Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Граѓаните ќе се удават во новите поскапувања

По поскапувањето на бензините, струјата и на парното, повторно ќе скокаат цените на многу производи

Маја Томиќ


Македонските граѓани стојат пред нови ценовни предизвици. Новата 2011 година ќе им донесе зголемени трошоци. Скапиот живот станува уште поскап, тенкиот стандард уште потенок. Граѓаните одамна навикнаа на редовното скокање на цените на бензините на секои две недели, за еден-два денара, на поскапувањето на прехранбените и на земјоделските производи, што значат живот, а кои слободно одат угоре секој месец. Сега се навикнуваат и на појавата на редовни поскапувања на струјата и парното. Не е ништо ново ако се каже дека повисоките цени на струјата, парното и на бензините ќе ја повлечат лавината поскапувања на многу други производи.

Граѓаните се се' поразочарани. Скапотијата секој месец им го кастри и онака лошиот стандард што одамна не им обезбедува пристојна живејачка. Платите се исти, нередовни или доцнат по неколку месеци. Нивниот просек, според статистиката, изнесува околу 350 евра, а таа сума одамна ниту оддалеку не обезбедува пристоен живот.

„Платите никако да мрднат угоре, а цените постојано растат. До кога вака, има ли крај на поскапувањата? Веќе стана неиздржливо. Ако досега половина од платата одеше за плаќање сметки, сега со новите цени на струјата, парното, бензинот ќе биде уште потешко да се преживее“, вели Марија Тасева од Скопје, чии месечни приходи изнесуваат околу 300 евра.

Најновото ценовно изненадување пристигна завчера. Цените на бензините скокнаа, а од 1 јануари ќе плаќаме поскапа струја за 6,36 отсто. Со најновата одлука на РКЕ и парното поскапува од следниот месец. Не многу, за 0,6 отсто, но, сепак, угоре. Новото зголемување доаѓа по само четири месеци.

Електричната енергија последен пат поскапи на 1 јануари годинава за 10 отсто, поточно за 9,98 проценти. Претходното зголемување на струјата беше во ноември 2008 година, кога таа скокна за 13,5 отсто. Значи, за две години струјата отиде угоре за фантастични 30 проценти.

Во годинава што изминува живеевме и со зголемени цени на маслото за јадење, на овошјето, зеленчукот, месото, лебот, млечните производи... Маслото за јадење достигна цена од 80, 90, па и 100 денари за литар, во зависност од производителот. Летото за 50 отсто скокнаа цените на овошјето и на зеленчукот, за десет денари поскапеа месото, шеќерот и брашното за пет денари од килограм, додека лебот во малопродажба стана поскап за три денари.

Од Народна банка тогаш предупредија дека економијата годинава е под инфлаторен ризик, но оти не се очекува инфлацијата да надмине два отсто. Од Владата изјавуваа дека внимателно и будно се следи состојбата и доколку има потреба и ако состојбата стане критична, власта ќе интервенира и ќе преземе мерки. Сепак, немаше и нема никакви мерки. Колку треба да поскапи се' и до кое дно треба да стаса македонскиот стандард за да се појави некаква помош од власта ?

„Порастот на цената на струјата, која е главен елемент за фирмите, ќе значи зголемување на нивните трошоците и тие ќе бидат принудени да ги зголемуваат цените што, пак, ќе има директен удар врз најмалку заштитените, граѓаните. Не знам дали сега има време за интервенции. Владата требаше да ја искористи кризата за да ги подготви фирмите за подобрите времиња и за поголем извоз. Ако извозната побарувачка се зголемеше, сега тие ќе беа во подобра ситуација. Она каде што сега би можело да се дејствува за да се спасат и компаниите и граѓаните е да се скуси кај трошоците за капиталните проекти, да се направи прераспределба во буџетот и пренасочување во социјални трансфери. Се сомневам дека има подготвеност кај Владата за такво нешто“, вели Мирољуб Шукаров, професор на ЈИЕ.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека деновиве ќе излезат со нови предлог-мерки до Владата за подобрување на влошената економска состојба, предизвикана и од новиот бран поскапувања. Според секретарот на ССМ, Анѓелко Ангелковски, предлозите ќе се прецизираат на седница на Совет и ќе се презентираат во јавноста и на социјалните партнери.


