Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Лацио ги прескокна миланските гиганти

Лацијалите се вратија на врвот во Серија А по победата над Бари со 2:0, расистички испади на адреса на Ето на Сардинија

Лацио се врати на челната позиција во италијанското фудбалско првенство. Во последниот меч од седмото коло во Серија А, небесно-сините триумфираа кај Бари со 2:0 и ги прескокнаа миланските гиганти, Милан и Интер, кои пред нив ги завршија своите викенд обврски. Римјаните не брилијираа во голем дел од гостувањето на „Свети Никола“, но покажаа подобри реализаторски способности од домаќинот.

„Фудбалерите ме потсетија дека ни' недостасуваат само 24 бода за опстанок во лигата. Но, шегата настрана. Тоа беше позитивен момент за тимот. Одигравме добар натпревар и му овозможивме малку прилики на Бари“, рече расположениот тренер на Лацио, Едуардо Реја, чија екипа сега ја води првенствената колона во Италија по ланската разочарувачка сезона во која лацијалите мака мачеа со опстанокот во Серија А.

Поранешниот тренер на сплитски Хајдук, Реја, е задоволен од перформансот на неговите играчи во воведниот дел од сезоната во калчолигата. За Скај спорт откри што го радува особено кај фудбалерите.

„Дефанзивно одигравме многу добро, а имаме играчи кои можат да постигнат гол во секој момент. Цел викенд ја проучував играта на Бари. Знаев дека не смее да му ја препуштиме топката лесно на противникот ка��о и некои делови на теренот бидејќи така домашниот тим може да му наштети на нашиот резултатски план“, дополни Реја.

Најубедливата победа во седмото коло ја остварија фудбалерите на Јувентус кои на својот тревник го декласираа тимот на Лече со 4:0. Аквилани во 13 минута, Мело во 34 од пенал, Квалјарела во 44 и Дел Пјеро во 82 минута беа автори на третиот сезонски триумф на „старата дама“. Причина плус за задоволство имаше токму Александар дел Пјеро, поранешниот италијански репрезентативец. Го постигна 178 првенствен гол достигнувајќи го клупскиот рекорд на Џампјеро Бониперти. Ветеранот даде вкупно 276 гола во дресот на Јувентус што го прават најдобар стрелец во историјата на клубот од Торино меѓутоа досега клупскиот рекорд во Серија го држеше Бонипери кои го носеше црно-белиот дрес од 1946 до 1961 година. На листата на стрелци во италијанското првенство Дел Пјеро е десетти.

Интер го совлада Калјари со 1:0. Моментот на одлука падна во 39 минута во продукција на Самуел Ето. Натпреварот на Сардинија го одбележаа расистички испади на домашниот навивачи врз камерунскиот репрезентативец поради кои главниот судија Паоло Талјавенто го прекина натпреварот во првото полувреме на пет минути. По предупредувањето кон фановите на Калјари дека мечот ќе биде прекинат тие се смирија, а фудбалската битка за бодови продолжи.

Серија А, 7. коло



Резултати: Бари - Лацио 0:2, Калјари - Интер 0:1, Палермо - Болоња 4:1, Бреша - Удинезе 0:1, Катанија - Наполи 1:1, Чезена - Парма 1:1, Сампдорија - Фиорентина 2:1, Јувентус - Лече 4:0, Рома - Џенова 2:1, Милан - Киево 3:1.

Табела: Лацио 16, Милан 14, Интер 14, Наполи 12, Јувентус 11, Палермо 11, Сампдорија 10, Киево 10, Катанија 9, Бреша 9, Џенова 8, Чезена 8, Рома 8, Бари 8, Лече 8, Калјари 7, Болоња 7, Удинезе 7, Парма 6, Фиорентина 5.


#
Статијата е прочитана 575 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Забрана за гостување на „балистите“
Дуел на најголемите на „Бернабе“
Успешен старт на Јотовски во Чиле
Шабан Трстена предложен за великан на МОК
Првиот фаворит пресилен за Гамбит Асеко
Еклстоун
Кичевки декласирани во Шпанија
Реал го дава Бензема и плус милиони за Руни
Димитровски неизвесен за Светското првенство
Хоџсон брилира, Ливерпул не е во криза!






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency