Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Грузија ја напушти Заедницата на независни држави (НЗД)

Грузискиот парламент вчера изгласа Грузија да излезе од Заедницата на независни држави (ЗНД). Одлуката е донесена едногласно.

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во вторникот најави дека Грузија ќе ја напушти ЗНД, при што ги повика и другите земји-членки да го следат примерот на Тбилиси.

Заедницата на независни држави е формирана по распадот на поранешниот СССР, во која членуваат поранешните советски републики, без балтичките држави. Во ЗНД доминантна е Русија.

Руските трупи ги „уништуваат“ грузиските градови Гори и Поти, изјави грузискиот министер за внатрешни работи за АФП.

„Руските трупи го уништуваат градот Гори. Се слушаат голем број експлозии. Тие го гранатираат градот“, изјави портпаролот на МВР на Грузија, Шота Утијашвили.

„Тие уништуваат се' во пристанишниот град Поти. Уништуваат и новоизградени патишта во западниот дел од Грузија“, додаде тој.

„Територијалниот интегритет на Грузија е ограничен поради судирите со самопрогласените републики Јужна Осетија и Абхазија“, изјави вчера шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. „До таква ситуација дојде кога, и во еден и во друг случај, меѓународната заедница сфати дека постои судир и има потреба тој да се реши“, изјави Лавров за Радио Ехото на Москва.

Лавров повтори дека Грузија денеска претставува „проект“ на САД, што, како што рече, „објаснува зошто САД толку се трудат да влијаат на јавното мислење“.

Начинот на кој американските медиуми ја покриваат ситуацијата во Грузија, Лавров го опиша како слика на екранот што ја следи едноставна реченица: „Русите ја нападнаа Грузија“.

Европската унија вчера почна да испраќа хуманитарна помош за Грузија од сопствениот Центар за цивилна заштита, кој беше активиран на 12 август по апелот на Грузија за меѓународна помош, јавија странските агенции.

Според портпаролот на Европската комисија, 11 земји-членки на ЕУ - Австрија, Грција, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Финска, Франција, Чешка и Шведска, веќе испраќаат лекови, облека, шатори и прехранбени продукти. Центарот на ЕУ за мониторинг и контрола ја разгледува можноста да испрати екипа што ќе ја координира хуманитарната помош.


Статијата е прочитана 312 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 15.08.2008 08:43:04
Леле, леле што направиле... ќе го насекираат Медведев...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Јеремиќ- Со резолуцијата добиваме запирање на признавањето на Косово
Белите Американци ќе станат малцинство во САД
Русија прифаќа решение што гарантира мир во Јужна Осетија
Словенечката амбасадорка во Босна претепана од сопругот
Рајс- Ова не е 1968 година!
Никола Саркози поентираше со медијаторството околу Јужна Осетија
Олмерт не дава враќање палестински бегалци во Израел
Убиен шефот на демократите во Арканзас
Речиси 80 отсто Грци се „за“ вето за влегување на Турција во ЕУ
Хрватски бискуп со усташки поздрав

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.