Во Туркменистан сакаат симбол како Ајфеловата кула
Ашкабат - Туркменистан има намера да изгради споменик што ќе стане симбол на Ашкабат, како што е Ајфеловата кула, изјави главниот архитект на главниот град, Бајрам Шамурадов. „Отворен е конкурс за споменик што ќе стане симбол на Ашкабат, како што е Ајфеловата кула во Париз или Статуата на слободата во Њујорк“, рече Шамурадов.
Споменикот ќе стои во центарот на главниот град на Туркменистан, најави архитектот. (Макфакс) |