Првиот фаворит пресилен за Гамбит Асеко
Само половина поен против Сокар од Азербејџан на стартот од Европскиот клупски куп
Роберт Димитриевски
Единствениот македонски претставник Гамбит Асеко изгуби од азербејџански Сокар со 5,5-0,5 на стартот од 26. Европски клупски куп во шах. Највисоко рангираната екипа меѓу 49 на турнирот што се одржува во Пловдив од 17 до 23 октомври му остави само половина поен на 25-рангираниот поранешен првак на Македонија, за кој се избори интермајсторот Марјан Митков (2392). Тој на првата табла го замени бугарскиот велемајстор Борис Чаталбашев (2606) и со црни фигури избори реми во дуелот со ВМ, Шахријар Мамедјаров (2756), четврти според рејтингот во Пловдив и осми на листата на ФИДЕ, кој лани во Охрид го предводеше Алкалоид.
На преостанатите пет табли редоследно беа поразени: ИМ Орце Данчевски (2402) од ВМ Александар Гришчук (2760, седми на ФИДЕ-листата) од Русија, ФИДЕ-мајсторот Зоран Стојчевски (2355) од ВМ Максим Вашје-Лаграв (2721, 25.) од Франција, ИМ Атанас Кизов (2389) од ВМ Рустам Касимџанов (2685, 52.) од Узбекистан, ФМ Оливер Органџиев (2321) од ВМ Рауф Мамедов (2660, 80.) од Азербејџан и ФМ Љубиша Андоновски (2295) од ВМ Елтај Шафарли (2607), исто така од Азербејџан.
Стартниот пораз го позиционира Гамбит Асеко на 37. место, а во синоќешниот втор круг за противник го и��аше ЛСГ од Холандија, 28. на стартната табела. ЕКК се игра по швајцарски систем, со класично темпо, во седум кола.
Резултати од првото коло: Сокар (1., Азербејџан) - Гамбит Асеко (25., Македонија) 5,5-0,5; Еври (26., Франција) - Санкт Петербург (2., Русија) 0,5-5,5; Москва (3., Русија) - Падова (27., Италија) 5-1; ЛСГ (28., Холандија) - Економист (4., Русија) 0,5-5,5; Баден-Баден (5., Германија) - Амај (29., Белгија) 5,5-0,5; Приевиѕа (30., Словачка) - Југра (6., Русија) 1,5-4,5; Мика (7., Ерменија) - Луганск (31., Украина) 5,5-0,5; Бетсон (32., Англија) - Ашдод (8., Израел) 2-4; Урал (9., Русија) - Тамер (33., Финска) 5,5-0,5; Гентсе (34., Белгија) - Чернигив (10, Украина) 0,5-5,5 итн.
Мамедјаров - М. Митков
1. д4 Сф6 2. ц4 е6 3. Сц3 Лб4 4. ф3 д5 5. а3 Ле7 6. е4 д:е4 7. ф:е4 е5 8. д5 Лц5 9. Сф3 Лг4 10. х3 Л:ф3 11. Д:ф3 Сбд7 12. г4 О-О 13. Лд2 Лд4 14. Лд3 ц6 15. Тб1 ц:д5 16. ц:д5 Тц8 17. Се2 Дб6 18. б4 Се8 19. Кф1 Сд6 20. Кг2 Сб5 21. а4 Сд6 22. а5 Дд8 23. Тхц1 а6 24. Т:ц8 С:ц8 25. С:д4 е:д4 26. Дф2 Се5 27. Д:д4 Те8 28. Лф4 Дф6 29. Л:е5 Т:е5 30. б5 а:б5 31. Т:б5 Сд6 32. Тб6 х5 33. Дб4 х:г4 34. х:г4 Дф4 35. Т:д6 Д:г4+ 36. Кф2 Тф5+ 37. Ке1 Дг3+ 38. Кд2 Тф3 39. Ле2 Та3 40. Тд8+ Кх7 41. Д:а3 Дг1 42. Да1 Д:а1 43. Тд7 Д:а5+ 44. Ке3 Дц5+ 45. Кф3 Дц3+46. Кф2 Дф6+ 47. Ке1 б6 48. Лд3 Дц3+ 49. Ке2 Кг6 50. д6 Дб2+ 51. Ке3 Дц1+52. Ке2 Дб2+ 53. Ке3 Дц1+ 54. Ке2 реми |