Брoj 2791  петок, 19 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Изборните предмети заглавија во судовите

Најголемиот број од нив се во фаза на истрага, а за дел од нив се формирани кривични предмети и чекаат судење

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО, ГОСТИВАР - Изборните предмети, во кои се регистрирани најголемите изборни неправилности за време на предвремените парламентарни избори, добија приоритет во решaвањето во четирите суда на чија територија се случија инцидентите, но нивното решавање никако да се помрдне. Најголемиот број од нив се во фаза на истрага, а за дел од нив се формирани кривични предмети и чекаат судење.

Претседателите на тетовскиот, гостиварскиот, скопскиот и кумановскиот суд веднаш по завршувањето на вториот круг гласање беа повикани на разговор во Министерството за правда, со намера да дадат отчет за бројот на поведени постапки. Министерот за правда, Михајло Маневски, побарал од нив да им се даде приоритет на овие предмети, затоа што една од главните препораки во сите извештаи на меѓународните организации беше казнувањето на сторителите на изборните инциденти.

По завршувањето на колективниот судски одмор, како и принудната пауза поради реновирањето на судската зграда, во тетовскиот Основен суд и во Обвинителството овие денови интензивно се работи на расчистување на случаите со изборните нерегуларности.

Против 42 лица се води истражна постапка, а за двајца е поднесено и обвинение. По барање на ДУИ, поведена е и претходна постапка за евентуално постоење кривично дело поврзано со изборите за уште 146 лица, за кои истражните и правосудните органи немаат доволно податоци, особено за местото на живеење.

За првата група осомничени, која брои 42 лица, истражната постапка е при крај. За оние што не се одзвале на поканата е одредена и мерка притвор.

Таков е случајот со Сенад Халили (28) од Челопек, кој беше приведен од МВР по барање на Кривичниот совет на Основниот суд во Тетово, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Претходно, истражен судија не го прифатил барањето на Обвинителството од Тетово за одредување мерка притвор, но потоа во жалбена постапка Кривичниот совет се согласил со барањето на Обвинителството. Завчера Халили даваше исказ дека заедно со Камбер Садики (44) од Ургурница и со Ќани Шаипи (34) од Челопек сторил кривични дела спречување избори и гласање и недозволено поседување оружје и муниција.

Последниве неколку дена пред Истражното одделение на Основниот суд во Тетово е забележливо присуството на се' пого��ем број осомничени за кривични дела поврзани со злоупотреба на избирачко право, уништување изборни исправи и непријавување кривично дело или сторител во врска со парламентарните избори.

Во оваа несомнено тешка и одговорна кривична процедура, која треба да заврши со судски претреси пред полициските и истражно-судските органи, се наоѓаат осомничени и лица кои за време на изборите биле задолжени да водат ред и да се грижат за регуларноста.

Сега имињата на овие лица се среќаваат во содржината на кривичните пријави или веќе поведената кривична постапка, а биле со статус на јавни службеници, вработени во царинска управа или во други установи од јавен карактер.

Има дури и од редовниот полициски состав, но и такви кои од Државната изборна комисија биле поставени за претседатели, заменици или членови на избирачки одбори.

Во тетовскиот крај најкарактеристични се случаите со инцидентите и разни неправилности за време на гласањето во Гургурница, Вејце, Порој, Челопек, Непроштено, Камењане, Долно Палчиште, Боговиње, Горно Седларце, како и на неколку избирачки места во училишта во Тетово.

Во Основното јавно обвинителство - Тетово вчера посебно беше акцентирана тежината на постапката што веќе е започната за 146 лица за кои кривична пријава поднела ДУИ. И во Основниот суд во Гостивар потврдуваат дека изборните предмети имаат приоритет во решавањето. „Најголемиот број од случаите се во фаза на истрага, но имаме и формиран кривичен предмет, кој наскоро треба да се најде на судење“, вели претседателот на овој суд, Кристе Николовски.


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Економијата во вториот квартал порасна за 6,5 отсто
Судир на медиумската десница
Непотребен конфликт
Зденко
Претходен број
Македонија ги доби забелешките од ЕУ пред финалниот извештај
Полицијата приведе 21 професор на Универзитетот во Загреб
Кошаркарите се избламираа во Португалија
Мижитатара осигурување
НАТО нема да ја проблематизира поканата за Македонија
Ем шуто ем боде
Рен бара во ЕУ поддршка за проширувањето
Стареење
Од досието на Владо Танески недостига важен документ
Verbatim