Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Забрана за гостување на „балистите“

Навивачката група на Шкендија целосно искршија 270 столчиња на стадионот во Кичево, уште толку оштетија, ја урнаа и железната ограда на источната трибина во должина од 30 метри

Миодраг Мицковиќ

„Балистите“ добија забрана за патување на сите гостувања на нивните миленици до крајот на сезоната во првата македонска фудбалска лига. Казната за навивачката група на тетовска Шкендија ја донесе Комитетот за итност при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) поради недолично однесување и дивеење на нејзините фанови за време на саботниот првенствен меч против Напредок во Кичево (1:1). Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, најави поведување дисциплинска постапка за тетовскиот прволигаш и „балистите“, но затоа ќе се чека на дополнителниот извештај од делегатот и официјалните лица во мечот.

Источната трибина на стадионот во Кичево прилега како арена во која се водела вистинска војна или поточно како низ неа да минал разорен ураган. Откорнати и искршени столчиња, урната железна ограда во должина од 30-тина метри, дури на некои места искорната и бетонската подлога на трибината. Со еден збор жална слика на трибините на еден од поубавите фудбалски стадиони во нашата држава. Главната улога во уривачкиот поход го имаа навивачите на Шкендија наречени „балисти“ кои на полувреме на средбата со Напредок, пред очите на поголем број полицајци кои беа само неми посматрачи на се што се случуваше на трибините, го симнаа македонското знаме од јарболот и на негово место истакнаа две албански знамиња.

„Вакво нешто не сум доживеал во мојата богата фудбалска кариера“, ни рече секретарот на клубот и еден од најдобрите поранешни фудбалери на Напредок, Мики Лазаревски и додава:

„Ова е срам за државата, срам за фудбалот, особено по настанот што се случи на полувреме кога македонското знаме беше симнато од јарболот и на него место беа подигнати две албански. Првобитната состојба беше вратена по интервенција на полицијата. Тогаш навивачите на Шкендија почнаа да ги кршат столчињата, дел од нив се и на теренот. Фрчеа и камења, запалки, пенкала дури и батериски ламби и што се не. Во еден момент беше урнат и дел од железната ограда на трибината. Нешто невидено, би сакал никогаш да не се повтори такво нешто на нашите стадиони“.

Делегатот на мечот, Меџаит Винца од Струга, во протоколот запишал дека се искршени 270 столчиња, претставникот на Шкендија не сакал ниту да присуствува при правењето на записникот за штета ниту пак да ги брои оштетените столчиња. Иако делегатот утврдил дека се искршени 270 столчиња тој не сакал да ги изброи и другите оштетени на кои им биле искршени наслоните или напукнати седиштата. На таа источна трибина има 1.300 столчиња, речиси половина од нив ќе треба да се заменат бидејќи се неупотребливи по дивеењето на навивачите на Шкендија.

Телефонски разговаравме и со претседателот на Напредок, Илија Божиновски, кој видно разочаран и се уште е под импресија на се она што се случило во Кичево беше кус во својата изјава.

„Не верував дека може да се случи вакво нешто, но сега кога го видов тоа со сопствени очи се прашувам како ќе се игра фудбал со вакви воинствени навивачи? - Источната трибина во Кичево сега е како руина. Колку само сопствени средства потрошивме бидејќи нашиот клуб ги купи столчињата, не ни се дадени на подарок. Некој сега сето тоа го уништи.

Инаку навивачката група „балисти“ организирано допатувала во Кичево со неколку автобуси. Според проценка на официјалните лица на домашната екипа имало околу 300 гостински навивачи. Само еден дел од нив имаа купено влезници, повеќето од таа група насилнички влегле на стадионот. Да потсетиме дека по симнувањето на македонското знаме и истакнување на двете албански фудбалерите на Напредок не сакале по завршувањето на одморот на полувремето да го продолжат мечот, за тоа го известиле и делегатот и судиите барајќи да се интервенира и да се врати македонското знаме на своето место што е направено со помош на полицијата по што се случија овие немили сцени на источната трибина.

И како трета одлука ќе биде наплата на штетата што ја направија навивачите на Шкендија и која ќе треба да ја плати клубот. А штетата сигурно не е мала бидејќи едно столче со монтажа чини околу 20 евра.

Да потсетиме дека на стартот на новото првенство поради недолично однесување на нејзините навивачи на мечот со Тетекс, Шкендија беше казнета со два натпревари играње на свој терен без гледачи.


#
Статијата е прочитана 570 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Дуел на најголемите на „Бернабе“
Успешен старт на Јотовски во Чиле
Шабан Трстена предложен за великан на МОК
Првиот фаворит пресилен за Гамбит Асеко
Еклстоун
Лацио ги прескокна миланските гиганти
Кичевки декласирани во Шпанија
Реал го дава Бензема и плус милиони за Руни
Димитровски неизвесен за Светското првенство
Хоџсон брилира, Ливерпул не е во криза!






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency