ЏЕРАРД БАТЛЕР
Си доби тоалет-олтар
Џерард Батлер има сопствен олтар на сосема необично место. Во Мелвиндејл, сопствениците на локалната самопослуга ги водат туристите на обиколка на јавниот тоалет што актерот го користел при една посета во градот. „Локалните жители се фалат со местото што го посетил Џерард Батлер, а тоа е тоалетот, дел од самата продавница. Актерот застана да се олесни додека снимаше филм во близината на Мелвиндејл. По излегувањето од јавниот тоалет, актерот се согласи да се фотографира со ќерките на сопственикот на локалот, по што почнаа фалењата за неговата посета и извршената работа во тоалетот. Оттогаш трае оваа приказна и веќе многумина дојдоа да го видат познатиот тоалет“, раскажа еден извор за „Нешнел енквајр“.
Но, Батлер не е единствен кој се поврзува со одреден тоалет. И Леонардо ди Каприо прослави јавен тоалет во Лос Анџелес откако се скри во него, за да ги одбегне обожавателите. Многубројните фанови го препознаа и навалија по автограм, а актерот спасот го побара во јавен тоалет, кој оттогаш стана вистинска туристичка атракција. |