Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Московска реанимација на довербата

Од средбата на Медведев и Обама во Москва, во Русија малкумина очекуваат спектакуларни резултати

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Од средбата на претседателите Дмитриј Медведев и Барак Обама во Москва, од 6 до 8 јули, во Русија малкумина очекуваат спектакуларни резултати. Најголемо внимание им се придава на претстојните разговори за атомското разоружување и американската противракетна одбрана во Европа. Во случај Барак Обама да се откаже од монтирањето радари во Чешка и десет ракети-пресретнувачи во Полска, тоа ќе биде силен поттик за „реанимација на довербата меѓу Москва и Вашингтон“, која сега е на ниско ниво. Дмитриј Медведев веќе јавно кажа дека услов за понатамошно намалување на ракетите и боевите глави е САД да се откаже од својата ПРО.

Командантот на руските стратегиски сили, Николај Солоцов, објаснува зошто Русија не може да се согласи со тоа Вашингтон да монтира свој радар во Чешка и десет ракети-пресретнувачи во Полска. Со својата ПРО во Чешка и Полска, САД би ги имале на нишан новите „бунари“ на интерконтиненталните ракети „топољ-М“ што се наоѓаат во близина на Саратов и мобилните „топољ“ што се наоѓаат во селото Тејково, недалеку од Иванов.

Генерал-мајор Владимир Дворкин, еден од водечките руски ракетни експерти, објаснува дека САД треба да го намалат бројот на ракети за да постои баланс. Сега САД имаат околу 1.000 стратегиски ракети, а Русија во боева состојба има 634 „стратегиски носачи“. Поради тоа, бројот на ракети не може да се намалува ако се сака да се постигне баланс на силите. Русија сега има вкупно 2.825 атомски боеви глави.

Дали до есен ќе биде потпишан нов договор за разоружување, бидејќи оној што е потпишан во Москва во 1991 година истекува на 5 декември 2009 година, зависи од тоа колку кооперативност ќе покажат Обама и Медведев. Со договорот што се' уште важи беше усогласено Русија и САД да го намалат бројот на интерконтиненталните ракети, како и ракетите на подморниците и на авионите до 1.600 единици, а бројот на боеви атомски глави до 6.000. Потоа во 2002 година Русија и САД се договорија бројот на боеви атомски глави да го намалат од 1.700 до 2.200. Рокот беше до 2012 година. „Русија е подготвена да соработува со САД за ПРО, но мора да бидеме уверени дека тој систем нема да биде искористен против нас“, објаснува д-р Алексеј Арбатов.

Претседателот на Русија, Медведев, на состанокот со своите дипломати веќе објаснува дека во процесот на разоружување мора да се вклучат и другите држави што поседуваат атомско оружје. „Мора да се сопре трката во вооружување, особено во вселената. Мора да се направат универзални механизми што ќе го гарантираат процесот на разоружување“, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев на годишното советување во Министерството за надворешни работи на Русија. Во повеќе наврати Медведев отворено зборуваше и не го криеше незадоволството што САД со Русија водат јалови преговори околу противракетниот штит во Европа. Медведев изјави дека националната безбедност на Русија не може да се темели врз основа на даден (американски) чесен збор. „Очигледно е дека стабилноста на односите меѓу Русија и САД не може да се зачува ако едната страна урива одредени елементи на стратегиската конструкција на безбедноста. Ќе бидеме принудени да реагираме адекватно на поставувањето на елементите на ПРО во Европа“, објаснува Медведев.

Првите разговори за ликвидација на атомското оружје почнаа дури во 1946 година, кога светот се увери во ужасите направени во Хирошима и Нагасаки. Американскиот претставник во Комисијата за атомска енергија во ОН, Бернерд Барух, предложи под меѓународна контрола да се стави „циклусот на атомско гориво“, а потоа да се уништи постојното атомско оружје. Русија не сакаше да го сопре производството на сопствени атомски бомби, бидејќи сметаше дека тоа е мамка од Вашингтон за да го зачуваат атомскиот монопол.

СССР во 1947 година излезе со „Планот Молотов“, кој предвидуваше да се уништи целото атомско оружје, а потоа да се држи под контрола „циклусот на атомско гориво“, но Американците не се согласија со тоа. Подоцна, во 60-тите години од минатиот век повторно се зборуваше за елиминирање на атомското оружје. Преговорите се одолжија до 70-тите години. Третпат посериозно се преговараше за атомското разоружување кон средината на 80-тите години.

Таткото на перестројката, Михаил Горбачов, во 1986 година предложи да се уништи атомското оружје до 2000 година. Горбачов предлагаше прво да се уништат ракетите со среден дострел, а потоа 50 отсто од стратегиските, значи интерконтиненталните ракети. Во Вашингтон сметаа дека Москва сака да ја зацврсти својата предност во обичното вооружување. Во Рејкјавик на 12 октомври 1986 година Роналд Реган го одби советскиот предлог. Миротворецот Горбачов во 1989 година предложи да се забрани производството на материјали за атомско оружје. Администрацијата на Бил Клинтон во 1993 година лобираше за тој предлог, па Канада во 1995 година предложи да се забрани производството на плутониум. Меѓутоа, повеќе земји одбија да го потпишат тој предлог-договор.


Статијата е прочитана 198 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
План за Кипар до крајот на годината
Џо Бајден го храбри Израел против Иран
Медведев и Обама започнаа „ресетирање“
„Глобал зеро“ - утопија или реалност?
Во Туркменистан сакаат симбол како Ајфеловата кула
Ујгурите против Голијат
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
„Бетмен“ на чело на бугарскиот кабинет
Санадер бил автократ и пречка за реформите, пишуваат медиумите