Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

КОЛУМНА

Нешто сме нервозни!

Нина Нинеска-Фиданоска

Во ВМРО-ДПМНЕ не можат да сфатат дека нивниот проблем не е Црвенковски, а уште помалку Заев, кој го презентираше своето необично мени и уште почудни идеи за реформи во администрацијата

Чудна некоја нервоза владее во ВМРО-ДПМНЕ. Можат колку сакаат да се убедуваат самите себе „ударните тупаници“ од партијата на Никола Груевски дека никој и ништо не може да ги симн�� од тронот, само што тие моментно некако не се расположени да ги одмеруваат силите. Можат и натаму да манифестираат смиреност и самодоверба во речиси сите настапи пред овдешната популација. Може премиерот да одржи уште неколку „машки“ говори пред жените-сопартијци, со едно сосема искрено и добронамерно предупредување до нив, дека би било навистина штетно за нивната убавина доколку и следниот пат ги држат непрекинато повеќе од еден час оние вештачки насмевки, со кои веројатно мислеа дека ќе го фасцинираат лидерот. И конечно, можат и натаму да се гордеат со непресушните анкети, во кои наклонетоста на граѓанството, секако, е убедливо поголема на нивна страна.

Како и да е, факт е дека таму, во жолтата зграда со црвено лавче во центарот на градот, како да снемува кислород од засега добро замаскираната загриженост од последните случувања на домашната сцена. Колку и да не сакаат да признаат во ВМРО-ДПМНЕ, онаа река луѓе кои маршираа и бараа демократија, како да го запалија црвениот аларм и во партијата и во Владата, освестувајќи ја дека само нејзиниот популизам и инаетењето со меѓународната заедница не можат до бесконечност да им носат чисти поени кај широките народни маси.

Добро се свесни во владејачката партија дека полека, но сигурно се топи поддршката што ја уживаа. И дека уште побрзо ќе се стопи доколку многу брзо не испорачаат некакви резултати. А такви на повидок нема, барем не во догледен период.

И затоа почнува се' да ги иритира. Дури и еден безболен текст во „Утрински весник“, во кој сосема легитимно, се занимававме со информациите кои од повеќе адреси беа пласирани во јавноста, а кои одеа во насока дека се сериозно разнишани позициите на досега неприкосновената сива еминенција во партијата, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер. И иако уредно и максимално професионално ги пренесовме сите владини и партиски деманти и објаснувања како со ангажманот и довербата кон генсекот е се' во најдобар ред, тоа не беше доволно за резигнираните вмровци, па во писмо до нас истурија еден куп отровни стрели врз „Утрински весник“. Демек, ние, „докажаните непријатели“ на државниот ред и поредок, сме си поигрувале со кариерата и со интегритетот на Протоѓер.

И не ми беше воопшто поентата да се занимавам со тој дел од партискиот демант. Такви „Утрински“ многу преживеал и веројатно ќе мора да „вари“ и во иднина. Една друга теза од вмровското „писание“ е предмет на мојава сегашна опсервација, а за која не знам дали повеќе ме насмеа или изнервира, но никако и не ме изненади. Имено, во контранападот кон нашата редакција, Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, како што модерно се нарекуваат оние куп млади луѓе предводени од Илија Димовски, кои неуморно „штанцаат“ навреди и омаловажувања кон сите што мислат поинаку, партијата во повеќе наврати се занимава со Бранко Црвенковски, правејќи некакви смешни алузии на наша наводна блискост со него и со неговата СДСМ, а кои не ги објавивме поради нивното, најблаго речено, идиотско искривување на вистината.

Па аман веќе луѓе мои. До кога ќе се занимавате со Бранко Црвенковски? До кога неговиот лик и дело ќе ви бидат главна преокупација и до кога тој ќе биде вечен извор на вашата инспирација? И до кога него ќе го гледате во заднината на се' и сешто што ви се случува во државата, па дури и во една бенигно новинарско истражување. Толку ли не можат да разберат во партијата на Груевски дека нивниот проблем не е Црвенковски.

Уште помалку е тоа оној несреќен Зоран Заев, кој деновиве ја крена на нозе цела Македонија откако јавно го презентираше своето малку необично мени и уште почудни идеи за реформи во јавната администрација. И додека Заев, во тој налет, во таа еуфорија, во тој специфичен психолошки момент (овој дел од реченицата го „крадам“ од Велија Рамковски и веднаш му се извинувам, бидејќи ваквата генијална реторика сигурно му е веќе патентирана) и, секако, во обид да го дозапали загреаното членство, се фалеше оти тој и неговите ќе јаделе и живи луѓе, всушност, покажа дека и таму, во нивните редови, владее нервоза. Иако потоа сите, дури и лидерот, јавно се извинуваа и се оградуваа од изјавата, и иако потенцираа како Заев бил изваден од контекст и не бил добро разбран, оваа работа е навистина сериозна и голема и на СДСМ ќе и' треба многу, многу напор за да да излезе од кашата. Партијата, која благодарение на се' поголемата маса незадоволни граѓани од политиките и ефектот на сегашните владетели, во последниов период успеа да си ја поп��ави крвната слика, да се мобилизира и пополека да ја враќа популарноста на рејтинг-листите, сега непотребно оди неколку чекори наназад. Но, многу повеќе загрижува тоа што ние верувавме, искрено се надевавме, дека оние што претендираат да ја освојат власта веќе ги научиле лекциите од минатото и дека повеќе нема да ги прават истите грешки со јавниот сектор. Дека нема да ги отпуштаат туѓите за да ги вработуваат своите, туку дека ќе ги отстранат само непрофесионалните и неспособните, а ќе ги задржат квалитетните административци и дека еднаш, конечно, ќе добиеме јавен сервис каков што заслужуваме и каков што од поодамна посакуваме. Ама за жал, немало да биде така. Повторно партиските членови ќе го имале приматот при вработувањето и повторно ќе извиселе оние што сакале за работа да конкурираат со своите квалификации, а не со партиската лојалност. Така барем размислуваше Заев.

Проблемот на власта не е опозицијата, туку нејзиниот неуспех да ги направи реалност ветувањата кои онака штедро ги делеше во 2006 и во 2008 година. Лавовите и барокните градби ќе останат да сведочат колку луѓето се надевале на едно, а добиле нешто друго. И затоа нема потреба од нервоза, наши драги партиски репрезенти, најмалку кон медиумите. Тие воопшто не се виновни што се окото на јавноста и што регистрираат се' што е добро, но уште повеќе и се' што не чини во оваа држава.


