Кичевки декласирани во Шпанија
Ракометарките на Кале Кичево експресно го завршија својот настап во Купот на ЕХФ уште во второто коло со два катастрофални пораза од шпанскиот претставник Леон, кој викендот беше домаќин на двете средби. По поразот во првиот натпревар со 50:16, кичевки во реваншот изгубија со 46:14.
Андреја Белеска и Кристина Ходак постигнаа по четири гола, Ирена и Силвија Јолески по два, Драгана Костевска и Лазарела Лазареска по еден, а во победничкиот тим и воопшто на мечот повторно најефикасна беше Соња Куберо со осум погодоци. (Р.Д.) |