Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Вардар дели тројки како од шега

Во првите четири средби од првенството црвено-црните постигнаа 12 гола

Миодраг Мицковиќ

И во своите најдобри денови на почетокот на првенствата кога Македонија стана самостојна држава и кога Вардар имаше најсилен тим, неговите напаѓачи не беа толку ефикасни како на стартот на годинашново првенство. Вардарците како од шега ги испраќаат своите противници со по три гола во мрежата, на последните четири средби со Победа (3:0), Пелистер (3:0), Ренова (3:1) и на последното гостување во Куманово против Милано (3:1), постигнаа 12 гола, што е навистина одличен просек. Веќе е јасно дека црвено-црните се најголеми кандидати за титулата, создадоа силен тим кој се' уште треба да се доградува бидејќи покрај големата ефикасност вардарците покажаа извесни слабости во одбраната во која има доста „пукнатини“ така што им дозволија на играчите на Милано да создадат неколку мошне поволни прилики кои за нивна среќа останаа неискористени.

Она што најмногу радува тоа е што во Куманово победи фудбалот на мечот меѓу Милано и Вардар. Се играше навистина коректно, гледачите беа на ниво. Се' мина во најдобар ред, без инциденти и би сакале навистина таков фудбал да гледаме и во продолжението на првенството. За играчите на двата тима само комплименти и за добрата игра и за спортското однесување на теренот. Покрај Вардар, голема ефикасност на стартот на првенството покажаа и фудбалерите на Македонија од Ѓорче Петров кои во неделата до врв ја наполнија мрежата на Победа (5:0), и „жолтите“ се мошне силен конкурент на Вардар во борба за највисок пласман. Засилени со неколку играчи, со двајца извонредни Бразилци Де Брито кој против Победа постигна три гола и Вашингтон, фудбалерите на Македонија имаат право што се надеваат на висок пласман.

За Победа што да кажеме. Загубија во Куманово од Милано со 5:2, беа декласирани од Македонија со 5:0, од Вардар со 3:0, на свој терен загубија од Ренова со 1:0 и единствено со судни маки и со многу среќа во Прилеп го победија Напредок со 1:0. Како тргнаа на прилепчаните црно им се пишува во годинашново првенство, сериозно се ниша и столчето на шефот на Стручниот штаб, Николче Здравески, и нема да биде изненадување доколку биде сменет. Прилепчаните голтаат „кнедли“, разочарани се од игрите на нивните миленици и се бара спас како да се санира состојбата во клубот. Засега не се гледа некој излез.

Конечно, по серијата од ��етири нерешени средби, се израдуваа и навивачите на Работнички кога нивниот миленик во саботата многу среќно со голот во судиско продолжение дојде до победата против Металург, но тоа сега не е ни толку важно, инкасирани се три бода и во клубот веруваат дека со новите засилувања што ги добија во поранешните играчи на Вардар: голманот Јорде Георгиевски, Мојсов, Бојовиќ, Савиќ и Бразилецот Фабио, ќе можат и тие сега да конкурираат за највисок пласман, дури можеби и за титулата.

Во секој случај во продолжението на првенството се очекуваат многу поинтересни натпревари, но и оваа недела загрижува недисциплината меѓу играчите бидејќи судиите покажаа 31 жолт и два црвени картона. Најмногу ги имаше на мечот во Турново меѓу Хоризонт и Силекс кога нашиот најдобар судија, Александар Ставрев, покажа дури десет жолти и еден црвен картон. Што е многу, многу е. Интересно е да се напише и за мечот во Турново каде Хоризонт ја забележа првата прволигашка победа, доста среќно бидејќи Силекс практично сам се победи. Неговиот играч Шалески постигна автогол, а несреќата да биде уште поголема во 88 минута Силекс преку Нацков не успеа да реализира и удар од 11 метри.


Статијата е прочитана 163 пати.

Испрати коментар

Од: Ultras Skopje
Датум: 16.09.2008 00:59:11
Pobedi fudbalot,ali dali pobedi demokratijata i pravoto na sekoj graganin da patuva vo sopstvenata zemja ??? Toa mislam deka e daleku od ostvarlivo...Imeno..okolu 80 navivaci na F.K. Vardar so policiska pridruzba od 1 Krajsler (4 policajci) se upati kon Kumanovo so cel da prisustvuva na natprevarot i da dade poddrska na svojot klub a i so cel derbito da dobie celosen smek..Megutoa,na vtorata patarina pred vlezot vo Kumanovo bevme precekani od 10 - na obicni i okolu 30 specijaci pri MVR i ni bese blokiran patot i naredeno da se vratime vo Skopje..ste trebale malce da se zainteresirate i za toa kako vesnik,zatoa sto e dolzno i toa da se kaze..ako e toa poentata na sportskite natprevari,togas neka kazat javno na televizija deka ne smee nikoj da ide na stadion..pa imame nie na A1,SITEL,TELMA anglicani,spanci,italijani..sto ke se zamarame so makedonski fudbal koj sto i onaka e na najnisko mozno nivo vo svetski ramki.Uzas,ocaj,tragedija..Bravo za uspesnata akcija na MVR."pravi profesionalci"
Од: kalimero
Датум: 16.09.2008 08:11:19
apsolutno se slagam so ultras,iako ne sum clen na navivacka grupa ekogas go pratam vardar koga igra na gradski i odsekogas sum se prasuval kako moze toa sekoja gostinska ekipa da si nosi gledaci na gradski a vardar da nemoze da nosi svoi navivaci na svoite gostuvanja ????Na gradski moze da dojde sekoj i da naviva za kogo ssaka a nadvor od gradski samo domasni navivaci ????? "Nema Pravda" :)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Влашиќ и' врати на Хелебо за Пекинг
Реал излезе како победник од лудницата со Нумансија
Турција предалеку за одбојкарите
Магдинчев го престигна Русевски во двојки
Чудесната Антонија- Злато и светски рекорд по три години кома
Валентино Роси најбрз и во Индијанаполис
Победа на Лацио, Пандев повторно стрелец
ЛШ се пушта во погон, стравотна конкуренција за круната во Рим
Фетел по стапките на Шумахер
ШАХ - Победнички потег