Брoj 2791  петок, 19 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Од досието на Владо Танески недостига важен документ

Вештаците велат дека документот со кој на Танески му бил одреден притвор е повлечен, бидејќи е судски неиздржан

ГОСТИВАР – Истрагата за кичевскиот новинар Владо Танески, кој беше осомничен за убиство на една кичевка, се затвора, но во неговото досие недостига документот врз чија основа судот му ја изрекол мерката притвор во траење од 30 дена. Како што дознаваме од гостиварскиот суд, во досието на Танески има писмо од Институтот за судска медицина, испратено на 23 јуни, во кое бараат повлекување на известувањето што го доставиле само еден ден по приведувањето на новинарот. Но, таквото известување кое послужило како основа за поднесување на кривичната пријава и за одредување на мерката притвор на Танески, поради сомневање дека ја убил Живана Темелковска, го нема во неговото досие!

Во гостиварскиот и во кичевскиот суд велат дека не знаат каде е овој важен документ, но од Институтот за судска медицина ја разрешуваат дилемата – документот бил повлечен од нивна страна, бидејќи бил издаден привремено.

„Стануваше збор за привремен документ кој итно беше побаран од нас за да ја ’покрие’ постапката против осомничениот. Тој документ се базираше на претходно обезбедени докази, кои укажуваа на совпаѓање на биолошкиот материјал на Танески со оној на убиената жена. Но, ова писмено известување не може да биде употребено во судска постапка, бидејќи не содржи ниту наод, ниту мислење, ниту резултати од вештачењето“, вели директорот на Институтот, Алексеј Дума.

Такво образложение било наведено и во писмото кое Институтот го испратил до судот на 23 јуни годинава. „Заради итноста на правната постапка и инсистирање на обвинителот и оперативците од МВР, издадена е само кратка информација без ниту еден елемент за вештачење. Заради тоа, Институтот за судска медицина не може да стои зад овој документ, бидејќи не ги задоволува критериумите и правилата за судска експертиза, заради што го повлекуваме“, се наведува во дописот доставено до судијата Драган Билевски од Основниот суд Кичево.

Правните експерти што ги консултиравме се зачудени како може Институтот за судска медицина да даде известување врз чија основа на Танески му е изречен притвор, а само два дена потоа документот да биде повлечен како „неупотреблив во никаква судска постапка“?

Но, Дума објаснува дека „судот најверојатно сметал дека ќе може да помине само со првична анализа, без да има п��треба да ги плати комплетните анализи од вештачењето“. „Судот бил должен да ги побара дополнителните анализи и комплетните резултати од вештачењата за случајот „Танески“, а за кои требаше да платат за да им бидат доставени“, вели Дума. Тој тврди дека сите анализи што биле побарани од Институтот во врска со расветлување на случајот „Танески“ се завршени, но дека од тетовскиот и од гостиварскиот суд никој не дошол да ги земе резултатите.

„Направивме анализи и споредби на биолошкиот материјал на Танески со жртвите пронајдени на Стража и кај стадионот. Но, иако ни беше најавено, досега не е побарано да направиме проверка на совпаѓање на ДНК на осомничениот Танески и убиената Митра Силјановска, која беше пронајдена кај недоизградената сала во Кичево“, вели Дума.

Според него, најголем проблем е ненамирувањето на финансиските долгови кои судовите ги имаат спрема Институтот. Само за случајот „Танески“, досега се направени вештачења кои чинат 30 илјади евра, додека за сите испитувања направени во изминативе десет месеци, Институтот не може да наплати долг од 500 илјади евра.

Истражниот судија во Гостивар, Елјеса Алиу, најавува дека по добивањето на обдукциониот протокол за смртта на Таневски, како и извештајот од Институтот за извршените ДНК-анализи, ќе биде запрена постапката и предметот ќе биде затворен. Истрагата против Танески, кој беше осомничен за убиството на Живана Темелковска се затвора поради смртта на новинарот, кој беше пронајден удавен во кофа со вода во тетовскиот затвор. (К.К.-Д.Т.)


Статијата е прочитана 1987 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 19.09.2008 00:44:20
Ribata prvo vo glavata zamirisuva...
Од: Кичево
Датум: 19.09.2008 01:17:06
Господе ова не е граѓански предмет па да е запрете постапката...а вие од институтот нели треба државата за вакви случаи да плаќа не судот.Кога можете да трошите за се и сешто беслоци терaте по цел свет.платете за ДНК анализите,бар да сме сигурно дека тој беше убиецот.Па вие во општо не сте сериозни засрамота....Што ако тој не беше убиецот,ние си се олабавивме во Кичево,а вие некете ДНК анализи да направите,можете да правите музеји Мадам Тисо,ваму сериски убици....Вие сте за секоја осуда.Изгледа ве боли увото за убиените....срамно и жално...да изигруваме индијанци и каубојци,дајте ни оружје сами да се браниме...
Од: Tia
Датум: 19.09.2008 02:37:31
sramota e ova sto se slucuva vo nasite sudovi, mislis covekot go obvinija za krazba na mastiki pa so niden dokument go proglasija za seriski ubiec. tesko na nas koi zavruvame praven fakultet. ni davaat dve opcii ili da staneme kriminalci ili nikogas da ne prosperirame. bravo be premiere ti samo trosi pari na tvoite reklami, stanavme kako top shop drzava a nema pari za dnk analizi.
Од: Skopje
Датум: 19.09.2008 03:47:54
Novinarot Vlado Taneski ne e ubiecot. Javna tajna e deka toj bese namesten i zatoa e odma likvidiran. Toj imase kompromitiracki dokazi za poznati funkcioneri od vlasta za krazbi proneveri tajni dogovori i protiv drzavni dejstvija zaradi koj i dolgo vreme imase zakani so smrt. I ne samo sto ne se udavil vo kofata tuku e ubien pa potoa namesten. Se zboruva deka edna poznata televiziska kuka (neznam koja) ima dokazi od negovoto modrosano telo od tepanje no se plasi javno da progovori i da gi objavi tie snimki.
Од: Aco
Датум: 19.09.2008 09:05:28
Sramota 100 % namesteno vo toj slucaj vie gi branite ubijcite vo Zatvorot nema logika Covek da izvrsi samobijstvo so kofe voda ??? koj moze da mi dokaze dobiva nagrada od 50.000 Sfr ...
Од: B od Germanija
Датум: 19.09.2008 10:25:30
Da ne bese tragicno, ke bese smesno. Novinarot go ubija vo zatvor. Storitelite nemozat nikoj drugi da bidat ami rakovoditelot na zatvorot i okolu nego. Prasnjeto e: Koj e naracatelot? Kako sto izgleda, tuka i nasata patriotska vlast ima interesi da ne se otkrie vistinata. Parlamentot se zainteresira za slucajot i najverojatno si gi izgorea prstite pa sega si gi duvaat i nemozat da zborat. Kotevski od MVR natreska gluposti i ostana ziv.. nisto ne mu se sluci; Bocevski-togasen portparol na vladata, inaku psihijatar-amater, rece deka facata na Taneski e faca na ubiec.. i covekot stana Minister... A kako jas da stanam minister... ili ..koga ke dojdam vo MK ke me zatvorat i... kofata!...Na G-dinot Zaev mu se zakanuvale so kofa, na novinarkata sto pisuvase protiv kotevski i se zakanuvale poveke da ne pisuva takvo nesto... Za Semejstvoto na Taneski,nikoj ne vodi griza. Gi isplukaa, navreduvaa, go oskrnavija najsvetoto-go vlecea po novini mrtvoto telo i se profiliraa so istoto...Eej narode
Од: zajak
Датум: 19.09.2008 11:57:39
ova e cista namestajka.
Од: Zoko
Датум: 19.09.2008 14:33:23
Samo slepci i antimakedonci mozat da glasaat za vakva vlast. Zatoa pak da si glasate za Vodacot i negovite maalski serifi i prostaci, ama da ne kukate koga i vas ke ve najde sudbinata na Tanevski. I Hitler 1933 godina na vlast go donesoa 14.000.000 zabludeni so ekstremen nacionalromantizam Germanci, za istite tie da gi ostavat koskite po frontovite na Evropa, Afrika i Rusija. Samo neznam kade ke gi ostavime nie nasite.
Од: doktor
Датум: 19.09.2008 14:43:19
Новинарот заврши демек во кофа со вода затоа што тоа е пример како се води држава од актуелната власт, на чело со економистот од прилепскиот факлтет. Жално и болно...уништија цело семејство, а убиецот можно е да е на слобода. Срамота за оваа топ шоп влада на Груевски: На ваков начин не се води држава. Жално е да се убиваат луѓе во затворите или да се притвораат со порачани неважечки документи.
Од: xxxxx citatel
Датум: 19.09.2008 14:52:14
Sluckava e tragikomicna , mnogu providna ,i sekakov komentar e izlisen. Kade e sudstvoto, drzavata, policijata i xxxxx drugi institucii koi treba da go rscistat slucajot a ne da gi iritiraat gra\anite i da im gi mackaat ocie. Predmeti od zrtvite najdeni vo sopstvenata kuca na ubiecot i nikoj da ne znae za toa, kade se sou~esnicite da izlezat na videlina i da im se sudi a ne da se zama~kuva skuajot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Економијата во вториот квартал порасна за 6,5 отсто
Судир на медиумската десница
Непотребен конфликт
Зденко
Претходен број
Македонија ги доби забелешките од ЕУ пред финалниот извештај
Полицијата приведе 21 професор на Универзитетот во Загреб
Кошаркарите се избламираа во Португалија
Мижитатара осигурување
Изборните предмети заглавија во судовите
НАТО нема да ја проблематизира поканата за Македонија
Ем шуто ем боде
Рен бара во ЕУ поддршка за проширувањето
Стареење
Verbatim