Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Судот ослободи двајца лекари за случајот „Кметовска“

Само Борче Антевски е осуден на условна казна од три години и на надоместок на штета од еден милион денари

Љубиша Станковиќ


Судскиот совет со кој раководеше судијката Добрила Кацарска вчера донесе решение со кое лекарите Митко Караѓозов и Александар Јосифов се ослободуваат од виновност за несовесно лекување на младата Наташа Кметовска (19), која пред пет години почина на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија како последица од ранување од огнено оружје.

Третообвинетиот, Борче Антевски, судот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од една година, а која му се заменува за условна казна во траење од три години. Судот го задолжи на име нематеријална штета на семејството на починатата да му плати отштета од еден милион денари.

Од повторената пресуда што ја изрече скопскиот Кривичен суд незадоволен е докторот Антевски, но и семејството на Наташа Кметовска.

Пресудата што вчера беше изречена доаѓа по одлуките што во изминативе неколку години беа изрекувани како во „единицата“, така и во Апелацискиот суд во Скопје. За трагичниот настан што се случи на 3 јануари 2005 година и за кој беа обвинети тројцата лекари што се грижеле за повредената девојка на 27 февруари 2006 година, судот донесе пресуда со која тројцата обвинети беа огласени за виновни. Советот, кој тогаш постапуваше во тој предмет, донесе одлука со која обвинетите Караѓозов, Јосифов и Антевски беа казнети со по една година затвор што им се заменува за условна казна во траење од три години.

Одлуката на судот, која тогашниот застапник на семејството Кметовски ја окарактеризира како „класичен абортус на македонското судство“, беше обжалена и предметот беше испратен во повисокиот суд.

По одржаната јавна седница, некаде кон крајот на септември 2006 година, на која првостепената пресуда напишана на 71 страница беше нападната по сите основи, судот ги прифати жалбите на обвинетите и на нивните бранители и одлучи предметот да го врати на повторно одлучување.

Повторениот судски процес беше закажан за крајот на мај минатата година, а финализираше со вчерашната одлука на судот.

Наташа Кметовска почина од последици по ранувањето од заскитан куршум при дочекот на 2005 година на централниот скопски плоштад.


#
Статијата е прочитана 958 пати.

Испрати коментар

Од: Liljana
Датум: 22.12.2010 12:38:11
Greskite na lekarite gi pokriva zemja. Toa e izreka stara i poznata. Kolkav broj na lekari odgovarale i se osudeni za svoite greski? Kolku luge go izgubile zivotot zaradi lekarska greska? Odgovorite treba da se baraat vo instituciite. Steta za mladata devojka, roditelite, ama steta i za naseto zdravstvo koe poddrzuva neodgovorni lekari.
Од: Kosta
Датум: 22.12.2010 15:41:49
Fakt e deka devojceto otide vo grob najmnogu poradi zbrlaveniot zdravstven sistem tamu. Sega ostanuvaat polemikite dali trebaloklekarot da se osudi. I od daleku e jasno deka se raboti z lekarska greska i treba nekoj da se osudi. Dali toa zdravstveniot poredok go napravil ili nekolku nesovesni i nedobro obuceni ke se vidi ponatamu. Da se slucese istiot incident nekade vo Amerika, (mozno e i tamu) mnogu od odgovornite debelo ke platea. No najverojatno strogite pravila na lekarskite aktivnosti ne ke go dozvolea dramaticniot kraj na incidentot. Za zal tamu ponatamu prodolzuva "itrebuvanje" na pacientite poradi edna ili druga pricna. I site posmatraat, dodeka ne gi potrefi nesrekata... Sto ponatamu.
Од: Alien from Space
Датум: 22.12.2010 17:06:17
Она што е симптоматично во овој случај е тоа што токму предизвикувачот на повредите на Кметовска ќе остане скриен!Случајно,или намерно?!На тоа ќе треба да одговорат органите!Зарем нашата полиција е толку успешна што воопшто и не знае кој и од каде пукал во девојчето!?
Од: Stojko
Датум: 22.12.2010 19:02:33
Problemot e vo nemanje na jasno napisani proceduri - sto mora da se napravi vo opredelena situacija - priem na pacient, dijagnostika, lekuvanje, itn.. I tie da vazat za site gradjani, bez ogled na toa vo kakva vrska se so lekarite. Normalno, bez proceduri imame nednakov tretman na pacientite...
Од: gordana m
Датум: 23.12.2010 09:05:29
Toj sudski proces e golemaz sramota za lekarite protagonisti i za celiot zdravstven sistem. Fakt e deka devojceto bese ispusteno i otide vo grob, eftino. Sega samo polemikite dali nekoj treba da odgovara. Vsusnost ne ke ima cist ishod bidejki celiot zdravstven sistel e raspukan i nema luge so doblest nesto da popravat.Procitavme i izjavi na lekarot svedok koj gi brani obvinetite, a so toa uste podlaboko paga vo kontradikciite. Gospod da gi cuva pacientite od sasavite doktori.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Граѓаните ќе се удават во новите поскапувања
Колку УДБ-а беше нашата судба (11)
Маневски може да биде спокоен
Нема замена за Бранко во СДСМ, барем засега
Славомакедонија најдобро ви стои
Нешто сме нервозни!
Тендерите ја задушуваат конкуренцијата
Слободанка Јовановска ја прими наградата „Јасмин“
Новогодишно пушење
Имаме големи амбиции
Каролина на календарот на „Витаминка“
Шопинг или производство?
Стил
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks