Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Валентино Роси најбрз и во Индијанаполис

Лидерот во Светскиот шампионат, Валентино Роси, го освои скратеното поради дожд гран-при во Индијанаполис и со својата четврта победа во низа ја зголеми предноста во трката за титулата во класата Мото ГП. Италијанецот, кој нема пораз уште од трката за Големата награда на САД во јули, беше прогласен за победник кога силниот дожд ја поплави славната патека „Брикјард“, поради што беше развеано црвеното знаме на седум круга до крајот. За Роси ова е 69. победа во кариерата.

Домашниот миленик Ники Хејден го освои второто место, а третото му припадна на тимскиот колега на Роси од Јамаха, Шпанецот Хорхе Лоренцо. Бранителот на титулата Кеси Стоунер од Австралија заврши четврти, со што му овозможи на директниот конкурент Роси да ја зголеми разликата на 87 поени на четири трки до крајот на сезоната. Италијанецот има 287, Австралиецот од Дукати 200, а трет е Шпанецот Дани Педроса од Хонда со 193 бода.


Статијата е прочитана 51 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Влашиќ и' врати на Хелебо за Пекинг
Реал излезе како победник од лудницата со Нумансија
Турција предалеку за одбојкарите
Магдинчев го престигна Русевски во двојки
Вардар дели тројки како од шега
Чудесната Антонија- Злато и светски рекорд по три години кома
Победа на Лацио, Пандев повторно стрелец
ЛШ се пушта во погон, стравотна конкуренција за круната во Рим
Фетел по стапките на Шумахер
ШАХ - Победнички потег