Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Санадер бил автократ и пречка за реформите, пишуваат медиумите

Санадер ги стави сите карти на влезот во ЕУ и тука беше одличен, но тоа изостана

По шокот и општите оцени дека ненадејната оставка на Санадер ќе предизвика политичка нестабилност и ќе ги влоши економските прилики, на заминувањето на д-р Иво Санадер од хрватската политичка сцена почнува да се гледа и од друга перспектива.

Во деловната заедница се слушаат две процени дека оставката на Санадер е најдобро што можеше да и' се случи на Хрватска во овој момент. По некоја случајност Санадер да се кандидираше за претседател, што за некои се' уште е реална опција, сите потези на владата би биле подредени на таа негова политичка амбиција, а тоа значи дека се' ќе одеше по старо: државата ќе се задолжуваше не прашувајќи колку ќе чини и ќе го продаваше имотот за да може ХДЗ да си купи социјален мир.

Еден добар познавач на состојбите во Владата близок до ХДЗ вели дека Санадер бил главната пречка за реформите и промените што треба да доведат до намалување на државната потрошувачка и создавање поефикасна влада.

Тоа многу добро го знаат и светските финансиски и рејтинг-агенции кои би можеле да ја хонорираат оставката на Санадер ако следните денови клучните потези се одиграат како што треба.

Санадер шест години ги држеше сите конци во рацете, не дозволуваше иницијатива, министрите ги држеше во покорност и трошеше огромни пари на купување интересни собири и склучување коалиции.

„Не можат пресметките да се држат под контрола и со никого да нема несогласување. Санадер сите карти ги стави на влезот во ЕУ и тука беше одличен, најдобар што го имавме, но тоа изостана и сега треба да се продолжи понатаму“, вели нашиот соговорник, кој е уверен дека по првиот шок и нервоза, заминувањето на Санадер од политичката сцена ќе биде позитивен настан ако не се преобрази во неконтролиран хаос.

„Би било лошо ако се случи хаос во овој момент, но ако за два-три месеци се преместат картите, Хрватска ќе излезе зајакната од ова“, уверен е тој.

Една од можностите кризата да добие разврска е одржување предвремени избори, но ниту одлуката за предвремени избори ниту можната кампања не би требало да се одолжат подоцна од оваа есен, бидејќи состојбата во земјата е сериозна и бара влада што ќе влече брзи и одлучни потези. Втората можност е реконструираната влада на ХДЗ да го одработи мандатот докрај, бидејќи со тоа би се изгубило најмалку време на адаптирање.

„Наспроти лошата слика што ја создаваше Санадер за своите министри, луѓето кои остануваат во владата имаат доволно креативна сила и подобро ќе работат без Санадер отколку со него. Санадер беше автократ со европска маска, 90 отсто од времето го посветуваше на формата, а не на содржината“, вели нашиот соговорник.

Прагматични во ова, како и во се' друго, деловните луѓе се прашуваат каде сега ќе се сели главниот центар на моќ во државата. На сите им е јасно дека Санадер беше над сите, па оттука и не зачудува тоа што блиските соработници на ХДЗ, како што е Јуре Радиќ, веруваат на варијантата дека се работи за политички спин, како и тоа дека може да биде и претседателски кандидат на ХДЗ.

Моќта се сели кон новите министри кои во иднина ќе одлучуваат за понатамошните чекори. Ако се суди според изјавите на челните опозициски асови Милановиќ, Чачиќ, Линиќ, таа гарнитура нема да се откаже од непопуларните реформи од кои бегаше Санадер.

Доаѓањето на СДП и ХНС на власт веројатно би донело реконструкција во државната власт и јавните претпријатија, но и измена во даночната прераспределба, воведување данок на имот и поголем даночен притисок врз богатите слоеви. Ова сценарио би им се допаднало на директорите, како и на синдикатите, бидејќи во тој случај и тие полесно би се согласувале на отстапки.

Ако ХДЗ остане на власт, наследничката на Санадер нема да има голем избор, бидејќи состојбата на државните финансии ќе ја принуди да ја намали потрошувачката и да ги спроведува реформите.

Иако постои мислење дека Санадер сака да ги влече потезите од сенка, консултантот Маријан Костренчиќ тврди дека неговото менаџерско искуство му вели дека тоа не е возможно. „Само по три месеци работите ќе му излезат од контрола“, вели Костренчиќ. (Вечерњи лист - Загреб)






Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар

Од: kliment
Датум: 07.07.2009 01:34:49
Ако Санадер бил автократ, се прашувам што е тогаш нашиот Грујо???????????????????????? Демократ??? Јоктур џанам...
Од: Vlach
Датум: 07.07.2009 02:46:54
Знаете, Хрватска можеби се задолжуваше, но со добиените средства финансираше капитални, инфраструктурни проекти - патна, железничка, телекомуникациска инфраструктура. Од друга страна пак, Македонија се задожува, но за СПОМЕНИЦИ и за извршување ТЕКОВНИ РАСХОДИ. Задолжувањето на Хрватаска ќе има позитивен ефект, а кај нас стопанството го „раздвижуваме“ со споменици вредни над 10 мил. евра и со реклами за кои во три години потрошени се 40 мил. евра. КАде е логиката????? Уште пострашно, каде е РАЗВОЈОТ???

Најди! во Утрински
Свет
План за Кипар до крајот на годината
Џо Бајден го храбри Израел против Иран
Медведев и Обама започнаа „ресетирање“
„Глобал зеро“ - утопија или реалност?
Московска реанимација на довербата
Во Туркменистан сакаат симбол како Ајфеловата кула
Ујгурите против Голијат
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
„Бетмен“ на чело на бугарскиот кабинет