Реал го дава Бензема и плус милиони за Руни
Покрај торбата со милиони Реал (се споменува бројката од 25) ќе му го понуди на Манчестер Ј и Бензема за услугите на Вејн Руни, кој е во лоши односи со Алекс Фергусон.
Репрезентативецот на Англија затоа и одбил да го продолжи договорот кој му истекува во 2012 година. „Проблемот е од кого да се решиме ако стигне Руни. Имаме брилијантна напаѓачка сила со Роналдо и со Игуаин, на кои ги додадовме Озил и Ди Марија“, кажа спортскиот директор на Реал, Хорхе Валдано.
На оваа тема се надоврза и „Гардијан“ кој пишува дека ако Руни замине во Реал, Фергусон ќе се обиде да ја ублажи болката со доведувањето на Лука Модриќ од Тотенхем и на Весли Снајдер од Интер. Парите за Манчестер не се проблем, а со продажбата на Руни сигурно ќе има доволно за двајцата одлични играчи. |