Реал излезе како победник од лудницата со Нумансија
Воведните минути на натпреварот минаа во демонстрација на техничката подготвеност на домашните, кои разменуваа брзи пасови на средината на теренот. Нумансија одговори жестоко и во 7. минута преку Морено поведоа со 1:0. Атрактивното полувреме го зачини Гути, кој по продорот на Робен со малку среќа во 18. минута израмни на 1.1. само што се тргна од центарот, Ван Нистелрој за малку ќе го лобуваше Пабло. Лудницата не престануваше, и Нумансија повторно стигнаа до водство со преубав гол. Бакеро во 22 минута од 25 метри шутираше и силно и прецизно и апсолутно неодбранливо. Меѓутоа, тоа не беше доволно да се смири агресивниот Реал, кој израмни само по 180 секунди преку Игуаин, кој по размена на додавањата на целиот среден ред рутински го совлада Пабло. Засилувањето од Хамбургер, Рафаел ван дер Варт во 33 минута ги доведе „кралевите“ во водство од 3:2, а во 40 Сесма си постигна автогол за 4:2.
И второто полувреме донесе многу возбудувања, но единствениот гол го постигна Морено за конечни 4:3 за шпанските шампиони.
Во последниот натпревар од Колото Валенсија се намачи да не го упропасти одличниот старт на сезоната против Мајорка. Гостите на два пати мораа да се вадат и да израмнуваат против Алмерија, а конечниот резултат и четвртиот бод за Валенсија го донесе Вилја во 68 минута.
Резултати 2. коло
Реал - Нумансија 4:3 (Гути 18, Игуаин 25, Ван дер Варт 33, Сесма (аг) 4) - Морено 7, 56, Бакеро 22)
Вилјареал - Депортиво 1:0 (Казорла 27)
Рекреативо - Еспањол 0:1 (Луис гарсија 87)
Гетафе - Бетис 0:0
Малага - Атлетик (Б) 0:0
Мајорка - Осасуна 1:1 (Адуриз 15 - Портилјо 84)
Алмерија - Валенсија 2:2 (Пјати 20, Негредо 40 - Алексис 35, Вилја 68
Во саботата:
Барселона - Расинг 1:1
Валјадолид - Атлетико (М) 2:1
Севилја - Спортинг 4:3
Хановер го демолира Мехенгладбах, Бохум лесно против Арминија
Фудбалерите на Хановер го одбележаа 4. коло во бундеслигата со убедливата победа над Мехенгладбах со 5:1. Во вториот натпревар од неделниот распоред Бохум ја совлада Арминија со 2:0.
Евертон подобар од Стоук
Тим Кејхил му донесе победа на Евертон над Стоук од 3:2 во многу возбудливиот натпревар од 4. коло во Премиер лигата |