#
Статијата е прочитана 2447 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 22.12.2010 12:42:56
Одличен осврт кој кажува се за реалноста. Навистина беа гревчиња оние руралките позади Овчарот кои мора да се смеат од една старана а на нив да им се смеат гледачите пред малите екрани. Она што беше монтирано за Заев, ДПМНЕ го прави ијаде живи луѓе веке 5 години. Тоне бродот на дпмне и овчарот со него, а тиквата ќе пукне од внатре
Од: gimi
Датум: 22.12.2010 12:50:22
Е па не бидете нервозни уредничке.Објавувате информација базирана на „ допис од извесен читател добиена по електронска пошта“. И после сте изненадени за реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од: caki
Датум: 22.12.2010 13:09:10
Pa kogo drug da napagjaat koga BC=SDSM,neli reche chovekot, da imal poishe,poishe ke potroshel....ej zamislete 350 000 za tekst na hrvatski jazik!!!Ej makedonski pretsedatel!!!!!!!!
Од: забеган.
Датум: 22.12.2010 13:23:41
Навистина досега несум прочитал подобар осврт.Секоја чест и само НАП��ЕД.Бидете реални ма и за кого да пишувате кој што посеал нека жнее.Едно би додал дали почитуваниот Премиер вопшто му прилегаше да се однесува ко стара БАЈАЧКА ПУ,ПУ,ПУ. И онака срозан се дозакопа.Му се глеаше по суратот дека сите овци не мусе на број.
Од: Krste
Датум: 22.12.2010 13:23:45
Хахаха...уредничке....факт е дека ние граѓаните немаме алтернатива на политиката на Груевски. Само и да се помисли да се гласа за друга опција...веднаш нешто се мати за главата....па која тоа друга опција ,зарем да гласаме за сдсм, за бранко , за велија хоштаплерот. НЕ БЛАГОДАРАМ !!!! Грујо има и грешки, но во секој случјај тој е далеку подобра опција отколку другите т.н. “опции“ , и тоа ќе биде така додека не се појави нова опција со нови радикални идеи и реформи. Факт е дека со луѓе од минатото ,неможиме да очекуваме иднина ! Затоа провидна е констатацијата дека имало нервоза, и да има тоа е затоа што некои министри забошотувале нешто па Грујо се нервира како да се одржи чист и без афери , а најмалку таа нервоза е предизвикана од надворешни страни на партијата.....нема потреба!
Од: jovan
Датум: 22.12.2010 13:34:01
Makedonija e veke opljackana, ne ostana skoro nisto, pa nervozata raste i kaj SDSM i kaj VMRO tokmu poradi toa. Sto ke mu e Vlast na SDSM koga znaat deka veke nisto nema ovaa drzava, a pak ovie maka macat kako da najdat nekoj koj bi im dal kredit,inaku ni niv vakva Vlast nema da im "koristi". Jadenjeto zivi luge i pienjeto covecka krv, doprva ke se siri niz drzavava. "Nesreknikot" Zaev mozebi nesakajki ni najavi sto ke se slucuva vo drzavava.Idat momenti vo koj ke velite deka Zaev imal pravo,ke se jadat zivi luge od site strani.Pocekajte uste malku ostana.
Од: До Хари
Датум: 22.12.2010 13:37:34
Се сложуваш ли дека онаа пратеничката од Куманово (Соња ли се викаше) вложуваше најголеми напори да се смее?
Од: Pero
Датум: 22.12.2010 13:46:55
Така е кога СДСМ со нивната погрешна кадровска политика прибираат членство само за масовност (не и квалитет)!. Но, мора да се признае дека од 2006 г. наваму многу членови (па и само симпатизери) богами невидено и неоправдано страдаат....Секако не е за оправдување изјавата на ЗЗ....
Од: aleksandar
Датум: 22.12.2010 13:55:27
Utse eden prizvolen napis na G-gja Nineska. Kade vide nervoza vo VMRO, kako sama si gi postavi i pobi sopstvenite tezi e prosto neverojatno. Edinstveno informacii nema vo tekstot, predpostavki tezi i licni mislenja kolku sakate. Zatoa nikoj ne ja komentira g-gjata, premnogu e nekako nakloneto kon se znae kogo.. (SDSM)
Од: el che
Датум: 22.12.2010 14:02:37
Dole Grujo, НАПРЕД ЗАЕВ!
Од: karokan "gambit"
Датум: 22.12.2010 15:11:21
G-dine Krste,da ja voocis nervozata kaj covek koj go gledas ili slisas i ne e taka tska rabota.Toa lesno se voocuva i ,kolku nekoj i da saka,tesko se krie vo odnesuvanjeto(pokretite na odredeni delovi od teloto,razni grimasi i sl,ili po intonacijata na govorot),no interesno e deka nervozata kaj tebe se zabelezuva od napisanoto (tekstot)..Koga eden tekst,kako tvojot pocnuva so edno analiticko viduvanje,so blaga naklonetost kon ednata strana i odednas preogja vo izbuvlivost ( "za Velija hohstaplerot"),togas toa ne e rezultat na nisto drugo tuku na nervoza!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Taka kako sto ti go potenciras "hohstaplerstvoto' mozam da ti nabrojam 1001 slucaj i od ednata i od drugata i od tretata strana!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: toto
Датум: 22.12.2010 15:44:04
VMROvcite se nervozni zatoa sto znaat deka site neopredeleni ke glasaat za opozicijata,od koi najgolem broj zaSDSM.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 22.12.2010 17:08:43
Не мислите дека случувањата со Хрватскиот поранешен премиер се доволни сигнали за нашиве на власт да сватат дека колку поблиску до НАТО и ЕУ толку побрзо испорачување на............... пред правдата кое е доволен моптив за нервоза и .........
Од: Трпе
Датум: 22.12.2010 19:36:02
Ако ова блада е толку способна и сериозна како што се нарекуват и имат способен лидер и премиер,зошто се во толкава паника.Кога бегат од избори барем да прифати нивниот лидер некој тв дуел со Црвенковски.Ако се плаши од него тогаш нека прифати со некој друг од раководството на СДСМ.Но од сите ке биде матиран или со боксерски речник ке биде нокаутиран.Иако тв куката тој да си ја избере.
Од: blagica
Датум: 23.12.2010 00:28:51
Vo vmro ne postoi nervoza, nervozata e prisutna vo redovite na sds, iako tie toa go negiraat tie ne mozat da go svrtat narodot protiv gruevski , a po onaa pak debilska izjava na "g-not" Zaev uste pomalku. Ne se svestuvaat deka za niv i narednite izbori se predvreme zavrseni
Од: JOVANKA
Датум: 23.12.2010 08:14:19
Pozdrav do glujo od SANADER
Од: anton
Датум: 23.12.2010 08:57:11
Znaci, ponezavisen komentar od urednik na nekoj nezavisen vesnik na sds do sega nemam procitano !!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Граѓаните ќе се удават во новите поскапувања
Колку УДБ-а беше нашата судба (11)
Маневски може да биде спокоен
Нема замена за Бранко во СДСМ, барем засега
Славомакедонија најдобро ви стои
Тендерите ја задушуваат конкуренцијата
Слободанка Јовановска ја прими наградата „Јасмин“
Новогодишно пушење
Судот ослободи двајца лекари за случајот „Кметовска“
Имаме големи амбиции
Каролина на календарот на „Витаминка“
Шопинг или производство?
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks