Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Чудесната Антонија- Злато и светски рекорд по три години кома

Неверојатната приказна на бившата натпреварувачка во теквондо Антонија Балек доби најубав можен крај. Откако поради повреди во две сообраќајни несреќи дури три години мина во кома и уште осум месеци во кревет, и на крајот остана неподвижна, храбрата и упорна Балек го освои златниот медал на параолимпијадата во Пекинг во фрлање копје, поставувајќи притоа светски рекорд. Вчера освои злато и во фрлање ѓуле.

Хрватската телевизија Нова, го посети нејзиното семејството во Каштел Суќурац, место крај Сплит, и како што се вели во прилогот гордата мајка Цвита не можела да го дочека враќањето на својата ќерка од Пекинг. Од силни емоции цела вечер не спиела:

„Не можам да си дојдам на себе. Се фатив за глава, дали ми остана коса не знам. Само му се заблагодарив на господ што ги слушна моите молби“, изјави возбудената мајка.

Инаку, пред да страда во сообраќајните несреќи Антонија беше одлична во таеквондо, а добро и одеше и додека тренираше ракомет и џудо. Пред пет години ја доживеа првата несреќа по која три години беше во кома. Му се врати на животот и за време на рехабилитацијата повторно страдаше во сообраќајна несреќа, по што осум месеци мина во кревет. Иако, остана неподвижна, од својата најголема љубов не се откажа. Му се препушти целосно на фрлањето копје диск и ѓуле. Иако, тренинзите и одземаат многу време таа студира и на два факултета, физиотерапија на Медицинскиот, како и вонредно на Правниот факултет. „Живее во нашата улица. Лудило е. Баш ни е драго. Горди сме на неа“, изјави една млада каштеланка.


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Влашиќ и' врати на Хелебо за Пекинг
Реал излезе како победник од лудницата со Нумансија
Турција предалеку за одбојкарите
Магдинчев го престигна Русевски во двојки
Вардар дели тројки како од шега
Валентино Роси најбрз и во Индијанаполис
Победа на Лацио, Пандев повторно стрелец
ЛШ се пушта во погон, стравотна конкуренција за круната во Рим
Фетел по стапките на Шумахер
ШАХ - Победнички потег