На самиот врв во безбедноста за „хјундаи ix35“
Продолжува успешниот настап на „хјундаи ix35“. Компанијата не ја препушта иднината на моделот на случајноста. Доказ дека овој атрактивен кросовер ги исполнува највисоките стандарди со цел да биде најдобар ја докажа и на тестовите за безбедност. Така, според последните информации добиени од страна на Euro NCAP, европска��а независна институција за тестирање на безбедност на автомобилите при судир, колизија со пешаци и превртување, новиот „хјундаи ix35“ ги помина нивните интензивни тестирања и тоа со највисока оценка - „одличен 5”. Оценката е добиена за исполнување на највисоките стандарди за безбедноста на лицата во возилото и надвор од него.
Кога на сето ова би се надополнила и информацијата според која за само три месеци повеќе од 60.000 луѓе низ светот станаа нови сопственици на ова возило, тогаш тврдењето според кое токму „хјундаи ix35“ претставува вистински избор за купувачите – не звучи воопшто нескромно.
„Кореја ауто трејд“, ексклузивниот дистрибутер на „Хјундау“ – за возила и резервни делови во Македонија, со почеток од јуни оваа година, во продажба го нуди моделот на „хјундаи ix35“, и тоа со почетна цена од 21.900 евра. |