Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Хоџсон брилира, Ливерпул не е во криза!

Ливерпул продолжува да игра очајно. Се сменија и сопствениците, но барем во првиот меч под водство на „Њу Ингланд спортс венчр“ ништо не се смени. Газдата Цон Хенри дојде специјално да си го види тимот во градското дерби со Евертон и на стартот се шокираше - пораз од 0:2.

А, само неколку часа пред дербито тренерот Рој Хоџсон го кажа ова: „Би бил тажен ден и за мене и за Ливерпул доколку челниците ми се заблагодарат на се' по само осум меча и тргнат во потрага по нов човек. Такви работи се случуваат. Невозможно е да соберете толку години во фудбалот, колку што имам јас, а да не добиете отказ. Но сега тоа тука е непопуларен потег. Тоа не е стилот на Ливерпул. А, и не ме доведоа без мака, дури два месеци носеа одлука, а потоа и платија отштета на Фулам“, додаде Хоџсон за по поразот од Евертон да продолжи да брилјира: „Мислам дека не станува збор за криза, мислам дека нашата игра потврди дека не спаѓаме во трите најслаби клуба. Од друга страна имаме шест бода од осум меча и тоа е многу слаб почеток. Мора да почнеме да победуваме за да се мрднеме напред на табелата. Во првиот дел со Евертон немавме баш среќа. А, во вториот игравме добро, создававме шанси, ги ограничивме на неколку обиди и ги стиснавме на нивна половина“, вели Хоџсон.


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Забрана за гостување на „балистите“
Дуел на најголемите на „Бернабе“
Успешен старт на Јотовски во Чиле
Шабан Трстена предложен за великан на МОК
Првиот фаворит пресилен за Гамбит Асеко
Еклстоун
Лацио ги прескокна миланските гиганти
Кичевки декласирани во Шпанија
Реал го дава Бензема и плус милиони за Руни
Димитровски неизвесен за Светското првенство






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency