Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Ујгурите против Голијат

Со плурализам на политичката сцена е закана за Кина

Димитар Чулев

Експлозијата на насилство со муслимански бекраунд и' се случи на Кина викендов и официјален Пекинг се' повеќе станува ранлив на домашните сепаратизми кои не се вклопуваат во „еднонационалната“ карта на првата по многубројност (1,3 млрд. луѓе) нација на светот.

По Тајван, на кој му е допуштено да биде „екстериторијален дел“ на „едната нација со два система“, по кам-бекот на Хонг Конг и Макао како враќање на „изгубените“ (колонијални чеда) од матицата, по Тибет и будистичко-сепаратистичките тежненија на Далај-лама, од неделата Кина е одново на прво место на агенциските вести поради бунтот на Ујгурите. Загинаа 140 лица во северозападниот дел од државата, населен со шеесетина милиони муслимани, Ујгури.

Светот се занимава со последиците, што е медиумски оправдано, а никој не се занимава со безначајната информација лиферувана преку Интернет дека шест муслимански деца силувале две невини кинески девојчиња што било повод за крвави протести во провинцијата каде што 60-70 Муслимани одбиваат да се идентификуваат себеси како дел од популационо најголемата нација на светот.

Ујгурите, милионски народ (60 милиони) кој во Кина е само малцинство, отсекогаш се третирале етнички за блиски на народите од Централна Азија отколку до мандаринската култура. Во долгата историја успеале само еднаш, во 1921 година, да прогласат независност, но тоа траело до воспоставувањето на Народна Република Кина во 1949 година. Ујгурите сакаат својата територија на која се занимаваат со земјоделство и сточарство да ја нерекуваат Туркестан и тајно се против плановите на економско заживување на регионот туркани од Пекинг. И во економскиот предлог, сепаратистичките идеи во провинцијата не се мрт��и, а во дијаспората дејствуваат дури две движења: Движење за независност на источен Туркестан и Ослободителна организација на Источен Туркестан.

Очигледно системот за надворешно дејствување врз „слободата на изразување“ во Кина е веќе препознатлив... Светот се крена на нозе пред Олимписките игри во Пекинг во одбрана на Далај-лама и Тибет, Америка има специјални одбранбени односи кон Тајван, Хонг Конг и човековите права таму се дневна тема на Британија, која управуваше со островот 99 години.

Една анализа од крајот на 90-тите години на минатиот век предвидуваше распад на Кина по етничка линија најдоцна до крајот на 2006 година. Богатите провинции, во еден момент на политички плурализам, ќе побараат ревидирање на сметката, зашто мора да го хранат Тибет, Манџурија или муслиманскиот северозапад населен од Ујгури кој го доживуваат Пекинг како наметнат авторитет.

Кина, според релевантни оцени на аналитичари, меѓу кои и социолози, се согласи на плурализам во економијата (социјализам со капиталистички бои), но не и во политиката: уште Денг Сјао Пинг предвиде дека со плурализам на политичката сцена ќе почне и распадот на Кина.

Внатрешно, бидејки тоа како проблем постои и однадвор, зашто креаторите на специјалната војна однадвор ќе играат токму на националната карта. Дали Ујгурите се дел од сценариото...


Статијата е прочитана 571 пати.

Испрати коментар

Од: Marsovec
Датум: 07.07.2009 03:41:38
Ova e "skroeno" vo kujnite na "demokratijata" (USA, GB i nivnite poltroni).Vo stvarnosta se dokaza da vo globalniot razvoj segasen ,a i vo narednite decenii Kina ke go ima glavniot zbor vo ekonomijata, politikata i site vitalni zbidnuvanja vo globalen pogled.Povtornoto scenario "Divide et impera" (razdeli pa vladaj) svojstvena za rabotenjeto na zapadnite "democrati”.Formula ista koja bese primeneta na Balkanot, Bliskiot Istok, Cecenija,Gruzija, te sekade kade trebase da se otvori “rak rana” koja se vklopuva vo nivnite megalomanski interesi.Kina ke go resi problemot na svoj nacin, onaka kako tie znaat I umeat, pa ako treba i so tenkovi.Kolku se samo srekni sto nema da imaat posrednici, pregovaraci od tipot na Ren, Holbruk, Solana i slicni na niv “MIROTVORCI”.
Од: kris
Датум: 07.07.2009 09:41:23
Во право си марсовец, ама Соланчињата, Холбрукчињата, Ренчињата и останала багра миротворци со Кина нема да сркаат чорба, Ујгурите се муслимани,а каде има муслимани мир нема, тоа веќе е апсолвирана работа...откинувањето на Косово од Србија се вршеше во Американскиот Конгрес, кој фрли повеќе пари тој го доби Косово... е со Кина нема така??? Од неа ќе си го папаат западните демократи и останатите миротворци...
Од: Денес
Датум: 07.07.2009 13:27:49
Интересно и нелогично како и секогаш кога е комунизмот во прашање. Уште поконфузно е што се става акцент на верската припадност на Ујгурите, а посебно за силувањето ..и.т.н. , кога знаеме дека и Далај Лама истото барање го има како и Тајван и некои други “етнички“ групи во Кина. Засотанатиот комунистички систем сеуште егзистира во земја со огромен економски потенцијал па би се запрашал зошто не се користи истиот комунистички систем и во економијата туку капутализмот е основата на економијата? Исто така е многу конфузно кога ке прочитам дека “западот“ кој е пред се христијански, и повторно се фрла црна дамка на другите религии па згора на тоа се спомнува дури и Косово. Дали сме ние конфузен народ кој емотивно во себе не знаеме што сакаме? За мене лично комунизмот е производ на љубители на моќ а не некаква идеологија која е совршена. Јас мислам дека е време Кина да си го смени системот и да си има мир!

Најди! во Утрински
Свет
План за Кипар до крајот на годината
Џо Бајден го храбри Израе�� против Иран
Медведев и Обама започнаа „ресетирање“
„Глобал зеро“ - утопија или реалност?
Московска реанимација на довербата
Во Туркменистан сакаат симбол како Ајфеловата кула
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
„Бетмен“ на чело на бугарскиот кабинет
Санадер бил автократ и пречка за реформите, пишуваат медиумите