Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Влашиќ и' врати на Хелебо за Пекинг

Бланка Влашиќ и' се реваншира на Тиа Хелебо за поразот во финалето во скок во височина на Олимписките игри во Пекинг, триумфирајќи во Светското атлетско финале во Штутгарт, каде што Белгијката заврши трета. Светската шампионка, која неочекувано загуби и во последниот митинг од Златната лига во Цирих, со што остана без половина милион долари од џек-потот, овој пат не ја испушти наградата од 30.000 долари.

Во последниот дуел сезонава со светската елита Хрватката во првиот обид прескокна 185, 190, 194 и 197 см. На последната височина отпадна Хелебо, а само Влашиќ и светската вицешампионка и „бронзена“ од ОИ, Ана Чичерова, потоа прескокнаа 199 см и ја продолжија битката за првото место, но на Русинката тоа и' успеа од втор обид. На крајот само Бланка одеше над летвичката поставена на 201 см, поставувајќи нов рекорд на финалињата, еден сантиметар подобар од нејзиниот резултат со кој победи и на ланското натпреварување.

Завршниот ден на митингот го обележаа и Сања Ричардс и Месерет Дефар. На победата на 200 м, Американката Ричардс и' ја додаде и таа на 400 м, каде што финишира со 50,41 сек., оставајќи ја три метра зад себе олимписката првенка Кристин Охуруогу од Велика Британија. Етиопќанката Дефар, пак, вторпат во два дена ја совлада „бронзената“ од Пекинг, Вивиен Черујот од Кенија, овој пат на 3.000 м, како што тоа претходно го стори на 5.000 м. Времето на Дефар беше 6:63,60 мин., една секунда подобро од тоа на Черујот.


Статијата е прочитана 170 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Реал излезе како победник од лудницата со Нумансија
Турција предалеку за одбојкарите
Магдинчев го престигна Русевски во двојки
Вардар дели тројки како од шега
Чудесната Антонија- Злато и светски рекорд по три години кома
Валентино Роси најбрз и во Индијанаполис
Победа на Лацио, Пандев повторно стрелец
ЛШ се пушта во погон, стравотна конкуренција за круната во Рим
Фетел по стапките на Шумахер
ШАХ - Победнички потег