Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Никола Саркози поентираше со медијаторството околу Јужна Осетија

Повторно расте рејтингот на францускиот претседател Никола Саркози

ПАРИЗ - Франција може да ја смета својата интервенција во грузиската криза како голем дипломатски успех. Како сегашен претседавач со Европската унија, Французите секогаш предничеа во напорите на ЕУ да посредува меѓу Русија и Грузија. Претседателот Никола Саркози покажа талент за сериозна дипломатска интервенција.

Неговиот последен успех дојде по многу експлоатираниот дипломатски триумф со ослободувањето на бугарските медицински сестри што беа држани во Либија, плус неговата улога во ослободувањето на колумбиската политичарка со француско потекло, Ингрид Бетанкур, која повеќе од шест години беше заложничка на бунтовниците од ФАРК. Поголем дел од работата на теренот овој пат беше завршена од францускиот министер за надворешни работи, Бернар Кушнер, како и неговиот фински колега, Александар Стуб, сегашниот претседател на ОБСЕ. Тие постојано беа на релацијата Тбилиси-Москва, разработувајќи ги шесте услови што и двете страни би можеле да ги потпишат со цел да се стави крај на борбите.

ЕУ комесарот за надворешна политика, Хавиер Солана, и други високи личности во ЕУ, се придодадоа кон дипломатскиот притисок. Во тоа, исто така, беше вклучен и шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд, кој работеше во името на Советот на Европа, меѓународна парламентарна група формирана за мониторинг на човековите права. Меѓутоа, му беше оставено на претседателот Саркози да го запечати договорот со посетите на двете метрополи. Секако дека тука имаше и елемент на ризик. Ако разговорите не успеаја да ги окончаат борбите или едната страна ги игнорираше своите обврски, францускиот претседател ќе изгледаше глупаво. Но, како што излегоа работите, Саркози сега е фален поради неговите дипломатски способности. Сега задачата е деликатниот прекин на огнот да се претвори во цврст и траен мир. Бернар Кушнер по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во Брисел пред новинарите изјави дека ќе треба многу тешка политичка и дипломатска работа за да се постигне тоа.

Балтичките земји Летонија, Литванија и Естонија, заедно со Полска, се силни поддржувачи на намерата на Грузија да му се приклучи на европското семејство. Тие сакаат Русија да се соочи со последиците од нејзините акции во Грузија и притискаат за замрзну��ање на односите. Тие ја имаат поддршката од британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд, кој посочува дека ЕУ мора да застане зад своите нови членки, и да и' испрати порака на Русија. Меѓутоа, другите, како Германија и Италија, се многу повнимателни, наведувајќи дека каналите за комуникација со Русија мора да останат отворени, што е од особено значење со оглед на зависноста на Европа од руските нафта и гас.

Каде се тука аспирациите на Грузија за влез во НАТО и ЕУ?

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во вторникот изјави дека понудата за членство, иако се' уште неутврдено точно кога, се' уште е отворена. Меѓутоа, во ЕУ голем број земји веќе се внимателни околу понатамошно проширување на НАТО. Земјата која само што влезе во кратка војна со Русија ќе се најде себеси како паѓа надолу на листата потенцијални кандидати. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 246 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Јеремиќ- Со резолуцијата добиваме запирање на признавањето на Косово
Белите Американци ќе станат малцинство во САД
Русија прифаќа решение што гарантира мир во Јужна Осетија
Словенечката амбасадорка во Босна претепана од сопругот
Рајс- Ова не е 1968 година!
Олмерт не дава враќање палестински бегалци во Израел
Убиен шефот на демократите во Арканзас
Грузија ја напушти Заедницата на независни држави (НЗД)
Речиси 80 отсто Грци се „за“ вето за влегување на Турција во ЕУ
Хрватски бискуп со усташки поздрав

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.