Успешен старт на Јотовски во Чиле
Повремениот тениски репрезентативец на Македонија, Томислав Јотовски, се избори за настап на главниот турнир во рамките на фјучерсот во Сантјаго де Чиле, кој се игра неделава на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Јотовски, кој е 1401. на АТП-листата, на стартот во сингл ќе се сретне со осмиот носител Хавиер Муњоз (901.) од Чиле, а во двојки заедно со Португалецот Гонкало Переира во првото коло ќе играат со Чилеанците Риос и Вердуго.
Единствениот македонски претставник на турнирот беше прв носител во квалификациите, каде што беше слободен во првиот круг, за потоа да ги совлада домашните тенисери Матијас Бобадилја со 6-3, 6-4 и Бастијан Малја со 6-3, 6-2. Тој ќе престојува во Чиле во следните седум месеци и паралелно со тренинзите на тениската академија на Марсело Риос ќе настапува и на турнири. (Р.Д.)
|