Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Верица Пандиловска

Во август и во септември јадам само смокви!

„Единствено што не знам е да тегнам кори и да месам леб“, признава поп-пејачката Верица Пандиловска, која зборувајќи за својата страст кон храната, открива дека тетовската кујна и' е најомилена

Катерина Шекеровска


РЕЖИМ НА ИСХРАНА – Во лето без тешки и зачинети јадења

„Мојата летна исхрана навистина се разликува од онаа во зима, од проста причина што летото нуди неверојатен избор на овошје и на зеленчук, кој во зима го нема. Одбегнувам да јадам тешки и зачинети јадења во текот на летото. Мојата кујна е навистина многу едноставна. Јадењата ги приготвувам со маслиново масло, малку вегета и ништо друго. Сакам вкусот на храната да остане автентичен. Избегнувам да јадам тестенини, лебови и какви било други месени јадења“.

 

УТРО – Свежо цеден сок за почеток на денот

„Денот задолжително го започнувам со свежо цеден сок од портокал, чаша нескафе без шеќер и две чаши вода по сето тоа. Подоцна, секако, јадам 200 грама каков било овошје. Ова ми е задолжителен ритуал секое утро“.



ЗДРАВА ИСХРАНА – Секогаш избирам свежи продукти

„Секогаш се трудам да консумирам свежи продукти. И тогаш кога сум на пат во некоја друга држава, обожавам да јадам локални овошја и зеленчуци од поднебјето“.



ЗЕЛЕН ПАЗАР – Никогаш не пазарам

„Морам да бидам искрена дека никогаш не одам на пазар. Меѓутоа, мојот сопруг одлично ме по��нава и го знае мојот вкус, па пазари многу овошје и зеленчук. Секогаш различно и со невообичаен вкус“.


САЛАТИ – Замена за ручек

„Ги консумирам во текот на целиот ден. Салатите ми се често замена за ручек. Ги консумирам мешани и што поразновидни, зачинети со балсамички оцет, лимонов сок и малку сол“.



ПИЈАЛАЦИ – пауер џусерот најдобра инвестиција

„Пијам течности во текот на целиот ден. Особено вода. Во зима најчесто наздравувам со чаша добро црвено вино додека во лето сакам да густирам кампари-џус. Секогаш свежо цедени сокови од овошје и зеленчук. Готови сокови не пијам веќе со години наназад. Често мојот сопруг знае да искоментира дека пауер џусерот ми е една од најдобрите инвестиции во кујната“.

 

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК – обожавам зелени смокви

„На прво место ми е лубеницата, па дињата, праските, црните сливи... Меѓутоа, со нетрпение чекам да дојде август затоа што сум најголем фан на зелени смокви. Од крајот на август до средината на септември не јадам ништо друго освен смокви, секакви!“

 

ОВОШНА САЛАТА ИЛИ КУП ОД СЛАДОЛЕД

„Секако, свежа овошна салата. Не сум голем љубител на сладолед. Сладолед јадам многу ретко, можеби еднаш во годината“.

 

БРЗ ЛЕТЕН РУЧЕК – Домати, бамји, тиквички...

„Домати, кромид, пиперка, тиквичка, бамја, компир исечен на коцки, малку маслиново масло, 1 лажичка вегета и сето тоа во рерна 40 минути. Плус свежа салата и... Пријатен ручек...“



ОМИЛЕНА КУЈНА – Се разбира, тетовската

„Тетовската кујна ми е омилена. Обожавам тавче-гравче на тетовски начин“.

 

ТРАДИЦИЈА – Не знам да тегнам кори

„Би сакала да бидам вешта во кујната барем половина од мајка ми, баба ми, свекрва ми... Со оглед на тоа дека знам се' да готвам и навистина одлично се снаоѓам во кујна би било попаметно да кажам што не знам да правам. Единствено што не знам е да тегнам кори и да месам леб“.


#
Статијата е прочитана 3155 пати.

Испрати коментар

Од: Елена
Датум: 07.09.2010 13:32:50
Хммм, нашите естрадни ѕвезди не јдата, туку консумират. Но една мудроста искажана во тесктот многу ме буни - Меѓутоа, мојот сопруг одлично ме познава и го знае мојот вкус, па пазари многу овошје и зеленчук. Секогаш различно и со невообичаен вкус“. Овошјето и зленчукот биле секогаш различни и со невообичаен вкус. А сега прашање до мене - зошто го читав сето тоа?
Од: Daniela
Датум: 08.09.2010 19:57:14
Bravo za Elena i nejziniot komentar!! I jas se zaprasav isto "zosto go procitav ova"?!??

Најди! во Утрински
Забава
Прва промоција без Розе
ДНК гости на „Конект“ во „Колосеум“
Британките се највалканите жени во светот
Нова љубов по трагичната смрт на сопругата
Си доби тоалет-олтар
„Авто Чајка“ најдобар дилер за „хјундаи“ во Македонија
Почнува продажбата на „ауди A1“
„Пежо“ со сериско производство на прв хибриден дизел-мотор
На самиот врв во безбедноста за „хјундаи ix35“