ЛИЈАМ НИСОН
Нова љубов по трагичната смрт на сопругата
По 18 месеци од трагичната смрт на актерката Наташа Ричардсон, нејзиниот вдовец Лијам Нисон во јавноста ја изнесе својата нова девојка. Избраничката е 22 години помладата претприемачка Фреја Сент Џонстон од Британија. Новопечениот пар е виден пред ресторанот „Нобу“, а дека повеќе не се кријат од јавноста докажува и фотографијата на која се држат за раце.
Иако познатиот актер беше прилично скршен по смртта на сопругата, се чини дека ја надминал трагедијата и навистина се вљубил. Имено, како што кажуваат соседите на британската претприемачка, пред неколку дена убавата русокоса пред вратата ја пречекаа букет црвени рози и неколку балони. „Ништо нема да коментирам“, изјави Фреја на прашањата на новинарите за врската со славниот Нисон.
Да потсетиме, во март минатата година актерот ја погреба сопругата, која доживеа несреќа за време на скијањето во одморалиштето „Тремблант“, во Квебек, Канада. Ричардсон тогаш беше на ски-лекции за почетници со своите двајца сина, 13-годишниот Мајкл Ричард Антониј и 12-годишниот Даниел Џек. Откако на врвот од одморалиштето изгубила рамнотежа и паднала со главата напред, без да удри некого по патот, Наташа се лизгала до крајот на ски-патеката. Набрзо дошол и ски-инструкторот. По падот, Ричардсон немала никакви посериозни повреди. „На патот до хотелската соба се смееше и се шегуваше, а до собата дојде сама“, рекоа сведоците на настанот. |