Победа на Лацио, Пандев повторно стрелец
Тимот на македонскиот интернационалец Горан Пандев, Лацио, продолжува со сигурни игри во италијанското првенство. Римјаните на домашен терен славеа со 2:0 против Сампдорија, а Пандев беше стрелец на вториот гол во 72 минута, додека првиот го постигна Зарате уште во 7. минута.
Тонењето на шампионот на Европа од сезоната 2006/7, Милан кој траеше во текот на целата мината сезона, всушност изгледа уште полошо во изминатите две недели, па многу е веројатно дека натпреварот против Џенова да биде и последен за Карло Анчелоти на клупата на „росонерите“. Натпреварот на „Луиѓи Ферари“ изгледаше очајно во првите 20 минути, затоа што ниту една од екипите не успеваше подолго да ја задржи топката во својот посед поради честите грешки на средината на теренот. Меѓутоа, во спорадичните напади на двете страни играчите на Џенова делуваа посигурно и во одбраната и во нападот. Тоа доведе и до новиот шок за „миланезите“, кои во 30. минута ја вадеа топката од својата мрежа. Диего Милито убаво му ја спушти топката на Скути кој го совлада Абијати. Од тој момент Џенова играше многу сигурно, а исфрустрираните гости не покажаа речиси ништо. Јаловата иницијатива не им донесе изедначување, туку од теренот мораа да заминат потполно посрамени, без бодови и со два гола минус. Пато во 85 минута пропушти ретко убава можност за израмнување, а во првата минута од судиското продолжение тоа го казни исклучително расположениот Милито. Аргентинецот уште еднаш направи паника во шеснаесетникот на Милан, беше соборен од Малдини, а Милито беше прецизен од ударот од белата точка со што на својот тим му донесе апсолутно заслужена победа од 2:0.
Резултати 2. коло
Џенова - Милан 2:0 (Скути 30, Милито (п) 90+1)
Болоња - Аталанта 0:1 (Гуаренте 9)
Лацио - Сампдорија 2:0 (Зарате 7, Пандев 72
Лече - Киево 2:0 (Касерта 47, Кастилјо 83)
Наполи - Фиорентина 2:1 (Хамшик 48, Маѓо 70 - Муту 40)
Сиена - Калјари 2:0 (Калајо 10, Гезал 90)
Јувентус - Удинезе 1:0 (Амаури 67)
Во саботата:
Плаермо - Рома 3:1
Интер - Катанија 2.1 |