Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

„Бетмен“ на чело на бугарскиот кабинет

„Крадците ќе одат во затвор“, изјави Борисов, поранешен телохранител, пред новинарите

СОФИЈА - Бугарската централнодесничарска опозициона партија ГЕРБ соопшти дека од вчера ги започнала разговорите за создавање коалиција откако победи на изборите, што ги зголемија изгледите за реформи во земјата-членка на ЕУ за борба против корупцијата и рецесијата. ГЕРБ победи со ветување дека ќе го искорени длабоко вкоренетиот криминал, што беше причина минатата година ЕУ да ја прекине помошта, искористувајќи го бесот кај гласачите од неуспесите на владата предводена од социјалистите да ја сопре корупцијата и да ја спречи економската болка.

Лидерот на партијата, Бојко Борисов (50), корпулентен градоначалник на Софија со прекар Бетмен по измислениот суперхерој поради еланот за акција, изјави дека ќе ја предводи новата влада и ги повтори ветувањата од кампањата за побрзо спроведување на реформите. „Оние што крадеа треба да бидат многу уплашени... Крадците ќе одат во затвор“, изјави Борисов, поранешен телохранител, пред новинарите.

Новата влада ќе мора брзо да почне со реформите во судството и економијата за да избегне нови ограничувања на помошта од ЕУ, кои и' се многу потребни за финансирање на бугарската економија, која чувствува недостиг од готовина, и да привлече инвеститори, повеќето од нив годинава заминаа. Ова најверојатно ќе вклучува почнување разговори за заем со Меѓународниот монетарен фонд и намалување на владините трошоци. Борисов побрза повторно да ги убеди инвеститорите дека „ажурирањето на буџетот е првата работа“ што ќе ја направи неговата влада, одговарајќи на загриженоста дека Бугарија би можела да го загрози својот монетарен режим со влегување во дефицит по неколкугодишен суфицит.

Речиси конечните резултати покажуваат дека ГЕРБ на Борисов (Граѓани за европски развој на Бугарија) освои 39,7 отсто од пропорционалните гласови во споредба со 17,7 отсто за социјалистите. Резултатите покажуваат дека ГЕРБ, исто така, освои дополнителни 26 места во 240-члениот законодавен дом во гласањето за вкупно 31 мандат што се доделуваат одделно. Од анкетата по напуштање на гласачкото место се гледа дека ГЕРБ би можел да освои вкупно 120 места, едно помалку од обезбедување мнозинство.

Набљудувачите изјавија дека ГЕРБ, најверојатно, ќе постигне договор со група десничарски партии - Сина коалиција, која е на прагот да освои околу 16 места. Некои посочуваат дека на Борисов му недостасува искуство за владеење и на неговата програма и' се потребни конкретни планови, меѓутоа, додаваат дека тој покажа политичка волја за промени. „Резултатите покажаа комплетен колапс на владејачките партии“, изјави Румијана Коларова од Софискиот универзитет.

По 12-годишен раст, Бугарија е во рецесија и се' поголемата стапка на невработеност им става крај на годините лакомо приватно трошење, што го стимулираше долгот.

Петтемина осомничени криминалци кои излегоа на парламентарните избори во Бугарија што се одржаа на 5 јули, за да избегнат судско гонење, не успеаја да обезбедат место во следниот состав на парламентот, покажуваат резултатите. Дупките во законот на новодојденецот во Европската унија им овозможуваат на осомничени лица кои се во очекување судски процес да се регистрираат како кандидати на изборите за да обезбедат ослободување од притвор. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 1143 пати.

Испрати коментар

Од: Супермен
Датум: 07.07.2009 15:49:06
Вие само смејте се и поддржувајте ја политиката на говор на омраза. Бате Бојко наскоро ќе ви даде соодветен одговор, па ќе видиме после кој ќе се смее, а кој ќе плаче.

Најди! во Утрински
Свет
План за Кипар до крајот на годината
Џо Бајден го храбри Израел против Иран
Медведев и Обама започнаа „ресетирање“
„Глобал зеро“ - утопија или реалност?
Московска реанимација на довербата
Во Туркменистан сакаат симбол како Ајфеловата кула
Ујгурите против Голијат
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
Санадер бил автократ и пречка за реформите, пишуваат медиумите