Војната што ја отвори македонската Влада со Брисел не може да и' донесе ништо добро на земјава. Нашата држава се наоѓа во деликатна фаза од својот развој која бара влечење потези со голема внимателност. Кабинетот на премиерот Никола Груевски во изминатата половина година откако почна кризата со Грција и со евроатлантското интегрирање, не може да се пофали со некоја суптилност на тој план.
Премиерот постојано се служи со провокации, не прифаќа критика од ЕУ за состојбите во државава и го доживува како непријател секој што ќе се осмели да го прозива. Така беше со медиумите, така е со опозицијата и со претседателот на државата, а сега на ред дојде амбасадорот Ерван Фуере и другите авторитети од Брисел.
Деновиве Владата е во постојани престрелки со европската политичка престолнина. Ја обвинува дека се обидела да ја поткупи со датум за преговори за да ја одоброволи да се согласи на промена на уставното име на земјава. Секој ден владини претставници отворено или меѓу редови и' забележуваат на ЕУ што застанала на страната на Грција наместо на страната на Македонија.
Можеби се во право. Можеби Европа и светот навистина вршат непринципиелен притисок врз Македонија да се откаже од своето уставно име. Можеби никој нема право да и' кажува на една суверена земја како треба да се вика. Да, сето тоа е точно. Но, Македонија ниту е Америка, ниту е Русија, ниту е Франција или Велика Британија, ниту пак македонскиот премиер се одѕива на името Буш, Путин, Саркози или кралицата Елизабета.
Македонија е мала земја со проблематични граници, со етничка поделеност, со 35- процентна невработеност и со катастрофално слаба економија. Светот ни даде речиси дваесет години да ја поставиме на нозе и да ја зајакнеме нашата земја, но ние не успеавме во тоа. Во 2001 година ни се случи воен конфликт. Името со Грција не го решивме. Се менуваа на кормилото Бранко, Љупчо, Владо, Хари, Никола, но навиките останаа исти. Партискиот интерес во Македонија беше и е поважен од државниот.
Сега, светот ги презеде работите во свои раце за да избегне дестабилизација на целиот регион. Тоа е и разбирливо, бидејќи никој не сака земја чијашто внатрешна нестабилност може да предизвика негативен ефект во нејзиното опкружување. Оттука и пријателството кон Македонија од САД, кои се трудат да го спроведат проширувањето на НАТО, за што пречка е спорот за името и затоа тие се трудат да биде решен. Тука лежи целата математика.
Но, македонските влади, а особено актуелната, не сакаат многу да се мешаат со светот. Таму владеат други стандарди кои, ако бидат применети, овде ќе значат поголема одговорност за политичарите. Тогаш нема да се добиваат избори со делење зејтин, шеќер, брашно и партиски маички и капи, туку критериумите ќе бидат построги.
Затоа Груевски го нервира секој искажан збор од Брисел, бидејќи така се разголува неговата политика која се заснова на (пот)купување гласови на ситно, додека крупните работи стојат во место. Едно големо промашување веќе се случи со недобивањето покана за НАТО, второто големо промашување веќе е на прагот, бидејќи нема да пристигне ниту долгоочекуваниот датум за почнување преговори со ЕУ.
За тие две историски промашувања, кои нагло го сменија курсот на државата, треба да биде пронајден виновник. Но, како да биде обвинет премиерот Никола Груевски и неговите министри кога тие ниту одат често во Брисел ниту, пак, можат да одговараат за постапките на Грција. Луѓето се фокусирани на домашни теми и не можат глава да дигнат од одење по градовите и селата, посета на новоотворените универзитети, чистење канали, метење болници.
Негде по пат од Старвинци кон Карбинци стасаа да ги известат македонските новинари за непристојниот предлог од Брисел. Им рекоа, се разбира, да се повикаат на анонимни избори. И еве, вчера прочитавме дека Брисел не може да им врати. Не се расправа со анонимни политичари.
Zatoa i se odnesuvaat kako slon vo prodavnica za kristal.Shto im e gajle za krshot shto kje go ostavat po izleguvanjeto nadvor.A tie nadvor im kazhaa deka se anonimni poilitichari.Dali kje se navredat i od taa ocenka kje se slushne naskoro.Dotogash mozhat da prodolzhat da se gordeat so sebe,bidejkji se popularni kako filmski zvezdi vo Staravina i Mamutchevo.Za narcisoidnost od nebesni dimenzii i toa e od golemo znachenje.Tragichno e samo shto za nivnite sitni dobivki na domashen plan site gubime na golemo na nadvoreshen.Ako na vremeto beshe aktuelna tezata deka "so sitni dushi drzhava ne se pravi" denes e jasno deka so sitni dushi uspeshno se demontira.Procesot e vo tek.Na srekja na site shto ne ni mislat dobro.Na nasha nesrekja.A so ovakva Vlada i Premier ne mozhe poinaku ni da bide.Sostavot e garancija za kraen uspeh na operacijata"Makedonija-ex drzhava na Balkanot".
Од: Bobo
Датум: 19.09.2008 04:18:28
Kolku i da ne sakaat vmrovcinjava da si go priznaat porazot so NATO i so EU fakt e deka tie se nemokni bilo sto da napravat za nasava drzava. Vmro nema kapacitet da ja vodi drzavata napred tuku samo da ja vraka nazad. Nivniot neuspeh na sekoj plan pokusavaat da go pretvorat vo uspeh so onie sitni-bedni reklami i spotovi po site televizii. Reklamite postojat za da se reklamira toa sto ne cini za podobro da se prodade za narodot da go kupuva. TOA E NASATA VLADA - TOA E GRUEVSKI.
Од: jimmy1
Датум: 19.09.2008 06:28:53
Sonja, spomnuvas nekakva matematika. Da ti kazam pravo slaba si po matematike. Zarem ne gledas deka EU i NATO upotrebuvaat kelnerska matematika: 1300 X 3 = 5900, vo smetkata go vnesuvaat i imeto.
Bi te prasal Sonja, cii interesi zastapuvas???
Од: shkupi
Датум: 19.09.2008 08:40:36
ahahah e bas si shema, mn dobra statija :) svaka cast ..
Од: vasko
Датум: 19.09.2008 08:45:15
Katastrofalen vokabular, koj ti dava za pravo da gazis po gordosta na makedonskiot narod. Ako si svesna deka Gruevski e vo pravo, vo cija sluzba rabotis i pisuvas ti?
Од: REALEN
Датум: 19.09.2008 09:57:01
Neznam kako se vika Grckata sluzba da im odgovorat na zagrizenite patrioti,znaci koj ne misli kako niv e i ne e po poteklo od hunzite koi se muslimani docekani od nasite vrvni vladici,raboti za druga drzava.nema demokratija razlicni mislenja i sl.Imame situacija od 90< vo Mkd. eden nas bozemen glumec vo Amerika so makedonsko azisko poteklo izgleda,mlado dete, vo "dnevnik" iznese interesna teotija za toa kako go Pakistan go dobil imeto.Demek koga Aleksandar vojuval tamu vo nekoja bitka nekoj vojnik bil tolku zilav sto po sekoj udar pak stana i taka go dobil imeto denesen Pakistan,.toa e nasata realnost i segasnost samo neznam kako Kazahstan go dobil imeto i iks drugi zemji.Ovaa mi lezese na srce izvinete za odzemeno vreme
Од: novinar
Датум: 19.09.2008 09:57:20
Sonje za da go svati ova nekoj sega se veli da ima kapacitet a,porano da ia mozok.Najdora pocva za opstanok na vrhovizmot e unazadena,izolirana i unakazana Makedonija vo drugi uslovi so EU,NATO tie ne mozat da egzistiraat.Zatoa eden tvoj kolega rece na narod so stepen na obrazovanie od 53% so osmo ili do osmo odelenie najdoro e "anticka hrana em brzo se kuva uste pobrzo se jade a,sit ostanuvas dolgo vreme"Ovie nikogas ne bile za drzavata i ne znaat deka kaj da se svrtat kazot im nazad.
Од: pameten
Датум: 19.09.2008 12:10:07
Realen: "Aleksandar vojuval tamu vo nekoja bitka nekoj vojnik bil tolku zilav sto po sekoj udar pak stana i taka go dobil imeto denesen Pakistan"
Napoleon isto bil Madedonec. vodel bitkii na poleto. Koga nekoj go baral, generalite mu kazhuvale: Na pole on!
Од: Elena
Датум: 19.09.2008 12:43:19
'Можеби никој нема право да и' кажува на една суверена земја како треба да се вика'. Ne mi e jasno sto bara zborot mozebi vo navedenata recenica. Isto taka, ne mi e jasno, dali poentata na tekstot bese, site sto doagjaat do Brisel se superpametni, ama nie sme glupite i zatoa treba sto pobrgu da si go smenime imeto, zasto sme mali i ne ne biva. Bidete pohrabri, pa dajte predlog za imeto, i ne samo toa, tuku i smenete go. Sigurna sum deka Evropa ke gi rasiri racete vednas i ke ve primi. Ke ve nagradi, isto kako sto bevme nagradeni posle NATO bombardiranjeto, posle resenijata na Badinterovata komisija itn. Pred 40 godini lugjeto ne smeeja da zucnat protiv Tito, sega ne smeat da kazat Evropa ne e bas principielna, zasto toa ne e demokratski. A ako recat ne treba da menuvame ime, e togas se zaostanati i prosti. A da, i pod default mora da se od VMRO. Zosto neli, ne e mozno nekoj ednostavno samo da si ja saka zemjata.
Од: skandinavija
Датум: 19.09.2008 12:46:15
Novinarkata ocigkedno ne ziveela vo stranstvo pa pisuva kako da sme stado ovci koi moze da menuvat gazda i ime po kupoprodazen dogovor.Koi sme bile ne sme rus,sad ili Putin ili Elizabeta?Pa na zapadot tokmu poradi demokratija na Grcite im e ovozmozeno ova deka sekoja clenka na EU ima pravo na veto za bilo sto i nikakov pritisok nesmee da im se vrsi ti Sonje si komunisticki proizvod pa mislis moze da se vrsi pritisok duri ti i slicni mislea deka na Grcija ce izvrsele SAD pritisok za Nato?I Mak da e vo EU ce gi ima istite prava TOKMU Zatoa grcite se plasat ce mora da dadat prava nacionalni na egejcite sto ce dovede do Kosovizacija.Nikoj ne vrsi silen pritisok vrz Mak tuku samo da se zadovoli Gr bidejci e clenka na Eu i Nato a nie imame pravo da kazame ne a videte kolku polska i drugite se zbogatile vo EU ziva beda.