#
Статијата е прочитана 1885 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 22.12.2010 12:14:49
a poskapuvanjata ke bidat samo za opozicijata ili za site? Treba da moze kogacovek kupuva ako pokaze partiska kniska da dobiva popust :))))) Na kraj za site ke da e loso.
Од: zlatko
Датум: 22.12.2010 12:27:45
dosta e davenje vo dolgovi kade nema kraj.Vreme e za nova vlada koja ke gi zastiti i spasi gragjanite od siromastija.Izboriii.Zbogum portokalovi vreme e da se vrati vistinskoto VMRO i da go povede narodot vo podostoinstven zivot.
Од: забеган.
Датум: 22.12.2010 13:01:23
ЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ Просечна плата било 350 евра.Човек да виде да не верува.Како се зема просекот?.Ако Премиерот зема ај шпекулирам 2.000 илјади евра,Текстилец 100 евра тоа му доаѓа 1.050 евра просечна плата.Жива глупост.
Од: Трпе
Датум: 22.12.2010 13:44:51
Сите коментират за политика.А никако да погледнат до кое дереџе не доведоа преродбениците.Од култура и споменици не се живее браќа и сестри.Треба економија,вработувања за младите Но некои кои гледат преку портокалови очила велат дека било многу убаво.Младите ни ги разбега низ светот.Ќе останеме земја на старци.Статистиката кажува дека во РМ било најефтино,сигурно и тие гледат со портокалови очила.
Од: pop
Датум: 22.12.2010 14:59:04
Zabegan...abe i vo svetot nekoj zarabotuva 15 Milioni igrajki kosarka ili fudbal a drug raboti vo rudnik za 2000 mesecno...sto sakas da kazes deka site isto treba da zarabotuvaat ....Vo svetot ne postoi ednakvost ...socijalizmot bese utopija kade site bevme isti....I na krajot da prestaneme da ja smetame NETO platata zasto vo cel svet se zema vo predvid BRUTO platata....
Од: el solo
Датум: 22.12.2010 16:54:40
Taka e koga so ovaa zemja se vladee sprema socijalistickite " stosovi ".Primeri,kursot na evroroto se drzi vestacki i toj ne ja odrazuva negovata vistinska vrednost sprema denarot ima evidentna inflacija no za vlasta i nivnite ekonomski specijalisti taa ne postoi zvanicno i e tolku niska da odi kon deflacija,cenite na malo ke skoknat i po 30 nasto,no za drzavniot zavod za stastistika trosocite na zivotot porasnale za 0,9 nasto i taka do nedogled,nebare gragjanite vo RM se nepismeni i mutavi.Pa toj film sme go gledale mnogu odamna vo titova totalitarna SFRJ ako e za air dosta e !!
Од: do POP
Датум: 22.12.2010 22:12:39
Lesno e za rabotnikot da zema 2000 eu a sportistot 15 milioni Ti pope ne razbirash se raboti za gol zivot barem vo EU se gleda minimalna plata koja e potrebana za hrana i rezija za eden covek i pomalku od toa donira socijalnoto Makedonija se deklarira kako socijalna drzava premierot neka zema kolku saka no narodot mora da ima za minimalen normalen zivot a ti si pomeshal socijalizam i kapitalizam a ne znaesh ni da te prasham shto e temava

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (11)
Маневски може да биде спокоен
Нема замена за Бранко во СДСМ, барем засега
Славомакедонија најдобро ви стои
Нешто сме нервозни!
Тендерите ја задушуваат конкуренцијата
Слободанка Јовановска ја прими наградата „Јасмин“
Новогодишно пушење
Судот ослободи двајца лекари за случајот „Кметовска“
Имаме големи амбиции
Каролина на календарот на „Витаминка“
Шопинг или производство?
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks