време, особено откако ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли опозициската иницијатива за предвремени избори во почетокот на следната година, а Груевски најави дека планира двобој со Црвенковски во редовниот термин, односно најрано за 15 месеци. „Да го прашате Љупчо Георгиевски кога одлучил да го протежира Груевски за свој наследник, сигурно би кажал дека тоа било еден-два месеца пред охридскиот Конгрес, кога тој си поднесе оставка од лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, коментира функционер на СДСМ. Според него, сосема нормално е такви одлуки да се носат во последен момент, бидејќи во политиката околностите се менуваат со голема брзина, а со избрзани решенија само му се отвора простор на противникот да ги дискредитира кадровските потенцијали на спротивниот табор. Тоа, истовремено, е и едно од образложенијата зошто СДСМ се' уште не ја промовирал најавената влада во сенка, покрај тоа што се' уште не се знае кој би бил нејзин премиер.

Сепак, ако се суди според досегашните изјави на Црвенковски, тој се' уште не ја отфрла децидно можноста повторно да биде премиер. Деновиве, на пример, во соопштение од СДСМ (контра говорот на Груевски пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ) се наведува „Црвенковски повторно ќе го предводи народот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се соочи со гневот на сопствените граѓани“...

Ако СДСМ победи на наредните избори, а Црвенковски навистина реши да не се враќа на „Илинденска“, тогаш би се н��метнале и други прашања: Дали тој воопшто ќе биде носител на изборна листа на СДСМ? Дали ќе остане пратеник во Собранието? И најважното, дали ќе му ја препушти на новиот премиер и лидерската позиција, бидејќи социјалдемократите веќе имаат едно лошо искуство со премиер што не беше член на партиското раководств��? (A.M.M.)


#
Статијата е прочитана 3170 пати.

Испрати коментар

Од: gimi
Датум: 22.12.2010 12:29:55
За кои следни парламентарни избори се работи? Најверојатно за тие што ќе се одржат во 2024 година.До тогаш горе наведените можат да собираат опозициско искуство. П.С. не го спомнавте Заев за можен премиер или можеби Велија министер за финансии.
Од: sv diitrija
Датум: 22.12.2010 12:31:24
Luge , SDSM e cirkus .A kogo da go stavat ZAEV.Na zalost so vakvi luge za nive daleku SONCETO. Podobro zaboravetegi.Drugite izbori samo polovina ke bidat .
Од: zoro
Датум: 22.12.2010 12:48:58
Јас како неопределен сакам да знам, дали, Бранко, Бучко, Заев и арогантниот Стефчо, конечно ќе се тргнат од партијата, тоа сакам да знам, тоа сакам да го видам, не пред самите избори, не за време на кампањата, сега и одма сакам да го видам новото лице на СДСМ. Се друго е подло мамење на своето членство пред се` а потоа на македонскиот народ! Со ова раководство, јас ви гарантирам дека ниту членовите на СДСМ нема во целост да гласаат за партијата! Едноставно ќе останат дома да ги чекаат резултатите после 19 часот, а резултатите ќе биде поразителни! Затоа промени или СЕГА *за доброто на сдсм* или НИКОГАШ * за доброто на вмро*. Размислете сами!!!
Од: caki
Датум: 22.12.2010 12:54:01
Dali znae nekoj shto e so g-gja Mitreva?Zoshto nejzinoto ime retko se spomnuva na vakvi temi?
Од: забеган.
Датум: 22.12.2010 13:05:11
Кој и да е неја битно Само овие Голиштарци кои сега се на власт да ги нема.Живи не закопа.
Од: Dejan
Датум: 22.12.2010 13:19:57
Нема замена за незаменливиот. Тешко на партијата, тешко... Вмровците кога станаа против лидерот станаа сите и го променија ликот на вмро. Овде во сдсм или се нема храброст да се стане или добар дел од членството што одлучува е заложник на Бранко, и како такво мора само да клима со главата. Блага диктатура се вика тоа. Свестете се или ќе биде касно во 2012!
Од: Непоределен
Датум: 22.12.2010 13:35:59
Зоро,не можеш да се определиш меѓу Пастирот,Братот и Војводата?Што ти е проблемот? Многу се насекираа портокалчињата како Гимчо,Зоро ,Свети Димитрија и Цаки за кадровската политика на „комуњарите“!Да не сте на норма?
Од: Збогум СДСМ
Датум: 22.12.2010 13:40:37
Поскоро Македонија ќе се пласира во финалето на Светското фудбалско првенство, отколку СДСМ да се врати на власт.
Од: Учо-Гостивар
Датум: 22.12.2010 13:42:35
Ако е Зоро толку ептен независен,што ти е гајле кој ќе биде лидер во СДСМ.Тоа е проблем на членството и тоа ќе одлучи.Ај Вие гледајте си ја работата.
Од: prijatel
Датум: 22.12.2010 13:47:35
Кој и да дојде,само овие да ги нема,пет (5) години не јадат,како леп,а го обвинуват Зокита.Зоки е долго во политиката па до сега нема човек што настрадал од него,а од овие вмровци настрадаа сте што не се вмровци.Одете си за доброто на Македонецот.
Од: mene
Датум: 22.12.2010 13:59:49
Заев за иден премиер на Република МАКЕДОНИЈА! вмро само монтира процеси против успешни луѓе, бидејќи се толку самобендисани, сакаат да уништат медиумски се што им стои на патот, но не и овој пат. НАПРЕД ЗАЕВ!
Од: Hari
Датум: 22.12.2010 14:15:06
25 milioni evra potrosi Grujo za reklama kaj latas i kanal 5, slusam vrabotil novi komentatori kako Zoro. Gimi i druga boranija , no koga brodot pocne da tone nitu Mirka so nejzinite lagi na kvadrat ne pomagaat. Son ne ve faca bidejki BC e na celo na opozicijata, od usta ne go vadite, i so pravo trebe da se plasite.
Од: Трпе
Датум: 22.12.2010 14:24:08
Зошто искуството на Црвенковски да се уништува.Ако сакаме жалната ни со крв створена државичка,треба да ја водат искусни и способни политичари.А не како овие лажните патриоти,лапни,лапни,натовари се и побегни.Па остави деца да си играт власт.
Од: Dance
Датум: 22.12.2010 14:30:05
I nema da ima G-gjo Mitevska. Neka Vi bide jasno vam no i na site dusebriznici koi suigeriraat deka podobro ke bilo ako Branko si zaminel od SDSM i vlasta. Bez Branko nitu SDSM nitu Makedonija ke ja ima neka im bide nasite jasno.Za volja na vistinata i opvie sto gi spomnuvate se koj od koj podobar, no sepak, BRANKO PREMIER.
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 22.12.2010 14:51:38
Nema zamena za Brane, pa ako nas ni odgovara.Kolku mu e postabilna liderskata pozicija vo SDSM tolku nas ni e posigurna pobedat na narednite izbori.Samo taka i neka prodolzi vodacot da ja vodi svojata partija kon ambisot.A i koj ke go zameni -Sekerinska?Pa taa e ista kako nego.Kako i da e za premierskoto mesto samo neka si sonuvaat site tie.
Од: zako
Датум: 22.12.2010 15:02:49
Никава промена на Бранко, само со него партијата е тоа што е , инаку нема да вреди ни за пет пари. Тој е еден и единствен во цела политика и само тој може нешто да промени, инаку е готово со нашата ни мала државичка.
Од: ДоНеопределен
Датум: 22.12.2010 15:24:18
Пастирот се ослободи од братот и војводата, сега они двајца се клучни играчи и првите коалиционери во партијата на незаменливиот. Сега мислам дека ти е јасно зошто пастирот ќе си ги пасе своите овци се додека незаменливиот не се замени! И волкот сит и овците на број ти се вика тоа!
Од: karokan "gambit"
Датум: 22.12.2010 15:38:19
G-dine Dejan,kolku sto mene me sluzi secavanjeto, liderot na VMRO DPMNE ne go smeni clenstvoto na partijata,tuku samiot podnese ostavka,a za svoj naslednik go "imenuva" segasniot lider.Znaci po toa prasanje ne si vo pravo ili potocno manipuliras!!!! Po odnos na drugoto tvoe viduvanje (ako voopsto nesto mozes i da vidis),novoto rakovodstvo so noviot lider ,navistina go promenija likot na partijata. Sega e kade,kade polos od prethodniot ,na nesreca na drzavata i narodot. Eve,sega naprolet,partijata ce go ima redovniot kongres,pa ce imame moznost na delo da ja vidime "hrabrosta" na nejzinite clenovi,vklucitelno i tebe,kako nejzin clen ili vo najmala raka "zaslepen" simpatizer!!! Zivi bili,pa videli!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: konrad
Датум: 22.12.2010 15:39:09
So site svoi propusti vo rabotata,Branko e politicar za razlika od denesnite sitni politikantcinja bez hrabrost i vizija.
Од: Objektiven
Датум: 22.12.2010 17:24:27
B. Crvenkovski ja drzi SDSM vo zaloznistvo i ovaa partija neme sansi za poznacaen porast na rejtingot se dodeka na najzino celo e toj. Znaci, B. C. bi trebalo kolku sto e mozno pobrzo da napravi vlada vo senka i da naznaci licnost koja bi bila iden premier na RM! Mislam deka najdobri kandidati za nov premier bi bile R. Secerinska i/li Z. Jovanovski!
Од: Goran
Датум: 22.12.2010 20:56:02
Tesko na nas so Branko na celo.... Ja unisti drzavata 15 godini, mozda tie sto rabotele za nego sega imaat deca i vnuci koi ke mu dadat uste nekoj glas...
Од: sime
Датум: 22.12.2010 22:46:09
Brane navistina ima drzavnicki sposobnosti,i kako takov treba da se respektira,inaku od kade takvi zestoki i licni navredi prema nego.
Од: Taше
Датум: 22.12.2010 23:48:18
Ма кој сака нека биде, само нека ја тргнат оваа ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА од ВМРО- античка!
Од: nikola
Датум: 23.12.2010 00:50:21
Branko e politicki metuzalem. Se sto imase - ako voopsto i imase - nesto vredno za Makedonija e odamna istroseno. Vremeto go pregazilo i nego i negovite idei. Narodot, posebno domorodnite Makedonci - ne se uplasenoto stado od stotuku raspadnatata Jy drzava. Toj narod ima predstava za sebe i za svoite vrednosti. Za Branko i negovata SDSM nema mesto vo toj sistem na vrednosti. Proceentualno gledano odnosot SDSM - VMRO (za sega) nema da se promeini vo narednite 50 god. Toa ne zavisi od licata. Duri i VMRO da se izgasne ili transformira vo nekoja druga partija, clesnstvoto i simpatizerite na SDSM nema da se zgolemi. Programata (ako voopsto ja imaat) i ideoloskata matrica ne prifatliva za Makedoncite.
Од: ene a
Датум: 23.12.2010 08:50:52
epten prazna i nepotrebna analiza.....
Од: bobi
Датум: 23.12.2010 09:52:57
Neka ne se sekirat dusegriznicite za Branko.Branko e edinstveniot kandidat na SDSM vo momentot koj moze da go vodi Makedonskiot narod protiv ovoj despot Gruevski.Da ne se lazeme Branko e politicar od najvisok kov .Site spekulacii deka Branko ne e dobar za clenovite dovolno e da se prisustvuvase na najgolemiot miting vo Makedonija koga izlego nad 55 iljadi gragani.
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 23.12.2010 11:22:20
Јас го сакам и новото лице на ВМРО,каде што замениците нема да бидат главни,без скопјанизација на партијата...Го сакам вистинското ВМРО за кое сум 20 години,без пубертетски министри и амбасадори,без ненајадени и неиживеани функционери.Мислам дека ВМРО на сила ќе го донесе Бранко на власт.Алармот е вклучен.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Граѓаните ќе се удават во новите поскапувања
Колку УДБ-а беше нашата судба (11)
Маневски може да биде спокоен
Славомакедонија најдобро ви стои
Нешто сме нервозни!
Тендерите ја задушуваат конкуренцијата
Слободанка Јовановска ја прими наградата „Јасмин“
Новогодишно пушење
Судот ослободи двајца лекари за случајот „Кметовска“
Имаме големи амбиции
Каролина на календарот на „Витаминка“
Шопинг или производство?
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks