Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

ЛШ се пушта во погон, стравотна конкуренција за круната во Рим

Европскиот шампион Манчестер јунајтед стартува утре против Вилјареал, а Фергусон сака уште од европската слава

Наум Котевски

„Големите“ момчиња стартуваат денеска. Најбогатото и најпрестижно европско фудбалско натпреварување Лигата на шампиони се пушта во погон. Триесет и двата партиципиенти, кои ја имаат честа сезонава да бидат дел од ова реално „биг мани“ шоу, ставија нови филтри, секој, според финансиските можности и се надеваат дека нема да емитираат штетни гасови за своите навивачи, односно дека следејќи ја модернизацијата ќе ги задоволат високите европски фудбалски „екостандарди“.

Европскиот шампион Манчестер јунајтед стартува утре против Вилјареал, а Алекс Фергусон јасно кажа дека сака уште од европската слава. Тој никогаш не застанува и сега како и секогаш со напад сака да ја одбрани титулата. Тоа досега не му успеало на ниту еден тим, откога ова натпреварување го носи името Лига на шампиони. Дали Манчестер Ј. и Фергусон ќе бидат први?

На тоа прашање во ваква конкуренција и од ова место глупаво е да се обидува човек да одговори. Нека останат хипотезите за затворените навивачки клубови, каде е дозволено и емоцијата да ја покаже својата сила. Ние само може да ја повториме веќе излитената реченица дека покрај Јунајтед како главни фаворити фигурираат имињата на моќната англиска тројка Арсенал, Ливерпул, Челзи, на шпанското дует Барселона и Реал М., а во групата на сите овие гиганти мора да се стават Јувентус, Интер со Жозе Мурињо и Баерн со Јирген Клинсман, кој по едногодишна апстиненција се враќа со големи амбиции. Кратко кажано, богатите ги диктираат правилата, како впрочем и во се', во ова (не)време на „бојата на парите“.

Тоа делува крајно фрустрирачки за огромната неутрална армија навивачи, па не чуди што некои анализи велат дека рускиот тим Зенит годинава ќе има најмногу симпатизери. Не дека тоа е сиромашен клуб, но факт е дека не од рангот на споменатите „недопирливи“ и факт е дека нема позабележителен успех, освен титулата лани во Купот на УЕФА, освоена со импресивна игра. Чудна е таа состојба во која функционира поголемиот дел од јавноста. Ќе живее за да ги следи 90 минутните битки меѓу Реал М. и Јувентус, Челзи и Рома....., а симултано силната потсвест гласно ќе вика: Зенит мора да ги смени тековите (или било кој друг помал клуб, да речеме Шахтјор). Овие зборови на потсвеста бездруго се слични на оние на Арсен Венгер, кој оправдано, или не нервозно и се обрати на англиската јавност: „Доста ми е од шеици!“.

Како и да е, ако се фрли краток поглед на групите како најитересна делува групата Д во која се наоѓаат ПСВ Ајндховен, Ливерпул, Марсеј и Атлетико Мадрид. Несомнено секоја од овие четири екипи има право да се надева на пласман во втората фаза. Вечерва - Во Холандија гостува Атлетико М., а во Франција Ливерпул.

Иако, тоа е најинтересната група вечерва вниманието е свртено кон Барселона. Каталонската гордост европската кампања ја почнува против Спортинг, но влегува во тој натпревар со огромен притисок поради катастрофалниот старт во домашниот шампионат. Пораз од новиот прволигаш Нумансија и нерешен резултат против Сантандер на „Ноу камп“. Португалците ќе бидат вистински тест за Пепе Гвардиола, кој се доведе во ситуација да биде тренерот за кого најбрзо ќе „заиграат белите марамчиња“ на „Ноу камп“. Голем проблем за него ќе претставува повредата на Александар Хлеб, која дојде во ситуација кога не функционира баш најдобро средниот ред. Но, и тој и навивачите на Барселона се надеваат дека нема да му се случи „брза свадба“ и дека Меси, Анри, Ето, Чави, Инисета конечно ќе заиграат онака како што знаат.


Статијата е прочитана 230 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Влашиќ и' врати на Хелебо за Пекинг
Реал излезе како победник од лудницата со Нумансија
Турција предалеку за одбојкарите
Магдинчев го престигна Русевски во двојки
Вардар дели тројки како од шега
Чудесната Антонија- Злато и светски рекорд по три години кома
Валентино Роси најбрз и во Индијанаполис
Победа на Лацио, Пандев повторно стрелец
Фетел по стапките на Шумахер
ШАХ - Победнички потег