Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Дуел на најголемите на „Бернабе“

Најтрофејните европски клубови Реал и Милан еден против друг во групата Г од Лигата на шампиони

Вечерва нова класика на „Сантијаго Бернабе“. Нов судир меѓу двата најтрофејни европски клуба - Реал кој има девет титули и Милан кој шест пати беше на врвот на Европа.

Само неколку дена пред овој меч на „тајна вечера“ се сретнаа потпретседателот на Милан Адријано Галијани и претседателот на Реал Флорентино Перез. Новинарите тоа го открија па во јавноста се огласи Галијани да каже нешто за темата над темите деновиве: Ќе се врати ли Кака таму од каде што дојде?

„Кака? Глупаво е да се зборува за трансфер во Милан само неколку дена пред спектаклот на „Бернабе“. Не велам дека нема некои почетни разговори, но засега нема ништо. Мора да го разочарам нашите фанови. Кака има специјален договор во однос на државниот такса систем. Но, јаде да зборуваме за тоа после неколку дена“, порача Галијани.

Новиот тенер на Реал, контроверзниот гениј Жозе Мурињо, не сакаше да зборува на оваа тема, а вечерва само шест месеци откако со Интер ја освои титулата ќе се обиде преку лутиот градски ривал Милан да го обезбеди првото место во групата Г.

Неговиот Реал ја стартуваше сезоната стерилно во смисла на реализацијата. „Имајте трпение, ќе проработиме во нападот, а тоа некој дебело ќе го плати“, кажа Мурињо. И така и се случи. Во последните два меча во Примера Реал постигна 10 гола. Шест против Ла Коруња и четири против Малага.

„Победата кај Малага ни ја крена самодовербата пред мечот со Милан. Знаеме дека победа над Италијанците практично не носи во наредната фаза. Влегуваме во добра форма“, изјави Кристијано Роналдо, стрелец на два гола против Малага.

Од друга страна и Милан е разигран. Лесно славеше над Киево со 3:1, а добро за Италијанците е што Алесандре Пато покажа дека се враќа во потребната форма и дека повредата е минато. Викендов постигна два гола заканувајќи му се на Реал дека вечерва може повторно да биде херој како што беше лани. Имено, токму Пато го постигна победничкиот гол за Милан во мечот од групната фаза против Реал во Мадрид (3:2).

Жозе Мурињо со Интер има три победи и еден пораз против Милан во Серија А. Но, сепак, тренерот на Милан Масимо Алегри како прв човек на клупата на Калјари беше прогласен за најдобар тренер во 2009 година, иако Португалецот направи дар мар.

Андреа Пирло има само пофални зборови за Алегри (кој во составот го вметна и Кевин Принс Боатенг) и вели дека овој тим на Милан го потсетува на оној Милан кој под водство на Анчелоти ја освои ЛШ во 2003 и 2007 година.

„Составот на Милан е многу сличен на оној на Анчелоти, кога игравме со напаѓачки играч од средниот ред - со Кака или со Руи Кошта. Задоволен сум што почнавме да играме така повторно. Тоа ни носеше успех, се надевам дека и сезонава ќе биде така“, вели Пирло.

Двајцата бивши играчи на Барселона Роналдињо и Ибрахимовиќ едвај чекаат да се соочат со старите непријатели, а на Бразилецот Робињо ова ќе му биде прво враќање на „Бернабе“, откако во септември 2008 година за 42 милиони евра премина од Реал во Манчестер Сити.

„Би сакал да постигнам гол против мојот стар клуб Реал“, кажа Робињо.

Од друга страна споменатиот Кака не е во можност поради повредата да заигра против бившите.

Кај Милан, нема да настапат Амбросини, Јанкуловски и Одо, а неизвесен е настапот на дефанзивецот Тијаго Силва, додека кај Реал неизвесен е Серџо Рамос, кој поради повреда не настапи на мечот со Малага. Доколку не игра, него ќе го замени Алваро Арбелоа.

Група Е

Рома - Базел

Баерн - Клуж

Табела: Баерн 6, Рома 3, Клуж 3, Базел 0



Група Ф

Спартак М - Челзи

Марсеј - Жилина

Табела: Челзи 6, Спартак М 6, Марсеј 0, Жилина 0



Група Г

Ајхакс - Оксер

Реал - Милан

Табела: Реал 6, Милан 4, Ајакс 1, Оксер 0



Група Х

Брага - Партизан

Арсенал - Шахтјор

Табела: Арсенал 6, Шахтјор 6, Партизан 0, Брага 0


#
Статијата е прочитана 542 пати.

Испрати коментар

Од: JF
Датум: 19.10.2010 14:59:26
Aлоооо, Милан има 7 титули!

Најди! во Утрински
Спорт
Забрана за гостување на „балистите“
Успешен старт на Јотовски во Чиле
Шабан Трстена предложен за великан на МОК
Првиот фаворит пресилен за Гамбит Асеко
Еклстоун
Лацио ги прескокна миланските гиганти
Кичевки декласирани во Шпанија
Реал го дава Бензема и плус милиони за Руни
Димитровски неизвесен за Светското првенство
Хоџсон брилира, Ливерпул не е во криза!






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency