Брoj 2791  петок, 19 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Економијата во вториот квартал порасна за 6,5 отсто

Власта ја прогласи бројката за извонредна, нарекувајќи ја резултат на нејзините економски реформи

Нина Нинеска-Фиданоска

Македонската економија пораснала за цели 6,5 проценти во вториот квартал од годинава, е најновата вест што пристигна од Државниот завод за статистика. Власта експресно реагираше, прогласувајќи го овој показател за извонреден и придавајќи си ги себеси заслугите за спроведените економски реформи. Експертите, исто така, го поздравија растот на БДП, нарекувајќи го охрабрувачки за македонските граѓани. Но, тие споменуваат и неколку задршки, во смисла дека најчиста слика за растот на БДП би се добила кога стапката на инфлација би била ниска, што во овој период сигурно не е случај во нашата држава.

Според најновите податоци, во второто тримесечје од годинава БДП забележал раст од 6,5 проценти. Тоа е повеќе од растот од 5,4 отсто регистриран во првиот квартал од оваа година. Ревидираните бројки на заводот, пак, говорат дека македонската економија ја завршила 2007 година со економски пораст од 5 проценти.

Ако се гледа по дејности што го сочинуваат растот на БДП во вториот квартал од оваа година, факт е дека најголем раст забележало градежништвото, за дури 23,2 процента. Потоа следува групата на рударството, индустријата и снабдувањето со струја, гас и вода, каде што е регистриран пораст за 12,6 проценти. Угостителството имало раст од 6,3 проценти, слично колку и трговијата, за 6,2 отсто. Следува земјоделството со раст од 3 отсто, па јавната управа и одбрана со 5,2 процента, банките со 1,2 отсто и најслаб е растот на сообраќајот, од 0,8 отсто.

Веднаш по објавувањето на веста за БДП, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Зоран Ставрески, изјави дека овие податоци се извонредни. „Охрабрувачки е тоа што во сите сектори е остварен пораст. Некаде тој е двоцифрен, како што е во градежништвото и во индустријата“, изјави Ставрески. Според него, најзначајно е тоа што бруто-инвестициите оствариле стапка на пораст над 50 отсто во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, а над 100 проценти во однос на истиот квартал минатата година. „Македонската економија продолжува да закрепнува. Остварената стапка на пораст во вториот и во првиот квартал покажува дека растот во просек за првото полугодие од оваа година е околу шест отсто. Сметам дека тоа е потврда дека резултатите од реформите доаѓаат и оти со вакви високи стапки на раст Макед��нија може постепено да почне да ги совладува проблемите на невработеност и да се зголемува животниот стандард на населението, што секако е крајната цел на Владата“, истакна Ставрески.

Експертите го поздравуваат овој раст, иако објаснуваат дека ќе беше пооптимистички ако беше ниска стапката на инфлација. „Охрабрува информацијата што продолжува трендот на зголемување на стапката на економски раст во Македонија, особено што во изминативе години земјава не можеше да се пофали дека има кондиција да ги надмине најгорливите економски проблеми, а тоа се нискиот животен стандард и невработеноста. Оваа стапка влева оптимизам кај сите граѓани во Македонија дека земјава влегува во забрзан инвестиционен циклус“, вели Зоран Ивановски, професор на Европскиот универзитет. Но, овој експерт укажува дека не смее тука да се застане. „Македонија треба да постигнува вакви стапки на раст, по можност и повисоки, меѓу 7 и 8 отсто, и во следните неколку години. Ова од причина што економските циклуси траат од 4, 5 до 6 години и е неопходно во тој период да продолжат вакви стапки на раст за да може тој сериозно да влијае врз подобрување на животниот стандард и намалување на невработеноста“, објаснува Ивановски.

Тој смета дека е најдобро овој тренд на раст да биде проследен и со задржување на макроекономската стабилност, односно да се стабилизира стапката на инфлација. „Ова од причина да не излезе дека инфлацијата го подгрева растот на БДП. Најдобро се гледа колкав е растот на БДП кога состојбата е чиста, односно има ниска инфлација. Од друга страна, има експерти кои сметаат дека токму одредена стапка на инфлација овозможува повисок економски раст“, вели овој аналитичар. Според неговата претпоставка, овој резултат е веројатно причина што Владата сака да се „ослободи од стегите на ММФ“.

Чија е заслугата за овој раст? „Растот е заслуга на компаниите, но тие, пак, зависат од тоа каков бизнис-амбиент им создава Владата. Најдобро е кога има синергија меѓу двете страни“, вели Ивановски. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 557 пати.

Испрати коментар

Од: danny
Датум: 19.09.2008 04:37:20
sakam da mi go objasnite zborot ""kvartal"sto ne go razbiram molam da mi odgovorite na [email protected] blagodaram od napret
Од: ratko
Датум: 19.09.2008 09:39:40
toj sto laze za sebe e lazgo a toj sto laze za vladata e statisticar
Од: goran
Датум: 19.09.2008 15:32:43
se nadevam deka so vleguvanjeto na zemjava vo nato i dobivanjeto na datum za pregovori so eu brojkite ke ostanat vakvi, a mozebi i ushte podobri.
Од: П.Т.
Датум: 19.09.2008 16:12:04
Единствена заслуга за еконосмкиот раст може да имаат само компаниите, но доколку се зависни од политичкиот систем на државата тогаш едино нешто што треба да направи владата е поддршка на компаниите. Во овој случај растот е многу битен меѓутоа за да го искажеме како намалување на невработеност и зголемување на стандард, треба постојан раст од 4 и пол до 6 години. А во овие услови на зголемена стапка на инфлација растот во овој квартал е незабележителен дури и изгледа како да не постои.
Од: Saso
Датум: 19.09.2008 16:30:42
Do Danny, Kvartal e vremenski period od 3 meseci-cetvt godina, trimesecje. Saso
Од: Zoki
Датум: 19.09.2008 18:33:06
So 2.5 milijardi evra budzet i inflacija od 10% nogu golem ras auuuuuuu. Prasajte gi lugeto kolku i porasnal standardo!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Судир на медиумската десница
Непотребен конфликт
Зденко
Претходен број
Македонија ги доби забелешките од ЕУ пред финалниот извештај
Полицијата приведе 21 професор на Универзитетот во Загреб
Кошаркарите се избламираа во Португалија
Мижитатара осигурување
Изборните предмети заглавија во судовите
НАТО нема да ја проблематизира поканата за Македонија
Ем шуто ем боде
Рен бара во ЕУ поддршка за проширувањето
Стареење
Од досието на Владо Танески недостига важен документ
Verbatim