Магдинчев го престигна Русевски во двојки
Полуфиналето на челинџерот во Љубљана заедно со Црногорецот Горан Тошиќ му донесе на Лазар Магдинчев скок од 24 места на АТП-листата во двојки, со што го престигна Предраг Русевски. Магдинчев сега е 368., а Русевски 375, што е две позиции подобро од минатиот понеделник. Напредуваше и Илија Мартиноски на 738. место (+5), а назадуваа Шендрит Деари на 1242. (12) и Страте Крстевски на 1305. (-10).
На најновиот ранкинг на АТП во поединечна конкуренција, пак, Русевски е 609. (+4), Мартиноски 867. (-7), Димитар Грабулоски 1209. (+9), Деари 1728. (+2) и Магдинчев 1837. (-10).
Магдинчев и Тошиќ неделава ќе настапат и на челинџерот во Бања Лука, Босна и Херцеговина, со награден фонд од 30.000 евра. Противници на стартот синоќа требаше да им бидат Хрватите Иван Додиг и Антонио Веиќ, а победата носеше по 13 АТП-поени и делба на 400 евра. (Р.Д.) |