Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Почнува продажбата на „ауди A1“

Најмалиот претставник од Инглштад, „ауди А1“ е одговор на предизвикот што го постави со „мини“ баварскиот БМВ

Владимир Ристовиќ

Долгонајавуваниот модел на „ауди A1“ веќе е достапен во дилерските центри во Германија. Испораките, наскоро, ќе бидат можни и во Австрија, Белгија, Луксембург и во Швајцарија, а останатиот дел од Европа ќе ги добие првите порачки кон средината на септември. Со почетна цена од 16,770 евра ќе може да се нарача и во „Порше“ Скопје, дилерскиот центар на „ауди“ во Македонија. Новото „ауди“ нуди голем избор на елементи што го прават возилото уникатно, а доказ за тоа е можноста за нарачка на повеќе од 800 различни верзии на надворешноста. Се очекува вкупно 50.000 возила да ја напуштат производната линија во Брисел до крајот на 2010 година, а годишното производство од планираните 100.000 единици, поради огромниот интерес за напредниот и иновативен градски убавец, е зголемено за 20%.

Инаку, „ауди A1“ ќе биде достапен во три изведби на моторот: 1.2 ТФСИ, 1.4 ТФСИ и 1.6 ТДИ. Сите мотори имаат директно вшприцување на горивото, турбополнење и старт-стоп систем за зачувување на енергијата. А1 е единственото возило во сегментот што има старт-стоп систем со автоматски пренос на брзините.

Дури и пред светската премиера, А1 предизвика голем интерес со повеќе од 150.000 клиенти, кои се регистрирале за добивање информации за лансирањето на А1 и продажните кампањи. Ауди, исто така, ја доби наградата „Ре�� дот авард“ за директниот маркетинг што беше употребен за претставувањето на А1.


#
Статијата е прочитана 1008 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Прва промоција без Розе
Во август и во септември јадам само смокви!
ДНК гости на „Конект“ во „Колосеум“
Британките се највалканите жени во светот
Нова љубов по трагичната смрт на сопругата
Си доби тоалет-олтар
„Авто Чајка“ најдобар дилер за „хјундаи“ во Македонија
„Пежо“ со сериско производство на прв хибриден дизел-мотор
На самиот врв во безбедноста за „хјундаи ix35“